Илија Димовски, познат со прекарот „Гоче“ ( во , Костурско — во Скопје) — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција, учесник во НОВ.

Животопис Во работничкото и македонското националноослободително движење се вклучил во предвоениот период. Учесник во ВМРО (об.) поради што е прогонуван и интерниран. Во 1941 година се отцепил од КПГ и формирал засебна македонска партиска организација со македонска национална платформа. Од 28 февруари 1943 година е командант е на Партизанскиот одред „Вичо“. На 2 август 1944 година станал комесар, а набргу и командант на Леринско-костурскиот македонски баталјон во составот на ЕЛАС. На 12 октомври 1944 година е поставен за командант на Леринско-Костурската македонска бригада, а на 18 ноември 1944 за командант на Првата егејска ударна бригада. Оваа бригада е првата која продефилирала во ослободена Битола. Во септември 1946, командувал со македонските партизански единици на НОФ на планината Вичо, а во почетокот на 1947 со баталјон на ДАГ. Бил член на главниот одбор на НОФ на Македонците од егејскиот дел на Македонија.

Носител е на партизанска споменица од 1941 година.

Поврзано „На Вичо, еј Вичо планина“

Наводи

Литература Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985.

Надворешни врски

Побарав јавно аманет од Ташко Јованов за Илија Димовски Гоче ИЗВЕШТАЈ ОД ПАТРИК ХАЧИСОН ЕВАНС, ЧЛЕН НА БРИТАНСКА ВОЕНА МИСИЈА ВО ДЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО РАМКИТЕ НА ГРЦИЈА ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Категорија:Луѓе од Статица Категорија:Починати во Скопје Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941