алт=Успешните Пелс Аргентина|мини|Успешните Пелс Аргентина
Успешните Пелс (шпански јазик: Los Exitosos Pells) е аргентинска телекомедија. Серијата започна да се емитува на местото на популарната драма Украдени животи во вечерниот термин и стартуваше со огромен успех како што и во текот на прикажувањето продолжуваше. Во главната женска улога се појавува Карла Петерсон, од серијата Лалола
Дејство Мартин Пелс, високомерен и манипулативен човек, е водител на најпопуларните вести во земјата. Работи веќе неколку години на каналот Мега, земајќи место, кое му дозволува да ја придобие публичката популарност, на која се радува. Марсела Њуњес, сопственичката на каналот М Вести, конкуренцијата на Мега, знае, дека неговиот договор со каналот наскоро завршува и тајно му дава предлог, на кое после преговорите, Пелс решава да го потпише. Мартин му го соопштува решението дека ја напушта работата, на сопственикот на каналот, Франко Андрада, кој е изнервиран од таквата новост , и започна жежок спор со новинарот. Во пристап на гнев, Франко го удира Мартин, кој паѓа на грб и си ја удара главата, оставајќи го безсвест. Исплашен, мислејќи дека го убил еден од најпопуларните луѓе во земјата, тој ја остава ситуацијата на Аманда, неговата десна рака, и го напушта каналот. Случајно, патувајќи до дома, Франко ја удира колата со Гонсало Ечагуе, актор и театрален препродавач, кој на надворешен лик премногу наликува на Мартин. Тој му предлага голема сума пари, за да се претставува како него. Гонсало се согласува, притиснат од неисплатените договори, и после откако го потпишува договорот, кој ни тој, ниту неговиот менаџер не го читаат, започнува да го претставува Пелс. Гонсало, веќе со новиот живот како Мартин, открива, дека Пелс се само семејство пред камерите и публиката, но од близу, тие се избегнуваат и не се разбираат. Мартин е хомосексуалец и има врска со Томас Андрада, синот на сопственикот на каналот. За тоа време, Сол ја поддржува врската со Диего Планес, кој исто така работи во Мега. Со текот на времето, Гонсало се вљубува во Сол и се зближува со неа, но таа го одбива како жена, знаејќи дека Мартин не сака жени. Тој и го признал тоа, кога започнале сентиментална врска, која била само за да ја подржи позицијата во каналот. Тој бидејќи нема привлечност кон мажите, и посветува повеќе внимание на Сол и малку по малку врската со неа станува поблиска, отколку онаа со Томас.
Улоги Глумци Ликови Карла Петерсон Сол КасенавеМајк Амигорена Мартин Пелс/Гонсало ЕчагеХуго Арана Франко АндрадаАндреа Бонели Аманда ВеделМирта Буснели Марсела ЊуњезДиего Рамос Томас АндрадаКлаудија Фонтан ДаниелаЛукресија Бланко Лили Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци
Категорија:Аргентински телевизиски серии Категорија:Теленовели