thumb|300px|Ангел со огнен меч ги истерува Адам и Ева од Рајот. Насликал Ежен Делакроа. Огнени меч (или пламен меч) — меч кој гори со пламен од некоја натприродна сила. Огнените мечеви постоеле во митологијата и легендите со илјадници години.

Според Библијата, Господ поставил херувим со огнен меч на вратата на Рајот откако ги истерал Адам и Ева („Битие“ 3:24).

Во православието се верува дека огнениот меч бил отстранет од Рајот со раѓањето на Исус, што значи дека сега на човештвото му се дало можност повторно да влезе во Рајот.

Во нордиската митологија се јавува огнен меч со огромна уништувачка моќ. Се верувало дека со него ракувал Суртр, предводникот на џиновите од Муспелхајм.

Наводи

Категорија:Мечеви Категорија:Христијанска митологија Категорија:Еврејска митологија