Марсеј () — втор најголем град во Франција, најважно француско пристаниште и трето пристаниште во Европа по големина. Градот се наоѓа во департманот Устие на Рона (регион Прованса-Алпи-Азурен Брег). Марсејската урбана област е трета по големина, зад париската и лионската. Градот лежи на брегот на Лионскиот Залив, кој припаѓа на Средоземното Море.
Географија
Марсеј заедно со урбаната зона околу него е една од најгусто населените области во Франција, односно е трета по големина, зад париската и лионската област. Градското население во Марсеј е околу 821.000 жители, а во пошироката градска агломерација околу 1.804.000 жители (2007).
Значењето на Марсеј како пристаниште се зголемило во 19 век, пред сè како резултат на колонизирањето на Африка, откривањето на Суецкиот Канал и развивањето на трговијата.
Клима
Спорт
Најпопуларен спортски клуб е фудбалскиот клуб, Олимпик Марсеј, којшто има освоено вкупно 8 шампионски титули во француското првенство и една титула во Лигата на Шампионите на УЕФА во 1993 година, како и две финалиња на УЕФА купот во 1999 и 2004 година.
Наводи
Надворешни врски
Марсеј - средоземен главен град Официјална страница за европска престолнина 2013 Туристичка страница Дневни тури низ Марсеј
Категорија:Градови во Франција Категорија:Општини во Устието на Рона Категорија:Префектури во Франција