Меѓународната шпедиција често се нарекува и национална шпедиција. Истата постои кога испораката или доставувањето на стоката се врши меѓу разни земји во надворешно-трговскиот промет, така што шпедитерските работи се поврзани со меѓународниот превоз на стока и на други пратки: од своја и странска земја („извозна шпедиција“); од странска и своја земја („увозна шпедиција“); и меѓу странски земји преку својата земја („транзитна шпедиција“).

Категорија:Шпедиција