Бродска Клисура — клисура на реката Треска што се протега помеѓу с. Преглово во Кичевската Котлина и градот Македонски Брод. Долга е 7,5 км и всечена е меѓу планините Песјак од север и Бушева Планина од југ. Тлото е составено од шкрилци создадени во палеозоикот.

Двете страни на клисурата се прилично стрмни, што ја прави многу погодна за изградба на вештачко езеро.

Поврзано Поречка област Поречка Котлина Македонски Брод

Наводи

Бродска Клисура Категорија:Порече Категорија:Општина Македонски Брод