Лајпциг () или Липск () — еден од двата најголеми градови (заедно со Дрезден) во сојузната покраина Саксонија, во Германија. Се наоѓа околу 200 километри јужно од Берлин на устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте на јужниот крај од Северногерманската Низина.
Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време на Светото Римско Царство се наоѓал на раскрсницата на Вија Регија и Вија Империи, два важни трговски патишта. Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура на полињата, како што се музика и издаваштво.The Frankfurt Fair , Uppsala Universitet. По Втората светска војна, Лајпциг станал голем урбан центар во рамките на комунистичката Германската Демократска Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.
Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот на комунизмот во Источна Европа со настаните кои се случиле во и околу црквата „Свети Никола“. Со повторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор, вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни натпревари, оперската куќа и зоолошката градина.
Во 2010 година, Лајпциг бил сместен на 68 место во светот по условите на живот, додека исто така во 2010 година, тој бил вклучен во топ 10 градови, кои треба да се посетат од страна на Њујорк Тајмс (New York Times).
Историја Име мини|Мотив од централното подрачје на Лајпциг Лајпциг е изведено од словенскиот збор Lipsk, кој означува „населба каде има липи“.Hanswilhelm Haefs. Das 2. Handbuch des nutzlosen Wissens. ISBN 3-8311-3754-4
Потекло
мини|лево|250п|Карта од енциклопедијата Мајерс, насликана Битката кај Лајпциг на 18 октомври 1813
Лајпциг бил првпат споменат во 1015 година во хрониките на бискупот Титмар од Мерзебург и во 1165 година, кога ги добил градските и пазарните права од Ото Богатиот. Лајпциг целосно ја обликувал историјата на Саксонија и на Германија и отсекогаш бил познат како трговско место. Саемот Лајпциг, започнат во средниот век, станал настан од меѓународно значење и е најстариот останат саем во светот.
Постојат записи за стопански рибарски операции на реката Плајсе во Лајпциг, кои постојат од 1305 година, кога грофот Дитрих Помладиот ги доделил рибарските права на црквата и манастирот Свети Тома.
Има голем број на манастири околу градот, вклучувајќи го бенедиктинскиот манастир по кој Barfussgässchen (Боса Алеја) — именувана и манастирот со ирски монаси близу денешниот Ranstädter Steinweg (стариот Вија Регија).
Основањето на универзитетот Лајпциг во 1409 година го започнал развојот на градот во центар на германското право и издавачката индустрија и довело кон тоа да биде место на Високиот суд (Reichsgericht) и Германската национална библиотека (основана во 1912 година). Филозофот и математичарот Готфрид Вилхелм Лајбниц е роден во Лајпциг во 1646 година и студирал на универзитетот од 1661 до 1666 година.
На 24 декември 1701 година бил воведен систем за осветлување на улиците на нафта. Градот вработил „светлосни“ стражари, кои требало да следат специфичен распоред за да обезбедат навремено обезбедување на нафта за 700 фенери.
XIX век
Регионот на Лајпциг бил арена на Битката кај Лајпциг помеѓу Наполеонска Франција и коалицијата на сојузниците Прусија, Русија, Австрија и Шведска. Таа била најголемата битка во Европа пред Првата светска војна и ставила крај на присуството на Наполеон во Германија и во крајна линија довела до неговиот прв егзил на Елба. Во 1913 година, споменикот на Битката на народите бил завршен, кој ја одбележувал стогодишнината од овој настан.
мини|250п|десно|Споменик на Битката на народите
Со терминалот на првата германска железница на долги растојанија до Дрезден (главен град на Саксонија) во 1839 година, Лајпциг станал центар на железничкиот сообраќај во Средна Европа, со главната железничка станица Лајпциг како најголема терминална станица по површина во Европа. Железничката станица има две големи влезни сали, традиционалната источна за изборниот кнез на Саксонија и западната за императорот на Германија.
Лајпциг станал центар на германските и саксонските либерални движење. Првата германска лабуристичка партија, Генералната германска работничка асоцијација (Allgemeiner Deutscher Arbeiterverein, ADAV) била основана во Лајпциг на 23 мај 1863 година од Фердинанд Ласале; околу 600 работници од цела Германија патувале на основањето на новата железничка линија. Лајпциг брзо се проширил на околу еден милион жители. Огромни основоположнички области биле изградени, кои главно ги преживеале воените и повоените уривања.
thumb|250px|left|Августусплац (Augustusplatz) со оперската куќа Лајпциг, околу 1900
XX век
Со отворањето на петтата производствена хала во 1907, Leipziger Baumwollspinnerei станал најголемиот производител на памук на континентот, вдомувајќи над 240.000 вретена. Дневното производство надминувало 5 милиони килограми предиво.
Градоначалникот на градот од 1930 до 1937 година, Карл Фридрих Герделер бил познат соперник на нацистичкиот режим во Германија. Тој поднел оставка во 1937 година, кога во негово отсуство, неговиот нацистички заменик наредил уништување на градската скулптура на Феликс Менделсон. На кристалната ноќ во 1938 година, една од најважните архитектонски градби во градот, синагогата на Лајпциг од 1855 година била намерно уништена.
Неколку илјади принудни работници биле сместени во Лајпциг во текот на Втората светска војна.
Исто така, градот бил тешко оштетен од сојузничките бомбардирање во текот на Втората светска војна. За разлика од соседниот град Дрезден, овој бил главно конвенционално бомбардиран со експлозии отколку со запаливи бомби. Последица на сето тоа е губењето на поголемиот дел од стариот дел на градот.
Сојузниците пристигнале во Лајпциг на крајот на април 1945 година. Втората пешадиска дивизија и 69-та пешадиска дивизија на САД се бореле за градот на 18 април и го завршиле своето освојување на 19 април, откако воделе жестока улична борба, во која често вклучувало борба за секоја куќа и блок.Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946 (Revised Edition, 2006), Stackpole Books, p. 78, 139.
Американските војници ѝ го предале градот на Црвената армија, како што се повлекла линијата со советските сили во јули 1945 година. Лајпциг станал еден од главните градови во Германската Демократска Република (Источна Германија).
Во средината на XX век, саемите во градот повратиле дел од важноста на градот, особено со економскиот блок на Источна Европа, кој бил на речен Comecon, на кој Источна Германија била член. Во тоа време, саемите биле одржувани на местото јужно од градот, близу споменикот на битката на народите.
Во октомври 1989 година, по молитвите за мир во црквата „Свети Никола“, основана во 1983 година како дел од мировното движење, започнала понеделнички демонстрации како најистакнати масовни протести против источногерманскиот режим.David Brebis (ed.), Michelin guide to Germany, Greenville (2006), p. 324. ISBN 086699077417 + video.
Лајпциг бил германски кандидат за Летните олимписки игри 2012, но не успеал.
Географија
Лајпцит се наоѓа на устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте, во низините околу Лајпциг, на најјужниот дел од Северногерманската Низина, која е дел од Северноевропската Низина во Германија. Местото се одликува со мочуришни области, иако на северниот дел на градот има варовник. Пејзажот е главно рамен, иако исто така присутни се морена и друмлин.
И покрај тоа што има шумски паркови во самиот градот, областа околу Лајпциг е релативно непошумена. Во текот на XX век, овде се наоѓале отворени копови, многу од нив сега претворена во езера.
Лајпциг се наоѓал на раскрсница на древните патишта, познати како Via Regia, која поминувала низ германските земји во правец исток-запад и Via Imperii со правец север-југ.
Лајпциг бил град со ѕидини во средниот век и моменталниот „прстен“ пат околу центарот на градот одговара на старите градски ѕидини.
Окрузи и соседни региони
Лајпциг административно е поделен од 1992 година на десет урбани окрузи, кои се составени од 63 подокрузи. Некои од нив одговараат на селата, кои биле придодавани кон Лајпциг.
+ Градски окрузи,Ortsteilkatalog der Stadt Leipzig 2008 нивната местоположба и врската со соседните окрузи Округ Нас. Површинакм² Нас.по км² Центар 49.562 13,88 3.570 Североисток 41.186 26,29 1.566 Исток 69.666 40,74 1.710 Југоисток 51.139 34,65 1.476 Југ 57.434 16,92 3.394 Југозапад 45.886 46,67 983 Запад 51.276 14,69 3.491 Стар Запад 46.009 26,09 1.764 Северозапад 28.036 39,09 717 Север 57.559 38,35 1.501
thumb|Окрузи и региони
Делич Језевиц Шкојдиц Раквиц Тауха 100п Борсдорф Брандис Маркранштет Маркклеберг Наунхоф Кицен Цвенкау Гроспесна
Клима
мини|Климатски дијаграм за ЛајпцигGeoklima 2.1
Лајпциг има континентална клима со летни температури понекогаш над 30 степени (до 10 дена) и многу често под нулата во зила (до 62 дена). Како и во цела Германија, снегот обично се задржува подолго време, некогаш неколку недели, или дури и месеци, во зима.
Најтопол ден досега бил на 9 август 1992 година со температура од 38,8 °C, додека најладно било на 14 јануари 1987 година со -24,1 °C.LIM - Klimastatistik - Extremwerte
Демографија
мини|Развој на населението од 1600 година
Населението на Лајпциг е околу половина милион со околу 11% стапка на невработеност. Пред повторното обединување на Германија било над 700.000. Многу работоспособни луѓе ја разгледуваат можноста да се преселат на запад да бараат работа и ова е факторот кој придонесува да се намалат стапките за зголемување на населението. Меѓутоа, стапката на наталитет за 2010 година била 5.414, највисока од обединувањето.Statistisches Jahrbuch 2011 liegt vor , официјално мрежно место. Сепак имало 5.788 умрени во Лајпциг за 2010 година, но населението се зголемило поради миграцијата. Просечната возраст на населението е 44.
Процентот на луѓе мигранти или оние со негерманско потекло е прилично низок спореден со другите германски градови; бројот на странски жители всушност паднал од 28.177 во 2008 година на 24.881 во 2010 година. До 2011 година, само околу 10% од населението било прва или втора генерација мигранти споредено со германскиот просек од 20%.
Бројот на малцинствата (прва и втора генерација) во Лајпциг по земја на потекла од 31 декември 2010 година:Migranten in Leipzig 2011 , официјално мрежно место.
МестоПотеклоБрој15.60023.10033.00042.10052.00061.60071.60081.100
Процент на население со мигрантско потекло Германци (без никакво мигрантско потекло) 90 % Германци со странско потекло/Странци 10 % поранешен СССР (главно Русија, Казахстан, Украина) 2 % муслимани/потекло од Среден Исток (Турција, Арапска лига, Иран) 2 % азиско потекло (главно Виетнам, Кина) 1,5% други (Полска, Југославија, Романија, Афрогерманци, Индија) 4,5 %
Архитектура
Лајпциг има многу згради со „основоположничка“ (Gründerzeit) архитектура и исто така многу станбени блокови од времето во режимот на Источна Германија. Градбата на Универзитетската црква, која била уништена од комунистите во 1968 година, моментално се обновува како секуларна градба. Градот, исто така, има бројни паркови и шумски области, како и голема зоолошка градина, која ја содржи најголемата збирка на примати во светот.
Култура Главни знаменитости
мини|250п|Ново градско собрание мини|250п|Седиштето на Сојузниот административен суд на Германија гледан ноќе мини|250п|Јоханапарк со Градскиот облакодер Лајпциг и кулата на Новото градско собрание мини|250п|„Палата Росбах“, една од многуте промотеристички градби во Лајпциг
Црква Свети Тома (Thomaskirche): попозната како место каде Јохан Себастијан Бах работел како главен диригент и дом на познатиот машки „Хор на Свети Тома“ (Thomasenchor);