Јазичното интерпретирање или толкување е интелектуална активност на поедноставна комуникација со говорениот јазик или јазикот на знаци, и тоа симултано и консекутивно меѓу две или повеќе употребени јазици. Функционално, интерпретирањето и толкувањето не можат да се изедначат меѓусебно. Во професионалната смисла на зборот, интерпретирањето ја покажува појавата на поедноставување на формата на комуникација или јазичната форма во својот еквивалент, или приближен еквивалент, и тоа во друга јазична форма. Толкувањето го покажува самиот исход, а притоа доаѓа до преточувањето на пораката во говор, јазикот на глувонемите, писмениот, на вербалните знаци или други јазични форми. Сето тоа е многу важно, со цел да се избегнат недоразбирањата. Всушност, толкувачот е личноста, која го преточува, преведува изворниот јазик во јазикот цел. Задачата на толкувачот е да ги преведе усно сите семантички елементи (тонот и содржината) и секоја намера и чувство на пораката, што ја дава говорителот на говорниот јазик и таа треба да се пренесе на слушателите, значи на јазикот цел. „Толкувањето за Европа... во англискиот јазик“ ("Interpreting for Europe ... into English") е кратка снимка на YouTube, која содржи информации за работата на толкувачите, кои ја даваат најголемата услуга на толкување.

Историја на толкувањето Се претпоставува дека толкувањето настанало веднаш по создавањето на јазиците, пред речиси 100.000 години. Меѓутоа, историјата на толкувањето сè уште треба да се истражува. Нема многу информации за тоа. Постојат некои податоци дека постоеле толкувачи во старото египетско царство, потоа во Стара Грција и во Рим. Ама сигурно постоеле и во други земји.

Во минатото постоел добар принцип за обучување на толкувачи. Државните раководители меѓусебно разменувале т.н. „јазични момчиња“ или enfants de langue, кои израснале татковината и многу добро го владееле мајчиниот јазик. По самата рамена настанал процесот на учење на јазикот од другата држава. Потоа служеле на кралеви, кнезови и сл.

Денешната форма, на тоа што значи да се биде толкувач, е сосема поинаква. Во 20 век толкувачот се издигна на едно многу повисоко ниво. Постојат најразлични видови на толкување. Симултаното толкување (освен толкување со шепотење, за кое се вели дека настанало порано) се смета за првата дисциплина на толкувањето. За првпат се употребила во нирнбершкиот процес. Познат германски толкувач на 20 век беше Паул Ото Шмит, кој работел во министерството за надворешни работи во Третиот Рајх.

Во денешната дипломатија не може да се замисли државна посетата на пример на некој политичар без личен толкувач. Билатералните средби се водат во најмалку шест очи. За успешно обучување на професионални толкувачи ширум светов се основаа катедри. На пример во Република Македонија Катедрата за преведување и толкување започна со својата работа во академската 2001/2002 г.

Толкувањето наспрема преведувањето Покрај тоа што можат да се користат меѓусебно, толкувањето и преведувањето не се синоними, сепак тие се однесува на усниот и писмениот превод на некое одредено значење меѓу два јазика. Толкувањето се среќава во вистинското време, во сегашно време- и притоа физички (значи на лице место), снимено на телевизија или реализирано по телефонот- и тоа на одредена група. Сите овие услуги толкувачот може да ги реализира со партнер или сам. Од друга страна, пак, преведувањето е преведување или преточување на некое мислење од писмена на писмена форма (пишано, снимено на касета, знак) на некој друг јазик. Преведувачот има време и пристап до други извори (речници, глосар и сл.) за да даде веродостоен, вистински и точен преведен документ, односно превод. Многу чест, непрофесионален и неуспешен концепт на толкувањето е кога се толкува збор по збор, значи кога се употребува иста таква синтакса на преведувањето. Тоа е непрактично, бидејќи буквално толкување на пораката на јазикот извор би бил нелогичен и неразбран од слушателот на јазикот цел. На пример, фрази од шпански јазик: Está de viaje, буквално оваа фраза би се превела на англискиот јазик како: Is of voyage (без значење во англискиот јазик), ама во овој случај верен, точен и прецизен превод со тоа значење би бил ‘He/She/You is/are travelling’ or ‘He/She/You is/are out of town’ или „тој/таа/ти патува(ш)“ или „тој/таа/ти не е/си во градот: Целото значење, тонот и стилот се најважни во овој случај, а не синтаксата на изворниот јазик.

За разлика од преведувањето, толкувањето треба да биде на еден поголем стандард на прецизност . Кај преведувањето има повеќе време за размислување и можност на замена на секој збор или реченица пред да му се даде на клиентот крајниот преведен текст. Толкувачот се обидува во секое време да постигне прецизност, ама може да испушти некои детали, податоци на оригиналниот (изворниот) говор и при толкувањето да се изостави нешто во јазикот цел. Тоа се прави пред сè кога говорителот зборува многу брзо или набројува повеќе работи без правење на пауза.

Меѓутоа професионалниот толкувач, кој е веќе извежбан во симултано толкување никогаш не ја изоставува информацијата од изворниот јазик, бидејќи се учи на тоа да ја зачува и каже истата информација во јазикот цел. На пример, кога се толкува од англискиот на шпанскиот јазик, тие можат да го скратат толкувањето во граматичкиот род на посебната употреба и описните придавки, кои не се употребуваат во англискиот јазик.

При толкувањето во суд не е дозволено испуштање на информација од изворниот јазик, се едно колку брзо зборува изворниот говорител, бидејќи прецизноста за толкувачите не е само принцип туку и задолжителност. Менувањето на дури само еден збор во основниот начин може целосно да доведе до погрешно разбирање на фактите. Најважниот фактор за тоа ниво на прецизност е употреба на тим од два или повеќе толкувачи и тоа за време на еден подолг процес, со еден активен толкувач и вториот како надгледувач за поголема прецизност.

Говорителите на средба во која се толкува може да овозможи за подобра комуникација и пренесување на својата порака во другиот јазик со побавно зборување и со правење на паузи од 1 до 2 секунди на крајот на секој параграф.

Начини на толкување Едно од можните начини на толкување е симултаниот. При симултаното толкување (СТ), толкувачот веднаш ја пренесува пораката во јазикот цел додека го слуша изворниот јазик. Целиот процес се прави симултано, а тоа значи истовремено.

Консекутивното толкување (КТ) е претставено како ‘кратко КТ’ или ‘долго КТ’. При краткото КТ толкувачот се препушта на меморијата. Секој дел, сегмент на порака е доволно краток да се запомни. При долгото КТ толкувачот фаќа белешки од пораката и на тој начин може да запомни подолги делови од текстот. Овие неформални делења претходно се договорени со клиентот, и зависат од темата, својата тежина и намерата на толкувањето.

Во некои случаи, пожелно и барано е од толкувачот да толкува и знаци. Пред сè тоа се бара при консекутивното толкување. Има една очигледна разлика меѓу толкувачот и преведувачот. Толкувачот гласно мора да го чита документот од изворниот јазик на јазикот цел, на таков начин како да бил напишан на јазикот цел. Преведувањето се однесува на пишан текст и почесто се јавува со судска или медицинска терминологија.

Честа појава при СТ е, покрај другото, преземање на реле. Преземањето реле при толкувањето се јавува кога неколку јазици се јазикот цел. Толкувачот на изворниот јазик ја преведува пораката на еден јазик од кој ќе може секој толкувач да ја преземе и да ја истолкува во својот јазик цел. На пример, пораката на јапонски јазик, како изворен јазик, прво се толкува од група на толкувачи на англиски јазик, а потоа од англискиот јазик ќе може да се преведе на арапски, француски и на руски јазик, односно на сите јазици кои се јазици цел.

Симултано толкување При симултаното толкување, толкувачот колку што е можно побрза ја формулира пораката од изворниот јазик во јазикот цел и истовремено говорителот продолжува да зборува на изворниот јазик. Толкувачот седи во кабина со звучна изолација и при СТ зборува преку микрофонот, а истовремено го слуша и гледа говорникот на изворниот јазик преку слушалки и монитор. Со симултаното преведување за слушателите се преведува кон јазикот цел , кои преводот го слушаат преку слушалките. На тој начин се заштедува многу време, и на пример седницата е многу покуса. Забелешка: Непрофесионалните лица често погрешно го изедначуваат СТ и толкувачот на СТ со ‘симултан превод’ и ‘симултан преведувач’, и притоа ја игнорираат ја разликата меѓу толкувач и преведувач.

Толкување со шепотење При толкување со шепотење (на француски chuchotage), толкувачот стои или седи до мал број на слушатели, кои го слушаат јазикот цел и тој толкува симултано за онаа што се зборува. Овој метод не бара некоја определена опрема. Тоа се употребува во оние околности , кога мнозинството од групата го зборува изворниот јазик, а малцинство (идејално до тројца) не го зборуваат, односно не го разбираат.

Консекутивно толкување thumb|right|При консекутивното толкување, толкувачот Патрисија Штиклин на Гари Каспров го толкува говорот на Клаус Беднарз. thumb|right|При консекутивното толкување, толкувачот Патрисија Штиклин фаќа белешки од говорот на Гари Каспаров. thumb|right|При консекутивното толкување, толкувачот Патрисија Штиклин на публиката и го толкува говорот на Гари Каспаров.

При консекутивното толкување, толкувачот започнува со зборувањето кога говорителот на изворниот јазик завршил со зборувањето. Говорот е поделен на сегменти, и толкувачот при КТ седи или стои до изворниот говорител, и притоа слуша и фаќа белешки за пораката што ја пренесува говорителот. Кога говорителот прави пауза или го завршил говорот толкувачот ја толкува целата порака во јазикот цел.Говорот или некои единици од него, што треба да се толкуваат консекутивно, по правило се кратки.

Пред педесет години, толкувачот при консекутивното толкување преведувал говори од 20 или 30 минути. Денес 10 или 15 минути се сметаат за предолго, пред сè поради тоа што слушателите не сакаат да слушаат говор на јазик кој не го разбираат повеќе од 20 минути.

Често говорителот на изворниот јазик не е свесен дека таа или тој може да зборува повеќе од една реченица. Притоа по секоја реченица или две прави пауза за да се толкува кажаното, ама понекогаш тоа може да го иритира толкувачот. Има различни ситуации при кои може да се олесни или отежни самото толкување. Најдобро е да се има некоја средина, и пожелно е толкувачот и говорителот да се договорат за брзината на зборување и за правењето на паузи. Сепак си постојат најразлични ситуации. На пример, зависно од тежината и темата на текстот и од способноста за памтење на толкувачот, тој може да го замоли говорителот да прави пауза по секоја реченица или секој пасус. Секако дека тие ситуации се ретки. Толкувањето на реченица по реченица не бара голема способност на памтење и затоа е помала можноста за испуштање на информации, а, пак, негативната страна е тоа што толкувачот не може да го слушне целиот говор и целата смисла, и наидува на некои проблеми при толкувањето, бидејќи не го слушнал целиот контекст и толкување во одделни единици може да го изгуби посакуваниот ефект (на пример замислете си го толкувањето на виц со паузи и преведување измеѓу паузите). Овој метод често се употребува при толкување на говори, изјави, снимени изјави, сведочења пред суд, па и интервју за вработување. Меѓутоа најдобро е да се добие одредена идеја ја тоа што се работи пред да се толкува.

Целосното, тоа значи да не биде поделено, консекутивното толкување подразбира целосното сфаќање на смислата, информацијата на пораката од изворниот јазик за да биде разбрана при толкувањето кон јазикот цел. Тоа поразбира поверодостојно, поточно и попристапно толкување отколку симултаното толкување.

Заедничко толкување (лиесон)