Милан Лане Гутовиќ ( во Умка, Србија — ) — српски глумец. Има завршено Академија за театар, филм, радио и телевизија во Белград и во 1967 година доаѓа во Југословенскиот драмски театар, како млад глумец.

Последната деценија игра во своето Кабаре со кое гостува низ светот. На српските телевизии е најмногу познат како ТВ-водител на хумористично-сатирични прилози.

На нашата јавност најмногу е познат по улогата на Среќко Шојиќ во телевизиските драми Тесна кожа и Бела Лаѓа.

Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Српски глумци Категорија:Српски филмски глумци Категорија:Српски телевизиски водители Категорија:Срби од 20 век Категорија:Срби од 21 век