Јажинце — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.
Според пописот од 2002 селото брои 1.099 жители, од кои 1.098 Албанци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 913 жители, од кои 884 Албанци и 29 лица без податоци.
Родови Јажинце е албанско село, а до крајот на 20 век имало и Македонци во селото.
Според истражувањата во 1940-тите родови во селото се:
Македонци: Јовчевци (2 к.) они се староседелци. Албанци: Незеле (24 к.), Коље (15 к.), Миаје (17 к.), Имиште (11 к.) и Пуљак (3 к.). Сите родови доселени се од разни места во северна Албанија, сите се доселени до средината на XIX век.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2132 и 2132/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.118 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Црквиште, средновековна црква и некропола. Според историските извори, на горната страна на селото постоела црква посветена на Св.Спас. На површината се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции и фрагменти од керамички садови.Селишчев А.М., 1929Новаковиќ С.Т.,1906
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Од селото се иселени повеќе Македонци. Се памтат многу иселени македонски родови како: Блажевци, Шиндаровци, Јаќимовци, Димовци, Јанковци, Ристовци, Јошевци и др. Многу од нив се иселени во Тетово, некои и на други места.
Во околните села познати се следните родови иселени од Јажинце: Јажинковци (3 к.) се иселени во селото Јанчиште.Кичиновци (6 к.) иселени се во селото Кучково, Скопско. Војиновци (4 к.) иселени се во селото Волково, Скопско. Они од Волково имаат иселеници и на други места.
Од лозата на Шиндаровци, преселени се во населени места околу Скопје: Драчево, Црешево, Лисиче.
Од муслиманските родови иселеници има во: Пржалар иселени се во селото Прошовце. Јажинци (11 к.) иселени се во селото Долно Свиларе, Скопско. И на двата рода подалечно потекло им е од северна Албанија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Јегуновце Категорија:Македонско-косовски гранични премини