Сутлијач или сутлијаш (турски: sütlaç) е вид сладок десерт што се добива со варењето на ориз во млеко.

Сутлијач се приготвува со варењето на ориз во млеко со додатоци: шеќер, дарчин, ванилин екстракт или шеќер а може да биде украсен со рендано чоколадо или овошје. Се служи топол или ладен во порции (чинии).

Оваа посластица е редовно јадење на македонската, српската, бугарската и турската кујна од каде и потекнува овој десерт.

Галерија

Поврзано Лапа Баклава Шербет Боза Кадаиф Тулумба

Наводи

Категорија:Јадења од ориз Категорија:Македонска кујна Категорија:Балканска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Турцизми