Чудомир Петров Кантарџиев е македонскиVlahov, D. I. (1950). Makedonija: momenti od istorijata na makedonskiot narod. Državno knigo-izd. na NR Makedonija.Istoriska vistina: progresivnata opštestvena javnost vo Bugarija i Pirinska Makedonija za makedonskoto nacionalno prašanje : dokumenti, studii, rezolucii, apeli i publicistički prilozi 1896-1956. (1981). Kultura. револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Чудомир Петров Кантарџиев е роден во град Сливен на 23 септември 1883 г. Завршува гимназија во Сливен и извесно време е учител во бургаските села.
Во текот на 1902 г. се запишува на Софискиот универзитет. Во Софија се вклучува во дејноста на Внатрешната организација и во текот на 1904 г. го прекинува учењето и станува четник при Јане Сандански.
Во 1906 г. веќе е окружен ревизор на четите во Серски револуционерен округ и нелегален член на Серскиот окружен револуционерен комитет.
Станува еден од блиските соборци на Сандански и неговата група, којашто се залага за децентрализација на Организацијата. Тој го поддржува Сандански при убиството на задграничните претставници на ВМОРО Иван Гарванов и Борис Сарафов.
Чудомир Кантарџиев, заедно со Сандански и Тодор Паница, активно учествуваат во Младотурската револуција од 1908 г. и во новоформираната Народна федеративна партија.
Во 1909 г. Кантарџиев е учител во Педагошкото училиште во Сер. Подоцна истата година, со стипендија дадена од младотурската влада учи инженерство во Лозана, Швајцарија.
При избувнувањето на Балканската војна се враќа во Бугарија и на чело на чета учествува во ослободувањето на Пиринска Македонија.
После 1918 г. оди да живее во село Л'џене (денес квартал на Велинград) и заедно со Ѓорче Петров и други бивши санданисти се спротивставуваат на дејноста на Тодор Александров и возобновената од него ВМРО.
По убиството на Тодор Александров, поради сомнение дека учествувал во заговорот против него со решение на ЦК на ВМРО му е издадена смртна пресуда. Убиен е во Пловдив, каде што се сокривал, на 17 септември 1924 г.Биографични данни от сайта на ВМРО„Алманах на българските национални движения след 1878 г.“, Академично издателство „Марин Дринов“, София, 2005.Енциклопедия България, том 3, София, Издателство на БАН, 1982.
Наводи
Кантарџиев, Чудомир Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Убиени по наредба на Ванчо Михајлов Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација