Монархија (од старогрч. μονος, „еден“ и αρχειν, „владеење“) — државно уредување во кое монарх, обично едно лице, е шеф на државата.
Кај највеќето монархии, монархот има власт доживотно. Моментално постои 31 монархија во 45 земји на светот; разликата во броевите се должи на фактот што шеснаесет држави од Комонвелтот (голема државна заедница) имаат еден суверен, а пак Андора, има два странски монарха (шпански и француски).
Терминот монархија се однесува и на луѓето (особено династијата, наречена и кралско семејство) и институциите кои го сочинуваат кралскиот или царски апарат, или пак на царството со кое владее монархот. Монарсите служат како симболи на континуитет и државност. Денес, фактичката моќ на монархот се разликува од држава во држава. Кај уставните монархии, каде суверенитетот формално е во круната, но политички со 'народот' (обично изборното тело, претставувано во парламентот), монархот обично служи претежно церемонијални функции, освен во кризни времиња. Многу монархии се вопоставени по традиција или кодифициран закон, па така монархот има мала политичка моќ; во други монархот има некаква моќ, но остварувањето на истата е ограничено од одлуката на народот или првенството; во трети пак, монархот има значајна моќ и може да ја применува без ограничувања.
Монархијата е еден од најстарите облици на управување, и води потекло од раководството на родовските поглавари. Некогаш монарсите сметале дека имаат Божје право на власт, или барем со Божја благонаклоност, владеејќи или по волја на бог(овите) или пак по тврдењето дека самите се отелотворени богови - теократија. Монарсите некаде се одредуваат и со избори (или од големо народно собрание, како германските родовски држави; или пак од мал орган, како кај Светото Римско Царство; или со династиско наследување; или со освојување како во Малезија и ОАЕ; или пак комбинација од начини).
200px|thumb|right|
Од 1800 наваму, најголемиот дел на монархии во светот се укинати или припоени, или пак претворени во републики; најголемиот дел од моменталните монархии се уставни. Меѓу малкуте каде владее апсолутна монархија се Бутан, Брунеи, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Есватини и Ватикан (папски град-држава, изборна теократија). Во Јордан и Мароко, монархот исто така има значителна моќ. Скорешните настани (2003) во Лихтенштајн се исклучок, каде на кнезот му била дадена уставна моќ да ја разреши владата.
Најстарата монархија на светот е јапонската монархија.
Видови на монархија
Во апсолутна монархија, монархот има апсолутна власт над секој аспект на државата, ако не и на општествениот живот воопшто, и има моќ да дава и повлекува устав; уставниот монарх е потчинет на уставот како и сите други граѓани, иако во некои случаи има извесни уставни привилегии како неприкосновеност. Современите монархии опстојуваат само во општества со технологија доволна за организација на централната власт, но не доволна за образование и брза комуникација. Стопанската структура на ваквите монархии често е концентрирано богатство, каде најголем дел од населението се земјоделски кметови; или, како кај Заливските монархии, каде социо-економската структира се темели на матерналистички модел, опсипувајќи ги граѓаните со благодети (кои се политички потчинети), а увезувајќи евтин труд од странство.
Изборната монархија уживала популарност во разни држави во северна Европа дури и до средниот век. Кога Карло Велики бил дете, татко му бил избран за крал на Франките. Станислав бил избран крал на Полска, како и кралот на данска Фредерик I. Оваа традиција е многу стара и сѐ уште опстојува и денес во изборот Папата.
Во антиката, постоеле разни традиции на избирање на монарси со разни титули, обично со значење на крал, особено во ненаполно заседнати општества како германските родови (пред да имаат постојано кралство на територијата на некогашното Римско Царство). Често имало мешаница од спротивставени принципи и интереси, со тоа што владеачката фамилија се стремела да го задржи наследувањето за себе, а нејзин соперник било благородништвото. Фактричкото наследување често зависело од одобрението на народот и/или поддршката на вооружените сили, кои можеле да го менуваат монархот. Кралевите на Македонија и Епир биле избирани од војската (избирачко тело слично на она кај демократијата бидејќи граѓаните морале да служат војска) од машките членови на кралската династија. Во Македонија оваа традиција продолжила сè до распадот на царството и потпаѓањето под римска власт по Третата Македонска војна.
Највеќето денешни наследни монарси помалку или повеќе се фигури, со малку моќи, освен церемонијалните должности. Многу се и уставни монарси кои можат да го разрешат парламентот и да свикуваат избори (обично на барање на премиерот). Иако монархот технички сепак може да предлага закони, обичаите на уставната монархија не дозволуваат тоа да се случи, како што не дозволуваат да се применува моќ на начин кој се правел порано, освен воочи уставни, владини или други кризи.
Во некои древни наследни монархии, власта често била во војската, како што можеме да видиме од историјата на Тајланд и Јапонија (каде воениот поглавар, подоцна наследен, наречен Шогун, се развил во де факто монарх, номинално под царот), со (барем) номинално 'премиерска' функција (посебна од шеф на влада), која самата може да стане наследна. Во фашистичка Италија монархијата коегзистирала со фашистичката партија подолго од таквите коегзистенции во Романија или Грција. Шпанија под Франциско Франкоофицијално била монархија, иако немало омнарх на престолот; по неговата смрт, како шеф на држава, Франко бил наследен од Бурбонскиот престолонаследник Хуан Карлос I.
Постоеле и ситуации во кои диктатор се прогласил себеси за монарх на претходна република, така започнувајќи самопрогласена монархија без никакви историски врски со претходна династија. Најпознат ваков случај бил Наполеон Бонапарт, кој се прогласил за прв император (цар) на Французите откога дошол на власт како прв конзул доживотно; очигледна имитација на овој потег бил потегот на Бокаса I во многу сиромашното Централноафриканско царство. Исто така, Јуан Шикаи се крунисал за цар на краткотрајната „Кинеско царство“, неколку години по основањето на Република Кина.
На неколку наврати низ историјата, една иста личност била монарх на неколку посебни независни држави, ситуација наречена лична унија. Империјата традиционално ја владее монарх кој омже да има различни, самоназначени титули, во различните царства во нејзини рамки. Неколку поранешни колонии на Британската Империја, како Австралија, Јамајка, Канада, Нов Зеланд и др., сега се независни царства (realms), кои, заедно со Обединетото Кралство, и понатаму признаваат една личност за суверен шеф на држава, со посебна титула во секоја држава (Крал/Кралица на Канада, Јамајка итн.); овие земји, заедно со Обединетото Кралство, се членки на Комонвелтот. Во други случаи, како Англија и Шкотска, личната унија била претходница на соединувањето на државите. Често личната унија помеѓу државите завршува со целосно одвојување, како на пр. Норвешка, прво во унија со Данска, потоа со Шведска, па на крај како самостојна монархија.
Слично на ова, по 816 години во лична унија со Унгарија, Хрватска во 1918 избрала да се оддели и да влезе во кралството Југославија.
Некои републики може да се рече дека се практично монархии бидејќи имаат воведено де факто наследување за шефот на државата, обично воспоставувајќи 'династија' со тоа што синот (неформално) е назначен за наследник, без уставно да се наречат монархии. Овие држави се републики во теорија, но династички монархии во практика. 'Римското Царство' на латински постоела само во територијална смисла, додека правно секогаш била република, теоретски принципатот не бил наследна монархија, па дури и Византија имала републикански одлики. Во XX век, де факто монархии постоеле во Никарагва и Хаити. Денес, формалните уставни републики како Северна Кореја (комунистичка еднопартиска држава) и Сирија се нарекуваат де факто монархии; меѓутоа, едно наследувањ од татко на син без уставен механизам е повеќе наизглед отколку вистинска де факто монархија, следното наследување може да биде одредено од вистинските одредители (мртвиот диктатор не може да диктира), а оваа наследност забележана е и кај демократските републики - но не по строга линија како првородство - и три или повеќе генерации на династии (како семејството Ганди во Индија), освен што овие владеат само кога нивната партија е на власт. Видете и семејна диктатура.
Иако во теорија монархот е суверен владетел на државата, историте настани често наметнувале покомплицирани ситуации: кога државата го губи вистинскиот суверентет, а внатрешно сѐ уште има монархиски устав, монархијата станува зависна од поголема сила, како на пр. како феудален вазал под еден сузерен, or или пак во колонијалното доба редефинирано како соучесник во индиректна власт, под врховна власт (како секоја кнежевска држава во Британска Индија). Наследувањата во таква држава зависат од одобрението на доминантната сила, која го задржува правото да симнува од престол (или заменува) нелојални владетели.
Наследување Правилата за наследување на монархот се разликуваат од земја до земја. Кај уставните монархии овие правила се темелат на закон донесен од застапништвото, како да речеме парламент.
Изборните монархии најчесто се претвораат во наследни монархии. Кај наследниот систем, функцијата на монархот е наследна според наследен ред, обично во рамките на тоа кралско семејство, водејќи потекло од некоја династија или крвна линија. Во некои случаи владеачкото семејство се вели дека ја има власта по волја на бог(овите), што може да се види од изразот „по Божја милост“, или пак од други религиозни власти.
Наследниот ред во највеќето европски монархии во XXI век е по првородство, што значи дека првиот син (или дете) на монархот е престолонаследник. Моментално постојат полемики за наследните закони на некои монархии како британската, канадската или скандинавските монархии, кои бараат монархот да биде од извесна вероисповед (во Комонвелтот по Актот за престолонаследство 1701). Ова е оспорено заради кршењето на правилата на ЕУ кои забрануваат верска дисквалификација од државни функции, како и за кршење на канадскиот Канадската Повелба на права и слободи.
Историски, наследувањата во зависни држави бараат одобрение од (колонијална или друга) доминантната сила, која има право и да ги симнува (и заменува) 'нелојалните' владетели.
Титули како политички исказ Официјалните титули и звања на еден монарх често ги рефлектираат аспирациите и аспирациите на владата и фактичките историски врски или барања на територии кои повеќе не се во јурисдикција или замреле како политички единици.
Некои титули се облислени со намера да искажат релативен чин, обично повисоки и самодадени, како во случајот на „Крал на кралевите“ и разните еквиваленти, или Типу Султан кој се прогласил за Падшах Бахадур кога ја објавил независноста на неговото муслиманско царство Худадад од могулскиот падишах, што нема друго значење освен 'по чин над падишах'. Некои титули укажуваат на уникатен возвишен чин, дури и универална надвласт, како калиф, но сепак може да има паралелни династии, на пр. огранокот од Умајадите во Кордоба додека ориенталниот калифат бил преземен од страна на Абасидите (во Багдад). Други титули пак носат протоколен чин, па така давање (како награда на лојален вазал) или прогласување (за афирмација) на повисок чин може да значи 'унапредување' без разлика на политичката реалност.
Другите елементи во полното звање може да се однесуваат на законитоста на престолот, или директно до израз како "по Божја милост," или индиректно со посочување на озаконителна функција, како заштита на офоцијалната религија, на пр. за муслимански владетел со звањето Водач на верните. Протестантските наследници на Хенри VIII во Англија ја задржиле титулата „Бранител на верата“, првично дадена од Папата на Хенри VIII пред 'поништувачките кризи' да доведат до Англиканската шизма.