Деванагари (санскрит: devanāgarī), исто така познато и како нагари (nāgarī, ) е азбучнослоговно писмо кое се пишува од лево кон десно и карактеристично е по тоа што секоја буква има хоризонтална линија и ги поврзува сите букви. Ова писмо е главно писмо за пишување на хинди, маратски и непалски јазик. Од XIX век, тоа е најчесто користено писмо за санскрит и пали. Покрај овие јазици, ова писмо се користи за повеќе азиски јазици.
Правила Како и останатите абугиди, така и во деванагари секоја буква (знак) претставува согласка која е проследена со гласот шва (или во македонскиот се бележи како ' во некои зборови). Овој глас при транскрипција за бележи со 'a', а според МФА гласот се бележи со [ə]. Буквата क се чита ka, не само „k“.
крајна согласка се бележи со надреден знам , наречен вирама во санскритскиот, или халант на хинди. Ако се стави овој знак, тоа значи дека вметната самогласка „ə“ не се чита или изговара, туку само согласката која е претставена со буквата. Така на пример, зборот क्नय се чита кнаја, а क्नय् кнај. Халантот често се користи за согласни групи кога не се можни согласни лигатури не се остварливи при машинско пишување. согласните групи се пишиваат како лигатури ( "споеви, врски"). Така на пример, трите согласки क्, न्, и य्, (к , н, ј) може да се пишат како погоре напоменатото без вирама (कनय). Друга можност е тие да бидат споени како согласна група и се добива क्नय кнаја, कन्य канја, или क्न्य кнја. Овој систем бил првично создаден за средноиндиските јазици, кои имале мал број согласни групи. Кога овој систем се вовел за санскритскиот, правописот и системот на санскритскиот значително се усложнил поради големиот број согласни групи и лигатури. Останатите самогласки, освен шва, се пишуваат со посебни букви ако се самостојни или на почетокот на зборот, или со надредни знаци ако се во средината. Надредните знаци се нарекуваат „матри“. Така на пример од क ka, може да се добие: के ke, कु ku, की kī, का kā, итн. Исто така земен е следниов пример: буквата ū ('у') се пишува со надреден знак во средната на зборот (, कू kū), но на почетокот на зборот или ако е самостојна буквата се пишува ऊ (ऊक ūka). Ваквите лигатури со надредни знаци се нарекуваат „акшара“.
Најгорната хоризонтална линија најчесто се пишува на крај, кога ќе се заврши зборот.
Букви
Редоследот на буквите во деванагари се заснова, односно буквите се класифицираат, на начинот и местото на изговор на гласот.
Самогласки Самогласките во деванагари се:
самостојна форматранслитерацијакако надреден знак на प (пример)самостојна форматранслитерацијакако надреден знак на प (пример)(грлени)अपआपा(непчени)इपिईपी(уснени)उपुऊपू(свиени)ऋपृॠपॄ(забни)ऌपॢॡपॣ(непчено-грлени)एपेऐपै(уснено-грлени)ओपोऔपौ
Согласки Во подолната табела се наведени согласките со вметнатиот глас шва. Исто така дадена е научната транскрипција, МФА и еквивалентот на урду.
(плозивни) (носни) (приближни) (струјни) озвучување → призвучување → (грлени)कکखکھगگघگھङنहه، حtālavya(непчени)चچछچھजجझجھञنयیशشmūrdhanya(свиени)टٹठٹھडڈढڈھणنरرषdantya(забни)तت، طथتھदدधدھनنलلसس، ص، ث(уснени)पپफپھबبभبھमمवو
Броеви
+ деванагарски броеви ० १ २ ३ ४ ५ ६ ७ ८ ९ 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9
Двосогласни споеви Во прилог следуваат сите 1296 комбинации на две согласки:
क ख ग घ ङ च छ ज झ ञ ट ठ ड ढ ण त थ द ध न प फ ब भ म य र ल व श ष स ह ळ क्ष ज्ञकखगघङचछजझञटठडढणतथदधनपफबभमयरलवशषसहळ
Наводи
Поврзано Македонска транскрипција на деванагари Брами Хинди
Надворешни врски
Погледите на Махатма Ганди за деванагари learn-hindi-online.com — изучување на деванагари Деванагари на Omniglot AncientScripts.com—деванагари Тутор за деванагари Уникод за деванагари Уникод фонтови
Категорија:Индиски писма Категорија:Хинди Категорија:Санскритски зборови и изрази