мини|десно|300п|Топографско-административна карта на Француска Полинезија Француска Полинезија (француски: Polynésie française, тахитски: Pōrīnetia Farāni) е француска прекуморска територија во јужниот Тихи Океан. Ја сочинуваат неколку групи на полинезиски острови, од кои најпознат е Тахити од Друштвените Острови каде што се наоѓа и главниот град Папеете.
Географија
Француска полинезија се состои од 130 острови и атоли, кои припаѓаат на следните 5 архипелази:
70px 60px Друштвени Острови 13 острови 1.647 км2 163.000 жители 70px 60px Туамоту 76 атоли 850 км2 ~ 15.000 жители 70px Маркиски Острови 10 острови 1.274 км2 8.632 жители 70px Австралски Острови 7 острови 148 км2 6.669 жители 70px 60px Гамбје 26 острови 31 км2 986 жители
Демографија
Вкупното население на пописот во август 2007 изнесувал 259.596 жители. Од нив 68,6% живееле на островот Тахити. Урбаната област на главниот град Папеете, имал 131.695 жители.
Според истиот попис, 87,3% од жителите биле родени во Француска Полинезија, 9,3% биле родени во Франција, 1,4% во некои од прекуморските територии на Франција надвор од полинезија и 2,0% во странски држави. На пописот од 1988 кога за последен пат имало прашања во врска со етничкото потекло, 66,5% од жителите биле чисти Полинезијци, 7,1 % биле Полинезијци со делумно европско и азијатско потелко, 11,9% биле Европејци, 9,3% мешани Европејци и Полинезијци, т.н. Демис (во превод "пола"), и 4,7% биле источни азијати (претежно кинези).
thumb|200px|лево|Тахитски девојки Пописи
1907 1911 1921 1926 1931 1936 1941 1946 1951 30,600 31,900 31,600 35,900 40,400 44,000 51,200 58,200 63,300 1956 1962 1971 1977 1983 1988 1996 2002 2007 76,323 84,551 119,168 137,382 166,753 188,814 219,521 245,516 259,596 <small>Официјални бројки на пописите.2002 census1971, 1977, 1983, 1988, and 1996 censusesCensuses from 1907 to 1962 in Population, 1972, #4-5, pp. 705-706, published by INED
Јазик
Францускиот јазик е службен јазик во Француска Полинезија. Според законот од 12 април 1996 се вели "Францускиот јазик е службен јазик, а тахитскиот и другите полинезиски јазици исто така се користат." Според пописот од 2007, населението од 15 години и постаро, односно 68,5% изјавиле дека францускиот јазик го користат во домашна употреба, 29,9% изјавиле дека во домашна употреба користат еден од полинезиските јазици (80 % тахитски), 1,0% користеле кинески и 0,6% други. Според истиот попис, 94,7% од луѓето изјавиле дека можат да разберат, пишуваат и читаат француски јазик, додека само 2.0% немале никакво познавање од јазикот. 74,6% изјавиле дека можат исто така што зборуваат, пишуваат и читаат на еден од полинезиските јазици, додека 13,6% од попишаните немаат никакви познавања од истите.
Религија Христијанството е најзастапената религија на островите, од кои мнозинството (54%) припаѓа кон неколку варијанти на протестантството додека другиот дел (30%) се припадници на католицизмот.
Наводи
Галерија
Надворешни врски
Владини Влада на ФП Претседателство на ФП Административна поделба на ФП Информативни
Француска Полинезија на UCB Libraries GovPubs
Туризам Официјално туристички место
Туристички водич за ФП Водич Јужни Мориња Taiha
Категорија:Специјални територии на Европската Унија Категорија:Прекуморски заедници на Франција Категорија:Островски земји