алт=|мини|Средното училиште „СУ „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје Училиште — учебна установа каде што според однапред утврден план и програма луѓето, обично во своите детски и младешки години, се здобиваат со знаење. Покрај пренесувањето знаење на младата генерација, училиштето има и воспитна и социјална функција. Во минатото училиштата биле делени на машки, женски и мешани. Денес има професионални училишта коишто даваат знаење кон одредена професија, како и уметнички и профилирани училишта.

Како што самото име „училиште“ укажува, главната активност на учениците во училишните установи е учење, т.е. меморирање на однапред изготвени податоци, без осврт на точноста, применливоста или ажурноста на податоците, или пак за методите по кои сервираните податоци се изведени.

Според начинот на финансирање, училиштата можат да бидат државни или приватни.

Средни училишта Средни училишта се оние училишта во кои учениците се образоваат на повисок степен. Во некои земји средните училишта се незадолжителни.

Училиштето како тема во уметноста и во популарната култура

Училиштето како тема во книжевноста „Штедливиот ученик“ — суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 52. „Учителот и песот“ — суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 53. „Омер и винопиецот“ — суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 70. „Моето училиште“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска.Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 7. „Песна без наслов“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 11. „Сите ученички заедно“ — песна на францускиот писател Андре Бретон.Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 64. „А, Втор. И Трет!“ — краток расказ на македонскиот писател Климент Булоски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 232. „Меѓу учениците“ (англиски: Among School Children) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 129-131. „Да подигнуваме училишта“ (српски: Дижимо школе) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 153-154. „Училиште за патки“ (српски: Пачја школа) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 59-60. „Деесетти јуни, или крај на учебната година“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 29. „Училишната тетратка“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 286-287. „Немирниот ученик“ — песна на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 65. „Песна за школото“ — песна на Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 66-67. „По сите изгледи, еден од нашите идни поети“ — расказ на американскиот писател Вилијам Саројан.Вилијам Саројан, Се викам Арам. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 41-45. „Една нежна старомодна приказна полна со љубов, лирика и сешто“ — расказ на Вилијам Саројан.Вилијам Саројан, Се викам Арам. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 56-66. „Ученик“ - песна на руската поетеса Марина Цветаева од 1921 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 129.

Училиштето како тема во музиката „Учители“ (англиски: Teachers) — песна на француската група Дафт Панк (Daft Punk) од 1997 година.YouTube, Daft Punk - Teachers (Official Audio) (пристапено на 4.2.2017) „Мајло оди во колеџ“ (англиски: Milo Goes To College) — музички албум на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.Descendents – Milo Goes To College (пристапено на 3.7.2022) „Час по хемија“ (англиски: Chemistry class) - песна на англискиот рок музичар Елвис Костело од 1979 година.DISCOGS, Elvis Costello & The Attractions ‎– Armed Forces (пристапено на 29.4.2020) „Училиштето заврши“ (англиски: School's out) — песна од истоимениот албум на американски рок-музичар Алис Купер од 1972 година.Youtube, Alice Cooper - School's Out (from Alice Cooper: Trashes The World ... (пристапено на 2.9.2016) „Средно училиште“ (англиски: High School) — песна на американската рок-група MC5 од 1970 година.MC5 – Back In The USA (пристапено на 6.4.2023) „Враќање во училишните денови“ (англиски: Back To Schooldays) — песна на британскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.DISCOGS Graham Parker And The Rumour ‎– Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017) „Ритуалот на директорот на училиштето“ (англиски: The Headmaster Ritual) — песна на британската рок-група Смитс (The Smiths) од 1985 година.[https://www.discogs.com/master/4186-The-Smiths-Meat-Is-Murder The Smiths – Meat Is Murder (пристапено на 6.10.20243 „Моето старо училиште“ (англиски: My Old School) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1973 година.Steely Dan – Countdown To Ecstasy (пристапено на 23.11.2023) „Училишна госпоѓа“ (англиски: School Mam) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1977 година.DISCOGS, The Stranglers ‎– No More Heroes (пристапено на 4.5.2021) „Бирмингенското школо за бизнис школо“ (англиски: The Birmingham School Of Business School) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1992 година.DISCOGS, The Fall ‎– Code: Selfish (пристапено на 22.10.2020) „Уметничко училиште“ (англиски: Art School) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.The Jam – In The City (пристапено на 3.1.2023) „Итонските пушки“ (англиски: The Eton Rifles) — песна на The Jam од 1979 година.DISCOGS, The Jam ‎– Setting Sons (пристапено на 3.6.2020)

Галерија

Наводи

Категорија:Образовни установи