Нобелова награда за физика () — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на физиката. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833-1896). Останатите награди се: Нобелова награда за хемија, Нобелова награда за физиологија или медицина, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.

Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на Нобеловата задолжбина, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките. Првата Нобелова награда за физика е доделена во 1901 година на Вилхелм Конрад Рентген, од Германија.

Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година. Во 1901 година, Рентген добил 150.782 шведски круни, што е околу 7.731.004 шведски круни во декември 2007 година. Во 2008 година, наградата им е доделена на Макото Кобајаши, Тошихиде Маскава и Јоичиро Намбу, кои поделија износ од десет милиони шведски круни (малку повеќе од 1 милион €, или 1,4 милиони американски долари.

Наградата се доделува на секој 10 декември во Стокхолм, на годишницата од смртта на Нобел.

Добитници ГодинаДобитник Земја Заслуги190175пВилхелм Конрад РентгенГерманија„во знак на признание за исклучителните услуги во полза на науката со откривањето на извонредните зраци подоцна наречени по него“190275пХендрик ЛоренцХоландија„во знак на признание за исклучителните услуги во полза на науката со нивните истражувања за влијанието на магнетизмот врз зрачењето како појава“75пПитер ЗеманХоландија190375пАнри БекерелФранција„за откривањето на спонтаната радиоактивност“75пПјер КириФранција„за заедничкото истражување на појавите на зрачењето откриено од проф. Анри Бекерел“75пМарија КириПолскаФранција190475пЛорд РејлиВелика Британија„за неговите иследувања во густините на најважните гасови и откривањето на аргонот во состав на овие изучувања“190575пФилип ЛенардАвстроунгаријаГерманија„за неговата работа на катодната цевка““190675пЏозеф Џон ТомсонВелика Британија„за неговите теориски и опитни иследувања во електричната спроводливост на гасовите“190775пАлберт Абрахам МајкелсонСАД„за неговите прецизни оптички инструменти и спектроскопските и метеоролошки истражувања извршени со нив“190875пГабриел ЛипманФранција„за неговиот метод на фотографско доловување на боите на основа на брановата интерференција“190975пГуљелмо МаркониИталија“за нивните придонеси за развојот на безжичната телеграфија“75пКарл Фердинанд БраунГерманија191075пЈоханес ван дер ВалсХоландија„за неговата работа на состојбената равенка за гасовите и течностите“191175пВилхелм ВинГерманија„за неговите откритија во врска со законитостите на зрачењето на топлината“191275пГустаф ДаленШведска„за пронаоѓањето на автоматски вентил предвиден за употреба заедно со гасните акумулатори кај светилниците и пловките“191375пХејке Камерлинг ОнесХоландија„за неговите иследувања во својствата на материјата при ниски температури кои, меѓу останатото, доведоа до добивање на течен хелиум“191475пМакс фон ЛауеГерманија„за откривањето на дифракцијата на рендгенските зраци со кристали“ — важен чекор во развојот на рендгенска спектроскопија.191575пВилијам Хенри БрегВелика Британија„за нивните услуги во полза на науката во анализата на кристалната структура со помош на рендгенски зраци“, — важен чекор во развојот на рендгенската кристалографија75пВилијам Лоренс БрегАвстралија