100 партии е шаховска книга, дело на познатиот естонски и советски велемајстор и автор Паул Керес. Делото е напишано во 1966 година и претставува збирка од 100 впечатливи и поучни партии одиграни од страна на авторот во период од 35 години (1929-1964) од неговата шаховска кариера. Преку согледувањето на анализираните партии, читателот е во можност во голем дел да се запознае со стилот на игра и придонесот во шахот на авторот. Книгата е напишана на руски јазик.
Содржина Со оглед на местото кое го зазема авторот, ова дело можеби е една и од најдобрите збирки на шаховски партии на сите времиња. Во својата содржина, тоа изобилува со убавина на шаховските замисли, оригиналност и креативност, кои Керес ги имал при одигрувањето на анализираните партии. Делото опфаќа 35-годишен период (1929-1964) кој е поделен во 12 поглавја, кои следуваат по предговорот и пораката на авторот:
I - Првите натпреварувања (1929-1935) II - Првите меѓународни успеси (1935-1937) III - На патот кон звањето велемајстор (1937-1938) IV - Предвоени години (1939-1941) V - Две партии во воените години (1942-1944) VI - Пред светското првенство (1945-1947) VII - Светското првенство и турнири (1948-1950) VIII - Туирнири и успеси (1950-1952) IX - Турнири и успеси (1952-1955) X - Повторно во борба за светското првенство XI - Турнирии успеси (1957-1960) XII - Успеси во последните години (1961-1964)
На крајот од содржината дадени се и список на резултати (хронолошки редослед), како и список на противници во анализираните 100 партии (азбучен редослед) и список на отворања играни во партиите.
Стил на пишување Како и одличниот хронолошки распоред на содржината на делото, така и квалитетот е на високо ниво. Секоја партија е подетално анлизирана, најзначајните моменти се претставени на дијаграми, а преку секоја партија авторот на висок стил ја опишува и играта на противникот.
Надворешни врски Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат
Категорија:Шаховски книги Категорија:Шахот во 1966 година Категорија:Книги од 1966 година