Тухол или Тул (, Певкос или Πεύκο, Певко; до 1928 г. Τούχουλη, Тухули) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 22 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа областа Нестрамкол, на 40 км југозападно од Костур и на 15 км од Нестрам. Лежи на Тухолска Река, на надморска висина од 980 м во северното подножие на планината Горуша.

Историја Во Отоманското Царство Тухол во подалечното минато било македонско село, напуштено во немирни времиња. Потоа тука се доселиле Грци Качауни. Според месни преданија, во новиот облик селото е основано околу 1800 г. од Миц Дукас, мајстор градител од коничкото село Присојани, приморан да избега од Али-паша Јанински. На местото се доселиле и други христијански семејства — Ризопулос, Цјулос, Киркопулос, Христопулос, Трандос, а во Горното Маало Законс, Лицос. Лингос се од Џумерка, Цјулос и Закос од Чамерија, Киркопулос, Ламбропулос, Апостолидис и Христопулос се од Арава, Горичко, Трандос се од Куцуфљани, а Лицос од Епир.

Во месноста Чаир над Тухол се доселиле Албанци муслимани кои почнале да ги малтретираат жителите на Тухол. Околу 1870-1880 г. многу жители го напуштиле селото. Некои од Ризопулос прешле во Ланга и Витан (Костурско), Вратин (Кожанско) и Босклово (Епир).

На крајот од XIX век Тухол било големо село во Костурската Каза. Во статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Тухол е заведен двапати: еднаш како село со 80 жители Македонци и 120 Арнаути христијани а другпат како село со 240 души Грци христијани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тухул е чисто грчко село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 20 куќи.

За време на Илинденското востание во Тухол влегла големата чета на Васил Чакаларов. Според неговиот четник Кирјак Шкуртов, селото имало 30 куќи на Грци христијани и 40 куќи на Албанци муслимани. Поради вооружениот отпор на месните муслимани, „турското“ маало е запалено. Според Пандо Кљашев са изгорени се 15 „турски“ куќи.

Целото христијанско население на Тухол било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тухол имало 100 жители Грци.

Според грчка статистика во 1905 г. Тухол имал 294 жители.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Pefkos .

На почетокот на XX век во околината дејствувала албанска чета на Сали Бутка, кој собирал пари и добиток од Јановени, Пилкати, Слимница и Тухол.

Според Георги Константинов Бистрицки Тухул пред Балканските војни има 30 грчки куќи, а според Георги Христов и 1 влашка.

Во Првата балканска војна За време на Првата балканска војна на 11 ноември 1912 г. грчката војска влегла во Костур, а турската се повлекла кон Горица (Корча). Во Тухол пристигнала 50-члена чета на чело со Димитрис Кордистас, со намера да ги опожари муслиманските села Чаир, Загар и Фуша и успеала да го запали Чаир. Меѓутоа, во Загар стасал Сали Бутка со двајцата синови и нивната чета од 200 души, настапил кон Чаир, а потоа кон Тухол. Грците христијани од Тухол пребегале во Нестрам, а Арванитите (православните Албанци) во Ревани. Дел од четата на Кордистас зазела позиции на височината Ај Танаси (Псилорахи) за да го брани Тухол. Бутка ја раздвоил четата на два дела — едната настапила кон Тухол по реката, а другата низ Кула - Дервент - Тодоро. Втората чета е пресретната од одред на на Јован Котронов (Јоанис Котронис) од Јановени и во борбата е убиен тој, заедно со уште тројца соработници. Албанците влегле во Тухол и почнале да ги палат куќите во Горното Маало; изгореќе куќите на Трандос и Киркопулос, како и четири арванитски куќи. На помош на селото дошла чета од Котелци на чело со Јотас Јоргос, која заедно со четниците на Ај Танаси ги истерала Албанците на Бутка. На 2 декември грчката армија ги разбила отоманските единици кај Смрдеш и V Дивизија почнала да напредува кон Шак. Капетаните Никола Белов и Суљо во Јановени се обиделе да му се спротивстават на Бутка, но жителите на Јановени, Слимница и Пилкати избегале во Калевишта и Нестрам. Албанците од Видово влегле во Јановени и го опљачкале. Потоа жителите на албанските села Загар и Фуша пребегале во Ерсека, а грчката војска влегла во Тухол.

Во Грција Во 1913 г. согласно Букурешкиот договор селото влегло во состав на Грција, кога населението броело 334 жители. Истата година е изградена црквата „Св. Петка“. Во месноста Чаир (Ливади), на местото на уништеното албанско село во 1913 г. е подигната црквата „Живоносен Извор“.

Во 1920 г. со пари на иселеници од Америка е построена училишна зграда. Таа година во Тухол се попишани 334 жители.

Во 1928 г. селото е преименувано во Певкос и во него живееле 372 лица. За време на Граѓанската војна Тухол силно пострадал и неговите жители се намалиле на половина. Многу од нив се доселиле во Мањак.

Во 1953 г. кон атарот на Тухол се придодадени атарите на напуштените македонски села Слимница, Јановени и Пилкати.

+ Месности во Тухол преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Цаг Караули Τσάγκ Καραούλι Корифи Гулиу Κορυφὴ Γούλιου врв на Грамошта (1.622 м), ЈИ над Линотопи Цаг Караули Τσάγκ Καραούλι Корифи Барику Κορυφὴ Μπαρίκου врв на Грамошта (1.632 м), ЈИ од Линотопи Порта Осман Πόρτα Όσμὰν Дјавос Тагматарху Порти Διάβασις Ταγματάρχου Πόρτη превој на Грамошта, З од Фуша, близу границата со Албанија Геркина Γκερκίνα Геракина Γερακίνα местност на Грамошта, Ј од Слимница, во ЈИ подножје на врвот Улца (1.202 м) Улца Οὔλτσα Порос Πόρος врв на Грамошта (1.622 м), Ј над Слимница Белца Μπέλτσα Потамија Ποταμιά месност по Десниот брег на Бистрица (Белица), СИ од Фуша, ЈЗ од Пилкати и Ј од Слимница Оторице Οτορίτσε Станес Στάνες врв на Грамошта (1.385 м), Ј над Јановени Мексово Μέγοβο Месорахи Μεσοράχη месност С од Пилкати и втора месност на Гал’мбица, СИ од Јановени Судика Σούντικα Ватилакос Βαθύλακος река Слепесумена Σλεπεσούμενα Аденексо ῎Αδενέξω врв на Гал’мбица, С над Јановени Гаци Γκάτσι Каваларис Καβαλάρης врв на Грамошта (1.301 м), З над Омотско Њасија Νιάσια Гераки Γεράκι врв на Горуша (1.386 м), СИ над Мирославци Монок Μανάκι Скаломата Σκαλώματα месност Ј од Тухол Чаир Τσαΐρια Воскотопос Βοσκότοπος месност, поранешно село, З над Тухол Крицес Κριτσεές Критиес Κριθιές месност на Горуша, ЈИ од Тухол Тухол Τούχουλι Тихерон Τυχερόν врв на Горуша, И над Тухол (1.517 м), ЈЗ над Дреново Коловози Κολοβόζι Перасма Πέρασμα шума на Грамошта, С од Тухол Стеничка Τσάμ Ἀστένα Врахос Βράχος врв на Гал’мбица (1.302 м), СИ над Омотско Колиби Зеленград Καλύβια Σελενγράφ Каливија Амудес Καλύβια Αμμοῦδες колиби под врвот Амуда (1.546 м) на Гал’мбица

Население

Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Петка“ од 1913 г. „Живоносен Извор“, изградена во 1910-тите на местото на уништеното албанско село Чаир

Личности Атанасиос Папаризос (Αθανάσιος Παπαρίζος) — андартски деец, агент од ІІІ ред

Наводи

Надворешни врски Портал за Тухол

Категорија:Нестрам Категорија:Грамошта