Јаболкото - вид средноевропско овошје
Име Латинското име на јаболкото е pirus malus. На македонското јазично подрачје познато е и како лисница (Голешево, Демир Хисар).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 4
Производство и трговија Јабокото најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Австралија. Најпознати видови јаболко се: канадското, калифорниското, австралиското и јапонското. Најголеми производители на јаболко во светот се: Франција, Германија, САД, Кина, Австралија и др. Во 2005 година биле произведени најмалку 55 милиони тони јаболка, со вредност од околу 10 милијарди долари. Притоа, Кина произвела две третини од вкупната количина. Во Македонија, во 2012 година биле произведени 127.171 тони јаболка.
Најголеми производители на јаболка (2008) Држава Производство (Тони) Фуснота 27 507 000 F 4 237 730 2 660 000 F 2 266 437 2 211 000 F 2 072 500 2 001 400 1 800 000 F 1 390 000 F 1 300 000 F Свет 64 255 520 AБез симбол = официјални податоци, F = проценка на FAO, A = Агрегат (може да вклучува официјални, полуофицијални податоци, или проценки); Извор: FAO Јаболката во Македонија Јаболката е најраспространето овошје кое што успева и се одгледува ширум Македонија. Најпознати региони каде што се одгледува јаболка кои се препознатливи во секојдневниот живот, па и народното творештво се Преспа и Тетовско.
Опишувајќи ја Тетовската Каза и пишувајќи за нејзиното производство, економија и трговија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за јаболката запишал:
Преспанско јаболко
Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кои се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Република Македонија односно околу 80.000 тони.
Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.
Најзастапени сорти на јаболко се Ајдаредот со околу 63%, Златниот Делишес 20%, Црвениот Делишес 10% и други сорти со околу 7%.
Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на индустриско јаболко, што на нашата фабрика и овозможува достап до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет.
Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година официјално започнува годинашната берба на Преспанското јаболко.
На почетокот на бербата, што традиционално започнува на големиот христијански празник Крстовден, се очекува секоја година да надмине 100.000 тона.
Во 2016 година, поради ниските температури кои го зафатија Преспанскиот регион на крајот од април, родот со јаболки ебил преполовен во однос на минатите години, односно се собрале околу 50.000 тони јаболка. Околу 2.700 хектари јаболкови насади биле зафатени од мразот, а родот бил оштететен од 20 до 100 проценти.
Хранлива вредност
Јаболкото како тема во уметноста и популарната култура
Јаболкото е честа тема во народното творештво, литературата, сликарството и во популарната култура, као на пример: „Големото јаболко“ (Big Apple) - популарно име за Њујорк.
Јабокото како тема во книжевноста „Златната јаболкница јаболко и деветте пауници“ (српски: Златна јабука и девет пауница) — српска народна приказна.Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 39-47.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 59-71. „Четворицата сликари и јаболкницата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 74. „Јаболков цвет“ — песна на полскиот поет Мјечислав Јаструн.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 115-116. „Јаболко“ — расказ од збирката „Пожар“ на Живко Чинго.„Јаболко“, во: Живко Чинго, Пожар. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 83-87. „Речиси јаболко“ — суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 78. „Јаболкото што плаче и јаболкото што се смее“ — турска бајка.„Јабука која плаче и јабука која се смеје“, во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 86-95. „Гризни го јаболкото - македонска еротска проза“ — збирка раскази на С. Стојменска-Елзесер (приредувач).Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 23. „Јаболницата-табакера“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009. „Јаболко во темнината“ — роман на бразилската писателка Кларис Лиспектор од 1961 година.Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280. „Јаболкница“ — новела на Џон Голсворди.Џон Голсворди, Јаболкница, Скопје: Кочо Рацин, 1963. „Железната јаболкница“ (Gvozdena jabuka) — песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 11.Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 30-33. „Крунисано јаболко“ (Krunisana jabuka) — песна на Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 85. „Јаболко од крилото“ — збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1933 година.„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94. „Необрани јаболка“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 24. „Јаболкница“ — песна на Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 21-23. „Јаболкница“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 205.
Јаболкото како тема во музиката Црвено јаболко (српскохрватски: Crvena Jabuka) — босанска поп-рок група, основана во 1985 година.Discogs, Crvena Jabuka (пристапено на 10.9.2024) „Јаболка и вино“ (српскохрватски: Jabuke i vino) — песна на Жељко Бебек и на српската поп-група Зана.YouTube, Zeljko Bebek i Zana: Jabuke i vino (пристапено на 8.4.2017) „Јаболко“ (англиски: Apple) — песна на американското дуо Cibo Matto од 1996 година.YouTube, Cibo Matto - Viva! La Woman (Full Album) (пристапено на 22.4.2017)
Јаболкото како мотив во визуелните ументости „Јаболко“ — фотографија на Атанас Бајлозов.Искра Донева, Небеска раскрсница. Скопје, 2009, стр. 96.
Галерија
Наводи
Категорија:Овошје
Категорија:Растенија опишани во 1768 година
de:Kulturapfel#Früchte