мини|десно|250п|Управата на Костурскиот Округ во Костур Костур или Костурски Округ (, Перiферејаки енотита Касторјас) — округ во областа Западна Македонија, денес Грција. Сместена е во северозападниот дел на Егејска Македонија и се состои од три општини: Костур, Нестрам и Рупишта. Администратицен центар е градот Костур. Општините се сочинети од вкупно 15 општински единици, составени од поголем број села.
Географија
Костурскиот Округ се граничи со окрузите Леринскиот на север, Кожанскиот на исток и југ, Гребенскиот на југ, Јанинскиот на југозапад и со албанскиот округ Девол на запад.
Подрачјето на Костур е претежно планинско, со изразено континентална клима, што значи дека има студени зими и топли лета.
Во средината на округот се наоѓа Костурската Котлина со убавото Костурско Езеро, на кое се наоѓа и самиот град Костур. Од северозапад, котлината е ограничена од планината Орлово, која го дели Костурско од подрачјето на Девол во Албанија и грчкиот дел на Мала Преспа — општината Општина Преспа. На североисток е Нередска Планина (Вич), која пак го дели Костурското од Леринското Поле. На исток планината Мурик е границата со Кајларското Поле. На запад планината Грамошта и на југозапад планината Горуша го делат Костурско и воопшто Егејска Македонија од Епир и областа Колоња во Албанија. На југ котлината е релативно отворена по долината на Бистрица кон Гребенско.
Географската граница меѓу Македонија и Епир не се совпаѓа точно со административната граница на округот — дел од селата Нестрамско географски припаѓаат на Епир, но административно се водат под Костур.
Најважни реки што се слеваат во Костурско се Бистрица и нејзината западна притока Белица. Во Грција, Белица се смета за почеток на Бистрица.
Во Костурско има четири јасно издвоени историско-географски области: Корешта, Костенарија, Пополе и Нестрамско.
Главна патна магистрала е GR-15, која оди во правец север-југ и го поврзува Костур со Лерин на север и со магистралата „Егнатија“ на југ.
Општини и општински единици Округот се состои од три општини (посочени се и нивните броеви на картата). Секоја општина е составена од извесен број општински единици, а секоја од нив има извесен број населени места (понекогаш само едно).
Називите на општинските единици не секогаш се водат според некое населено место. Може да бидат сосема измислени, или пак дадени во чест на некоја личност (на пр. пропагандистот Јон Драгумис). Затоа, ваквите единици немаат македонски имиња.
Општините се следниве:
Костур (Касторија) (1) Нестрам (Несторио) (2) Рупишта (3)
Костур
мини|десно|Поглед на Костур и брегот на Костурското Езеро Општината Костур (грч. Καστοριά) е поделена на следниве општински единици:
Вич Кастраки Клисура Корешта Костур Македон Света Троица Свети Врач Четирок
Нестрам
мини|десно|Поглед на Нестрам од планината Горуша Општината Нестрам (грч. Νεστόριο) е поделена на следниве општински единици:
Акритес Аренес Грамошта Нестрам
Рупишта
мини|десно|Поглед на црквата „Св. Нектариј“ во Рупишта. Општината Рупишта или Хрупишта (грч. Άργος Ορεστικό) е поделена на следниве општински единици:
Јон Драгумис Рупишта (Хрупишта)
Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 75 населени места и сочинуваат околу 40% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 20.000 Македонци.
Поврзано Костурски дијалект Носии од Костурско Костурско Езеро Список на села во Костур
Наводи
Надворешни врски
Управа на Костурскиот Округ
Категорија:Окрузи во Егејска Македонија Категорија:Окрузи во Грција