Тиквени (, Колокинту, до 1926 Τίκβενη, Тиквени)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Κολοκυνθού — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 10 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро меѓу реките Белица и Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 634 метри.
Историја
Во XV век во Кономлади биле евидентирани 35 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тиквени се состоело од 49 семејства со 20 жители муслимани и 130 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 107. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Тиквени имало 190 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
Во почетокот на XX век целото население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година поминало под влијание на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1933, стр. 125.. Истата година турските власти не дозволиле наставникот Д. Георгиев од Шестево да отвори бугарско училиште во селотоРайчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36. Според грчкиот весник Емброс уште во јануари 1903 година турскиот аскер го изгорел селото заедно со Горенци и ЖупанишчаEMBROS, 31.1.1903, стр. 3. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тиквени се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 45 куќи.
Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 200 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 35 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8..
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 207 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 145 жители, со 15 христијански семејстваМилојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. - Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς / Τ . Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, едно лице се засолнило во Бугарија
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Колокинту..Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Две деца од селото биле протерани како деца бегалци, додека други 21 деца биле одведени од страна на грчките власти во Солун и биле предадени на фондацијата на кралицата Фредерика, Агија ТријадаМатинова, Фана Буцкова. И ние сме деца на мајката земја ..., Скопие, 1998, стр. 51-52..
Демографија
Во 1928 година селото броело 220 жители., додека во 1940 година селото броело 282 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 204 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 215 жители, во 1971 година имало 285 жители, во 1981 година имало 604 жители, додека во 1991 година имало 614 жители. Денеска, населението на селото е 704 жители според пописот од 2001 година.
Личности
Родени вО Тиквени Апостол Живков Кирил Велев (1892-1974)Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 372. Костандо Живков (? - 4 декември 1904) Наум Крстев Никола ДаровМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 200. Никола Тодоров (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 712. Ставри ДиневМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 240. СтерЈо Живков Христо Живков Христо Петров
Наводи
Категорија:Костур (општина)