Оваа статија е за град во Боливија. За други значења за поимот Ла Пас, видете Ла Пас (појаснување)
Ла Пас (), целосно име: Богородица од Ла Пас () — втор по големина град во Боливија, административен центар на земјата и центар на департментот Ла Пас. Според пописот во 2001, градот имал население од околу 789.585 жителиObservatorio Bolivia Democrática и заедно со соседните градови Ел Алто и Вијача ја сочинуваат најголемата урбана површина во Боливија со население над 1,6 милиони жители. Ла Пас се наоѓа на надморска височина од 3660 метри и тоа го прави највисок главен град во светот. Според уставот на државата, Сукре е главен град на Боливија, но бидејќи Ла Пас е седиште на владата често се смета како главен град, наместо Сукре.
Наводи
Поврзано Сукре Градови во Боливија
Категорија:Градови во Боливија Категорија:Главни градови во Јужна Америка Категорија:Населени места основани во 1548 година