Павле Раковски — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија. Роден е во село Долно Клештино, Леринско. По професија бил учител. Тој бил комунист од пред војната. Бил активист од летото на 1943 година во Воденско. Во јули 1944 година, тој бил член на Штабот на Воденскиот македонски баталјон. Бил член на Политичката комисија на Македонците во Грција, а од пролетта на 1945 година, тој бил член на Секретаријатот на Главниот одбор на НОФ.

Литература Егејска Македонија во НОБ 1945, Том II, Скопје 1973.

Категорија:Луѓе од Долно Клештино Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Грчки комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Починати во 1990 година