20. шаховска олимпијада — шаховска олимпијада одржана во Скопје и организирана од ФИДЕ, која содржела натпреварувања во машкаИако е наведено само машка дивизија, оваа секција се наведува и за натпреварите во машка и женска конкуренција. и женска конкуренција, како и неколку настани кои биле одржани со цел да се промовира играта се одржала од 18 септември до 13 октомври 1972 во Скопје. Сите натпревари и главни настани, кои биле предвидени во програмата на Олимпијадата се одржале на Скопскиот саем.

На Олимпијадата зеле учество рекордни 373 натпреварувачи, меѓу кои 35 велемајстори и 68 интернационални мајстори, од вкупно 63 земји. Натпреварот бил организиран во Бергеров систем, а на настанот биле одиграни вкупно 2728 партии, со темпо на игра од 2,5 часа за првите 40 потези, со додаток од еден час за следните 16. Претседател на организациониот комитет бил Драгољуб Ставрев, а директор на турнирот бил Јордан Ивановски. Контролен судија бил Макс Еве, а главен судија Александар Котов во машка конкуренција и Вера Тихомирова во женска конкуренција.

Репрезентациите на Советскиот Сојуз биле најуспешни во обете конкуренции, со што го освоиле единаесеттото последователно злато во машка и петтото во женска конкуренција. Медали освоиле уште репрезентациите на Унгарија (сребро) и СФР Југославија (бронза) во машка и Романија (сребро) и Унгарија (бронза) во женска конкуренција.

Олимпијадата била прва на којашто натпреварите во машка и женска конкуренција се одржале истовремено и на едно место. Ваквата организација на настанот се повторила во 1976 година и оттогаш станала традиција и постојано се применува.

Воведни настани мини|десно|150п|Приказ на слоганот „Скопје 1972“ претставен со комбинации на шаховски дијаграми од страна на велемајсторот Пал Бенко, кој покажал многу нови шаховски проблеми за време на Олимпијадата Градот-домаќин на Олимпијадата, Скопје, бил силно потресен од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963, по што голем дел од градот бил под урнатини, што придонело за негово обновување во наредните години. Организацијата на овој голем настан била одлична, што оставило одличен впечаток пред светската јавност поради краткото време за обнова на градот, но и краткото време за организација на овој настан. За време на одржувањето на Олимпијадата за првпат биле преземени дополнителни безбедносни мерки поради стравувањето од нов терористички напад, по оној само неколку седмици пред почетокот на Олимпијадата, случен за време на одржувањето на Летните олимписки игри во Минхен, кога 11 израелски спортисти биле киднапирани, од кои 9 убиени од страна на палестински напаѓачи. На олимпијадата бил ограничен бројот на земји-учеснички на 60, но уште три репрезентации допатувале во Скопје. На олимпијадата за првпат учествувале: Велс, Малезија и Ирак. Родезија и Јужноафриканската Република, кои исто така требало да учествуваат на настанот не добиле југословенски визи. По овој проблем, на следниот конгрес на ФИДЕ било одлучено, на ниту една шаховска олимпијада во иднина да не им се гарантира учество на земји кои нема да ветат дека ќе учествуваат, а при тоа имаат проблеми.

Фаворити за медали Несомнено најголем фаворит за освојување на златниот медал била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која го освоила златниот медал на претходните 10 шаховски олимпијади (1952-1970). Но, сепак на шаховската олимпијада, Советите дошле без Борис Спаски, кој истата година ја загубил титулата светски првак од Боби Фишер, кој пак не дошол во Скопје поради неговите неприфатливи барања да игра шах во посебна просторија. Репрезентацијата на САД била ослабена и со неиграњето на Решевски, Еванс и Ломбарди. За Данска не настапил Бент Ларсен, а Западна Германија била ослабена без Унцикер и Шмид. Велемајсторот Николас Росолимо на оваа шаховска олимпијада настапувал за Франција. Грумер, која настапила за Девствените Острови била единствената жена која настапила во натпреварите во машка конкуренција.

Учесници На шаховската олимпијада во Скопје, своето прво учество на шаховските олимпијади го забележале репрезентациите на Велс, Малезија и Ирак.

Список на земји-учеснички

20п Источна Германија

20п Фарски Острови

20п Гернзи 20п Хонгконг

20п Порторико

20п 20п Британски Девствени Острови 20п Велс 20п Западна Германија

Натпревари За разлика од претходните две шаховски олимпијади, на шаховската олимпијада во 1972 не било почитувано правилото две репрезентации да не се соочат по вторпат во текот на натпреварите. Новина на олимпијадата било тоа што за првпат остварувањата на учесниците биле оценувани според Ело рејтинг системот. Екипите биле поделени во 8 квалификациони групи, при што во завршниот дел се формирале 4 групи од по 16 екипи, при што групата Д имала 15 екипи.

Група 1 Во првата група, репрезентацијата на Советскиот Сојуз надмоќно го освоила првото место. Втората замена во репрезентацијата на СССР, Владимир Савон загубил на време од кубанскиот шахист Естевез, но тоа не ѝ помогнало многу на неговата репрезентација, бидејќи репрезентацијата на Куба загубила катастрофално во претпоследниот круг од репрзентацијата на Белгија. Во последниот круг на натпревари, Кубанците морале да ја победат Данска со 3-1 да би обезбедиле место понатаму, но одличната Данска, покрај отсуството на најдобриот шахист Ларсен која претходно ги победила Финска и Белгија, одиграла реми 2-2, по што Куба и Белгија продолжиле во утешната група Д. Финска, која завршила трета во групата продожила во групата Ц, а во завршната фаза продолжиле првопласираните репрезентации на Советскиот Сојуз и Данска.

Ова била конечната табела во групата: Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 + − = Бодови од таблаБодови 1 А14px 3½ 4 2½ 4 4 4 6 0 0 2212 2 А½ 14px 3 2 2½ 3 44 1 1 159 3 Б 0 1 14px 3 3 3½ 3½ 4 0 2 148 4 Б1½ 2 1 14px 2½ 2½ 3½ 3 1 2 137 5 Ц0 1½ 1 1½ 14px 4 3½ 2 0 4 11½4 6 Ц0 1 ½ 1½ 0 14px 31 0 5 62 7 Д0 0 ½ ½ ½ 1 14px 0 0 6 2½0

Група 2 Во групата 2, најголем фаворит била репрезентацијата на земјата-домаќин СФР Југославија. Уште во првиот круг, Југославија ја победила репрезентацијата на Англија, која се очекувало да го освои второто место во групата. Но, попобедата над опасната репрезентација на Бразил во вториот круг, Англичаните загубиле од Јапонија во третиот, но во истиот круг на натпревари нивниот конкурент Швајцарија, со реми против изненадувачки добрата млада екипа на Перу ги искомпликувала работите во групата. Во четвртото коло, Англија ја победила Швајцарија и се чини дека со оваа победа нивниот пласман во завршната фаза е осигуран, но во наредниот петти круг загубиле од репрезентацијата на Перу, која имала рејтинг од 2268 пред почетокот на Олимпијадата. Изненадувањето, Перу имало 2 бода предност пред Швајцарија, но во наредниот круг, Перуанците се соочиле со Југославија. Во истиот круг, Швајцарија го победила Бразил минимално со 2½-1½, а Перуанците биле среќни поради освоениот ½ против големиот противник. Англија го победила Кипар со максимални 4-0, но оваа победа била „Пирова“, бидејќи на конечниот изглед на табелата завршиле со ½ бод зад Перу и Швајцарија, која поминала благодарение на нерешниот резултат во мечот против Југославија, што било според прописите на Бергеровиот систем.

Ова била конечната табела во групата: Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + − = Бодови од таблаБодови 1 А14px 2 3½ 3 3 4 3 46 1 0 22½13 2 А2 14px 2 1½ 2½ 3½ 3½ 44 2 1 1910 3 Б ½ 2 14px 2 2½ 4 4 4 4 2 1 1914 4 Б1 2½ 2 14px 3 2½ 3½ 45 1 1 18½11 5 Ц1 1½ 1½ 1 14px 3½ 4 33 0 4 15½6 6 Ц0 ½ 0 1½ ½ 14px 2½ 32 0 5 84 7 Д1 ½ 0 ½ 0 1½ 14px 1½ 0 0 7 50 8 Д0 0 0 0 1 1 2½ 14px 1 0 6 4½2

Група 3 Во третата група, најголеми фаворити за освојување на првите две места во групата биле силните репрезентации на Унгарија и Полска. Единствена закана за овие две репрезентации била незгодната репрезентација на Норвешка, која откако загубила од Унгарија, со победи во останатите мечеви била веднаш зад Полска, која ја направила решавачката предност со нерешениот резултат против Унгарија. По ова, Норвежаните морале да ги победат Полјаците, како би го освоиле второто место во групата. Но, тоа не се случило, а Јачек Беднарски ја добил одлучувачката партија, одигрувајќи комбинација со жртва на топ.

Ова била конечната табела во групата: Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + − = Бодови од таблаБодови 1 А14px 2 3 3½ 3 4 4 46 1 0 23½13 2 А2 14px 2½ 3 4 3 4 3½6 1 0 2213 3 Б 1 1½ 14px 3½ 3 3½ 3½ 4 5 0 2 2010 4 Б½ 1½ ½ 14px 3½ 3 4 34 0 3 15½8 5 Ц1 0 1 ½ 14px 3½ 2½ 33 0 4 11½6 6 Ц0 1 ½ 1 ½ 14px 2 31 1 5 83 7 Д0 0 ½ 0 1½ 2 14px 2½ 1 1 5 6½3 8 Д0 ½ 0 1 1 1 ½ 14px 0 0 7 50

Група 4 Репрезентациите на Аргентина и Западна Германија биле фаворити во групата 4, но биле ослабени поради тоа што на Олимпијадата не играле нивните најдобри шахисти. Во нивниот меѓусебен меч уште во првиот круг, победиле Германците со максимални 4-0. Репрзентацијата на Исланд, која се чини била најголем конкурент на Аргентина загубила исто така со 4-0 во следното коло од Западна Германија. Во третиот круг, Аргентинците загубил премногу бодови против Грција, што било вистинска сензација, бидејќи во екипата на Аргентина, двајца шахисти тој ден имале оценет рејтинг 2296. Лошите игри на Аргентина продолжиле со едвај извлеченото реми против Нов Зеланд во четвртиот круг, кога аргентинскиот велемајстор Хектор Росето загубил од новозеланѓанскиот меѓународен мајстор со естонско потекло Ортвин Сарапу. Но, и покрај овие лоши игри, во одлучувачкиот меч од петтиот круг, Аргенитна го победила Исланд со што обезбедила пласман во завршницата. Исланд и Грција продолжиле во групата Б, за сметка на Нов Зеланд кој загубил од репрезентациите на Грција и Западна Германија во последните два круга на натпревари. Сепак оваа група ја обележал и ужасно лошиот настап на репрезентацијата на Франција, која предводена од велемајсторот Николас Росолимо завршила на последното место на конечната табела во групата, со што не обезбедила пласман ниту меѓу најдобрите 48 екипи, продолжувајќи ги натпреварите во групата Д.

Ова била конечната табела во групата: Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + − = Бодови од таблаБодови 1 20п Западна Германија А14px 4 3½ 4 3 3½ 3 47 0 0 2514 2 А0 14px 3 2½ 2 4 3 45 1 1 18½11 3 Б ½ 1 14px 2½ 3½ 3 3½ 3½ 5 0 2 17½10 4 Б0 1½ 1½ 14px 3 1½ 2½ 43 0 4 146 5 Ц1 2 ½ 1 14px 2 3 42 2 3 13½6 6 Ц½ 0 1 2½ 2 14px 2 32 2 3 116 7 Д1 1 ½ 1½ 1 2 14px 3½ 1 1 5 10½3 8 20п Гернзи Д0 0 ½ 0 0 1 ½ 14px 0 0 7 20

Група 5 Репрезентацијата на Чехословачка била одлично подготвена за шаховската олимпијада. Во нвната петта група се наоѓала и Шпанија, која на претходните неколку олимпијади, редовно ги продолувала натпреварите во завршницата. Во вториот круг, во оваа група се случиле две големи изненадувања. Репрезетатацијата на Шпанија загубила од Ирска, а чехословачките шахисти само со реми успеале да ја запрат одличната тој ден репрезентација на Португалија. Во овој меч, чехословачкиот шахист Јан Смејкал го претрпел единствениот пораз на олимпијадата, губејќи против Жоаки Дурао. Во третиот круг, Чехословачка без проблеми го победила Израел, а Шпанија ја поминала Монголија во борбата за второто место во групата. Португалија остварила уште еден одличен резултат, играјќи нерешено во мечот против Израел, со што продолжиле со добрата игра на оваа шаховска олимпијада. Шахистите од Шпанија ги победиле своите противници од Израел во многу важниот меч од четвртиот круг, но сепак Шпанците дефинитивно се ослободиле од заканите на противниците за второто место групата во претпоследното коло, кога со максимални 4-0 ја победиле Португалија, а Монголија загубила ½ бод од непредвидливата Ирска. Во последниот круг, Шпанија лесно го победила Хонгконг и завршила на второто место во групата, веднаш зад фаворизираната репрезентација на Чехословачка, а пред Израел и Монголија. Португалија ги продолжила натпреварите во групата Ц.

Ова била конечната табела во групата: