Вестминстерска палата, позната и како Палата на парламентот — здание во Лондон, Англија, во чиј состав се наоѓаат градбите на Парламентот на Обединетото Кралство, Домот на лордовите (Горен дом) и Општинскиот дом (Долен дом). Дворецот се наоѓа на левиот брег на реката Темза, во регионот на Вестминстер, близу до државните згради на Вајтхол.
Палатата се состои од околу 1100 простории, 100 скалишта и ходници, долги 4,8 км. Првите делови од градбата биле Вестминстерската сала, која била изградена околу 1097 година и Кулата на скапоценостите, која била изградена околу 1365 година. Вестминстерската сала, денес се користи за повеќе државни церемонијални настани како што се изложувањата на посмртни останки.
Надзорот на Вестминстерската палата и нејзината околина со векови биле задача на управникот на кралскиот имот, кој бил назначен директно од кралското семејство. Во согласност со кралската власт, во 1965 година, надзорот го презеле двата дома. Сепак, одредени простории за церемонии продолжиле да бидат под контрола на управникот на кралскиот имот.
По пожарот во 1834 година, сегашниот дом на парламентот се градел повеќе од 30 години. Обновената градба била дело на архитектот сер Чарлс Бери и неговиот помошник Огастес Велби Пујџин. Планот ги вклучувал и Вестминстерската сала и остатоците од капелата Св. Стефан.
Историја Првобитната палата Окружувањето на Вестминстерската палата имало стратешко значење во средниот век, бидејќи била сместена на брегот на реката Темза. Во овој предел имало градби, уште од времето на Саксонците. Познат во средновековието како Торни Ајленд, пределот бил користен како кралска резиденција од страна на кралот Кнут Велики. Претпоследниот крал на Англија, Едвард Исповедникот, изградил кралска палата на Торни Ајленд, за време коешто му било потребно да ја изгради Вестминстерската опатија. Торни Ајленд и предградието наскоро станале познати како Вестминстер (кратенка на зборовите Вест и Минстер). По освојувањата на Викинзите во 1066, кралот Вилијам I се вдомил во Лондонската кула, но подоцна се преселил во Вестминстер. Ниту една од градбите што ги користеле Саксонците или оние што биле користени од страна на Вилијам I, не останале. Најстариот дел од палатата што постои (Вестминстерската сала) датира од периодот на владеење на наследникот на Вилијам I, кралот Вилијам II.
мини|десно|180п|Детаљ од Џон Роковата карта на Лондон од 1746 година
Вестминстерската палата во средновековниот период била главна кралска резиденција. Претходникот на парламентот, Curia Regis (кралски совет), се состанувала во Вестминстерската сала, иако по обичај го следела кралот, доколку тој се преселувал во други палати. Во 1295 година, во палатата била одржана првата седница на првиот официјален парламент на Англија, каде се одржале речиси сите идни седници на парламентот.
Кулата на скапоценостите била изградена околу 1365 година, со цел во неа да бидат преместени скапоцените предмети на кралот Едвард III.
Вестминстер останал главна кралска резиденција во Лондон, сè до пожарот кој уништил дел од градбата во 1512 година. Во 1530, кралот Хенри VIII ја добил Јоркшката палата од кардиналот Томас Волсеј,Fraser, Antonia (1992). The Wives of Henry VIII. New York: Alfred A Knopf. ISBN 0-394-58538-0 влијателен министер кој ја изгубил кралската наклонетост. Преименувајќи ја во Вајтхол, Хенри VIII ја користел како главна резиденција. Иако Вестминстер официјално останал кралска палата, се користел од двата дома на парламентот како судска зграда.
Бидејќи, првобитно била кралска резиденција, палатата не вклучувала специјално изградени сали за двата дома. Важните свечени церемонии, вклучувајќи го и свеченото отворање на парламентот, се одржувале во Насликаната сала, додека Горниот дом, првобитно се состанувал во Салата на кралицата, едноставен средновековен ходник на јужниот крај од комплексот пред одржувањето на состаноците во поголемата сала, наречена Белата одаја во која формално бил сместен Судот за барања.
Долниот дом, кој немал своја сопствена сала, понекогаш седниците ги одржувале во филијалната зграда на Вестминстерската опатија. Домот добил постојано место во палатата, поранешната кралска капела, капелата Свети Стефан, но само за време на владеењето на наследникот на Хенри VIII, кралот Едвард VI. Законот за капели од 1547 година (спроведен како дел од протестантската реформација) ја поништил религиозната наредба на каноните на Свети Стефан, меѓу други институции. Според тоа, капелата станала достапна за потребите на Долниот дом. Во следните векови, биле направени промени во капелата, поради прилагодување на потребите на Долниот дом, во што учествувале и истакнати архитекти, меѓу кои бил и Кристофер Рен.
Комплексот на палатата бил значително променет на почетокот од 19 век од страна на Џон Соан. Дел од зградата на средновековниот Горен дом, кој бил цел на неуспешна барутна завера во 1605 година, бил демолиран, со цел да се создаде нов кралски влез на јужниот дел од палатата, каде што Гај Фоукс бил откриен како чува буриња со барут, кои биле загубени за време на реконструкцијата. Работата на Соан на палатата вклучувало нови градби, кои биле додадени до Вестминстерската сала и нов влез за членовите до капелата.
Пожар и реконструкција мини|десно|180п|„Горењето на Горниот и Долниот Дом“ од Џозеф Тарнер, кој бил сведок на пожарот
На 16 октомври 1834 година, во дворецот избувнал пожар, откако печката што се користела за уништување на записите од државната благајна ја запалила ламперијата во Горниот дом. Како резултат на пожарот, заедно со другите градби во комплексот биле уништени и двата дома на парламентот. Вестминстерската сала била спасена, главно поради историските напори за справување со пожари. Кулата на скапоценостите, гробницата на капелата Св. Стефан и манастирите биле единствените делови од палатата што не изгореле.
Во еден момент, кралот Вилијам IV мислел Бакингамската палата, која се реновирала во тоа време, да ја претвори во нови два дома на парламентот.
Кралската комисија била одбрана да ја анализира повторната изградба на палатата и жестоката јавна дебата околу предложените стилови. Неокласичниот архитектонски стил, сличен на оној во Белата куќа и Конгресот во САД, бил популарен во тоа време, но будел сеќавања на револуција и републиканство, додека готскиот стил ги опфаќа конзервативните вредности. Во јуни 1835, комисијата објавила дека „стилот на градбите би бил или готски или елизабетски”. мини|лево|160п|Сер Чарлс Бери победил на конкурсот за обнова на палатата Во 1836 година, по анализата на 97 конкурентски предлози, кралската комисија го избрала готскиот стил од планот на Чарлс Бери. Камен-темелникот бил поставен во 1840 година, канцеларијата на управникот била завршена во 1847 година, а зградата на долниот дом во 1852 година. Поради ова, Бери бил прогласен за витез. Иако голем дел од работата била завршена до 1860 година, конструкцијата била завршена една декада подоцна. Чарлс Бери, чиј архитектонски стил бил повеќе класичен отколку готски, цврсто се потпирал на Огастес Велби Пјуџин за раскошниот и карактеристичен готски ентериер, вклучувајќи тапети, гравури, витражи и мебел, како и кралските престоли и сводови.
За време на Втората светска војна, палатата била четиринаесет пати погодена од бомби. Најопасно било на 10 мај 1941 година, кога зградата на Долниот дом била уништена и тројца луѓе биле убиени. Зградата на домот била повторно изградена од архитектот Џајлс Гилберт Скот. Активностите биле завршени во 1950 година.
Со зголемувањето на потребата за канцелариски простор во палатата, парламентот добил канцелариски простор во соседната зграда, Норман Шо, во 1975 година и во неодамна изработената, Порткулис, завршена во 2000 година. Ова проширување дозволи сите членови на парламентот да имаат своја сопствена канцеларија.
Надворешност Вертикалниот готски стил на палатата на Чарлс Бери бил популарен во 15. век и бил повторно оживеан во 19. век. Бери бил класичен архитект, но бил потпомогнат од готскиот архитект августус Паџин. Вестминстерската сала, која била изградена во 11. век и не била зафатена со огнот од пожарот во 1834 година била вклучена во планот на Бери. Паџин бил незадоволен од резултатот на работата, особено со симетричниот распоред проектиран од Бери. Тој дал одлична забелешка, велејќи: „Потполно грчко, господине, тјудорски детали на класичното тело.“
Камени ѕидови Камените ѕидови на градбата, првобитно биле од „анстон“, магнезиумов варовник со боја на песок, кој потекнувал од селото Анстон во Јужен Јоркшир, по кое и го добил името. Каменот, сепак, набргу почнал да се распаѓа поради загадувањето и слабиот квалитет на дел од употребениот камен. Иако таквите дефекти биле отстранети пред 1849 година, во преостанатиот период од 19 век ништо не било направено. Во 1910 година, станало очигледно дека делови од камените ѕидови мора да се заменат. Во 1928 година, се чинело дека е неопходно да се употреби каменот „клипшам“, варовник со медова боја од Рутланд, кој го заменил оштетениот анстон. Проектот започнал во 1930 година, но бил прекинат поради Втората светска војна и бил завршен во 1950 година. Сепак, до 1960 година, поради загадувањето, ѕидовите повторно биле оштетени. Програмата за одржување и реставрација на камењата на надворешните нивоа и тврдини започнала да се спроведува во 1981 година, а била завршена во 1994 година. Зградата на управата ја презела задачата за обновување на надворешноста на повеќе делови од градбата, што трае до 2010 година.
Кули Вестминстерската палата на Чарлс Бери вклучува неколку кули. Највисока е Викториината кула, која е висока 98,5 метри, има страна со облик на правоаголник и е сместена на југозападниот дел од палатата. Именувана е по владетелката во времето на реконструкцијата на палатата, кралицата Викторија. Денес, кулата е дом на архивите на парламентот. Врвот на Викториината кула е железен јарбол од кој се веат знамиња. Кралското знаме се вее, доколку владетелот е присутен во палатата, а доколку не е, знамето на Велика Британија. Во подножјето на кулата се наоѓа кралскиот влез во палатата, кој го користи владетелот секогаш кога влегува во Вестминстерската палата.
мини|лево|200п|Вестминстерската палата, поглед од панорамското тркало „Лондонско Око“; Викториината кула е од левата, а Саат-кулата од десната страна.
На средина од палатата, веднаш над главното предворие се наоѓа Централна кула со страна со осумаголна основа. Кулата е висока 91,4 метри, и е најниска од трите главни кули во рамките на дворецот. За разлика од другите тврдини, Централната кула поседува шилеста купола и била изградена како квалитетен вшмукувач на воздух.
На северноисточниот крај од палатата е сместена најпознатата од кулите, Саат-кулата, општо позната како Биг Бен, по нејзиното главно ѕвоно. Саат-кулата е висока 96,3 метри. Цртежите на Пјуџин за кулата биле последната работа што тој ја направи за Бери. Во Саат-кулата е сместен голем часовник со четири страни, кој исто така бил проектиран од Пјуџин. Во кулата исто така се сместени пет ѕвона, кои отчукуваат четири пати во секој час. Најголемото и најпознатото ѕвоно е Биг Бен (големото ѕвоно на Вестминстер), кое чука еднаш на секој час. Тешко 13,8 тони, тоа е третото најтешко ѕвоно во Англија. Иако, Биг Бен се однесува всушност само на ѕвоното, вообичаено името се употребува за целата кула.