десно|мини|Човек одејќи околу еден агол, копија на оригиналните кадри од Националниот научен музеј на Лондон, околу 1931 година. (NMPFT, Bradford) Ова е преглед на настаните од 1887 година во филмот, вклучувајќи список на филмови и значајни луѓе кои биле родени или кои починале оваа година.
Настани
Ханибал Гудвин го патентира неговиот фотографски филм. Камерата со 16 леќи на Луј Ле Принц (LPCC Type-16) е направена во САД и филмот Човек одејќи околу еден агол е снимен користејќи ја оваа камера во 1887 година. Август - Харви Хендерсон Вилкокс го регистрира неговиот ранч од 120 хектари во округот Лос Анџелес, нарекувајќи ја површината во која е заснован Холивуд, кој подоцна ќе стане дом на американската филмска индустрија.
Филмови
Човек одејќи околу еден агол, во режија на Луј Ле Принц. Најстариот познат филм.
Родени
11 јануари - Монте Блу, американски глумец (почина во 1963) 13 јануари - Габриел Габрио, француски глумец (почина во 1946) 13 јануари - Софи Такер, американски пејач (почина во 1966) 21 јануари - Андре Андрејев, француски сет дизајнер (почина во 1967) 16 февруари - Кетлин Клифорд, американска глумица (почина во 1962) 21 март - Френк Урсон, американски филмски режисер и кинематограф (почина во 1928) 24 март - Роско Арбакл, американски глумец и комичар (почина во 1933) 9 април - Конрад Том, полски глумец, сценарист, режисер и пејач (почина во 1957) 12 април - Харолд Локвуд, американски глумец (почина во 1918) 23 април - Јено Торш, унгарски глумец (почина во 1946) 1 мај - Курт Весперман, германски глумец (почина во 1957) 18 мај - Џини Мекферсон, американска глумица и сценарист (почина во 1946) 21 мај - Мејбл Талиаферо, американска глумица (почина во 1979) 30 мај - Полета Нојзо, француска глумица (починала во 1971) 1 јуни - Клајв Брук, британски глумец (почина во 1974) 16 јуни - Аге Бендиксен, дански глумец (почина во 1973) 17 јули - Џек Конвеј, американски филмски режисер и продуцент (почина во 1952) 1 август - Ентони Колдвеј, американски сценарист (почина во 1963) 5 август - Реџиналд Овен, британски глумец (почина во 1972) 10 август - Сем Ворнер, американски филмски магнат (почина во 1927) 14 август - Марија Лејко, латвиска филмска глумица (почина во 1937) 5 септември - Ирина Фенвик, американска глумица (почина во 1936) 26 септември - Антонио Морено, американски глумец роден во Шпанија (почина во 1967) 30 септември - Лил Даговер, германска глумица (почина во 1980) 5 октомври - Мени Цинер, германска глумица (почина во 1972) 9 ноември - Гертруда Астор, американска глумица (почина во 1977) 23 ноември - Борис Карлов, англиски глумец (почина во 1969) 30 ноември - Ѓула Шјореги, унгарски глумец (почина во 1943) 9 декември - Тим Мур, американски глумец (почина во 1958) 23 декември - Џон Кромвел, американски глумец, продуцент и режисер (почина во 1979)
Надворешни врски
Категорија:1887 Категорија:1890-тите во филмот Категорија:Години во кинематографијата