Железничка станица Јегуновце — железничка станица во селото Јегуновце на надморска височина од 389 метри. Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на два спрата. Во зградата има мала чекална и билетарница. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Скопје-Кичево.

Местоположба

Станицата се наоѓа на железничката пруга Скопје-Кичево, во близина на селото Јегуновце и е една од позачуваните и одржуваните железнички станици на оваа пруга, поради што се користи и како крстосница за разминување на возовите. Станицата се наоѓа во северниот дел на Долни Полог на 42,4 километри оддалеченост од главната Железничка станица - Скопје и на 14,7 километри од Тетово.

Галерија на слики

Надворешни врски

Јегуновце Категорија:Јегуновце