Европскиот монетарен систем ги претставува институциите за регулирање на монетарните прашања во рамките на Европската Унија.

Историја Како одговор на намалувањето на побарувачката за американскиот долар, како и дивергенцијата на приоритетите на економската политика на земјите членки на ЕЕЗ, Европската комисија во 1969 година го предложила првиот план за основање Економски и монетарен сојуз во земјите на ЕЕЗ. Истата година, во Хаг, во 1969 година била донесена конечната одлука за трансформација на ЕЕЗ во монетарен сојуз. Оваа одлука претставува формална основа за создавање на Европскиот монетарен сојуз (ЕМУ). Првите обиди да се создаде економски и монетарен сојуз се опишани во Вернеровиот извештај (Werner Report) од 1970 година, кој предвидувал комплетирање на Унијата во три фази до 1980 година. Овој план предвидувал целосна конвертибилност на валутите на земјите-членки на ЕЕЗ, фиксни паритети на валутите, како и либерализирано движење на капиталот. Извештајот на Вернер ја дефинирал рамката и интензитетот на создавањето на монетарната политика. Исто така, се планирала и организацијата на централна банка на ниво на ЕЕЗ со заедничка кредитна и монетарна политика. Слабостите на извештајот на Вернер биле одразени во недостатокот на построги критериуми за координација на економските политики на членовите на ЕЕЗ во услови на монетарна интеграција.European parliament (2015), „A history of European monetary integration“, EPRS, Briefing, стр. 1-8.

Во април 1972 година, во Базел, земјите-членки на ЕЕЗ го потпишале Договорот за европската „монетарна змија“ (Snake in the tunnel), кој дозволувал флуктуации на девизниот курс на земјите-членки на ЕЕЗ во опсегот од ± 2,25% во споредба со средниот девизен курс. Овој систем имал најмалку две функции: 1) овозможил намалување на флуктуациите на девизниот курс меѓу членовите на ЕЕЗ и 2) обезбедил стабилност на европските валути во однос на доларот. Во него учествувале следниве земји: Германија, Белгија, Холандија, Италија, Франција, Британија и Данска.macronomy.blogspot.com (пристапено на 30.05.2019) Сепак, по интензивирањето на меѓународната економска и монетарна криза, во 1973 година, повеќето од европските валути преминале на флуктуирање во однос на доларот. Системот на „монетарна змија“ доживеал распаѓање кога него го напуштиле Британија, Италија и Франција. Затоа, во април 1973 година започнал со работа Европскиот фонд за монетарна соработка, кој се смета за претходник на Европската централна банка. Фондот бил основан со цел намалување на флуктуациите на девизниот курс и стимулирање на интервенциите на девизниот пазар.

Во 1978 година, на предлог на германскиот канцелар Хелмут Шмит, била издадена декларација за основање на Европскиот монетарен систем (ЕМС), која била усвоена од страна на Советот на министри на крајот од таа година. ЕМС официјално започнал со работа во март 1979 година и бил составен од сите тогашни членки на ЕЕЗ: Германија, Франција, Велика Британија, Белгија, Холандија, Луксембург, Данска, Ирска и Италија. ЕМС претставувал систем на фиксни но променливи девизни курсеви со интервал на дозволените флуктуации од +/- 2,25%, со што бил сличен на „змијата во тунелот“. Сепак, основната новина на ЕМС била воведувањето на Европската единица за пресметка (European Currency Unit, ECU), која претставувала кошничка на валути на членките на ЕМС. Европската пресметковна единица служела како мерка за утврдување на паритетот на девизните курсеви, како и за покривање на меѓусебните обврски на централните банки на земјите од ЕМС. Ваквиот систем се темелел на механизмот на девизни курсеви (Exchange Rate Mechanism), според кој, меѓусебните флуктуации на курсевите на европските валути биле строго ограничени во многу тесен распон, додека нивното движење на светските пазари било оставено да се формира слободно. Овој механизам популарно бил нарекуван „змија“.Секуловска-Габер, Билјана, Меѓународни организации и интеграции, Економски Факултет, Скопје, 2003, стр. 149.The European Central Bank, The Euro system, The European System of Central Banks, Imprimerie Centrale, Luxembourg, 2011, p. 4-7. Основните цели на ЕМС биле: да се воспосатви зона на монетарна стабилност во Европа, коориднација на девизните политики кон земјите надвор од ЕМС и да се постави патот до Европскиот монетарен сојуз.Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 44. Општо земено, европскиот монетарен систем дал задоволителни резултати, бидејќи во текот на 1980-тите години обезбедил конвергенција и намалување на стапките на инфлација, истовремено постигнувајќи завидна стабилност на девизниот курс.

Сепак, ЕМС бил повеќе од механизам на девизни курсеви, бидејќи го опфаќал и прилагодувањето на монетарни и економски политики како инструменти за остварување на стабилност на девизните курсеви. Како резултат на тоа, стапките на инфлација брзо се намалувале, при што следело подобрување на целопкупните економски резултати на земјите-членки и била обезбедена заштита на интра-европската трговија.Scheller K., Hanspeter, The European Central Bank: History, Role and Functions (2nd Revised Edition), ECB, 2006, p. 19-20.

Клучните одлики на EMС ECU Воспоставувањето на ЕМС било придружено од создавање нова пресметоковна единица, европска валутна единица или ECU. Технички гледано, ECU служела за сите официјални трансакции на Европската унија и претставувала лесен начин за дефинирање на централните паритети преку сите билатерални курсеви можат да се пресметаат. ECU била кошница со валути на сите земји членки, чија вредност била составена од официјалнта содржина на валутните удели на сите земји-членки. Но, маргините за флуктирање околу паритетите на ECU не биле исти за секоја земја. Причината е тоа што ECU била пондериран просек од сите валути на земјите-членки на ЕМС при што пондерите биле одредени според БДП на земјите и според нивното учество во трговијата внатре во ЕУ. ЕCU служела како пресметковна единица за трансакциите на централните банки на земјите членки на ЕМС и на Европската унија. Една од целите за создавање на ECU била да се појде еден чекор поттаму во правец на вистинската европска валута. Сепак, монетарните власти биле внимателни да не ѝ дадат на ECU каков било атрибут на вистинска валута: таа не циркулирала во јавноста и не се разменувала меѓу централните банки и јавноста. Од друга страна, таа била прифатена од пазарите обврзници при што се појавиле обврзници во ECU, најпрвин од страна на приватни корпорации, а потоа и од некои влади. Овие обврзници тргувани по неколку пазари, му дадоа на ECU сопствен живот. До 1991 година, кога бил потпишан договорот во Мастрихт, емисиите на обврзници изразени во ECU по својот обем ги надминале емисиите на обврзниците деноминирани во фунти или во германски марки.

+ Структура на ECU во септември 1989 година.Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 45. Валута Учество во ECU Белгиски франк 8,41 % Британска фунта 11,30 % Данска круна 2,64 % Холандски гулден 10,27 % Француски франк 20,28 % Германска марка 32,66 % Грчка драхма 0,49 % Ирска фунта 1,08 % Италијанска лира 7,51 % Луксембуршки франк 0,33 % Португалски ексудо 0,72 % Шпанска пезета 4,31 %

Зајмување EMS има доста уникатни одлики по кои се разликува од другите постојани системи. Прво, барем во теоријата, нема валута со специјален статус, како што беше американскиот долар во бретонвудскиот систем: сите паритети се дефинирани на основа на двојки. Второ, има разни начини на зајмување меѓу централните банки на земјите членки. Овој систем овозможува на краток рок секоја банка на земја членка да зајмува речиси неограничен износ од друга банка на земја членка. Се бара брзо враќање на зајменото, обично во рамките на 4-5 дена, но можни се и револвинг кредити . Трето, сите членки имаат депонирано во Европскиот фонд за монетарна обработка 20 % од златото и доларите што ги поседуваат. За возврат, централните банки имаат ECU депозити во фондот што можат да ги користат за меѓусебно порамнување. Досега оваа можност била само спорадично користена.

Колективно одлучување за девизните курсеви Конечно, EMS го карактеризира колективно одлучување. Една земја не може унилатерално да го измени својот ECU паритет во рамките на системот, кој го детреминира нејзиниот паритет наспроти сите членки во ERM. Одлуките за промени се донесуваат брз основа на конзесус. Тоа обично се случува во текот на викендите, кога девизните пазари се затворени, што овозможува време за преговори. Одлуката ги инкорпорира адекватноста на барањето за промена на пратитетот и големината на промената. И покрај навидум рестрикитвното правило, измените на курсевите воопшто не се ретка појава.

Механизмот на девизните курсеви Механизмот на девизните курсеви ја означува процедурата по која земјите-членки на ЕМС заеднички управуваат со нивните девизни курсеви. Механизмот се зановал врз паритетите меѓу одделните валути кои се пресметувале најпрвин во однос на ECU (наречени централни курсеви), а потоа од нив биле изведени паритетите меѓу одделните валути. При основањето на ЕМС во 1979 година, секоја валута можела да флуктуира слободно во рамките на плус/минус 2,25 % од централниот паритет, со исклучок на италијанската лира чија дозволена зона на флуктуирање била одредена на плус/минус 6 %. Меѓутоа, во септември 1993 година, дозволениот опсег на флуктуирање бил проширен на плус/минус 15 %. Кога девизниот курс на некоја валута во однос на друга валута се наоѓал на долниот или на горниот крај од дозволената зона на флуктуирање, тогаш централните банки на двете земји имале обврска да интервенираат на девизниот пазар за да го одржат курсот во дозволените рамки. Сепак, централните паритети не биле цврсто почитувани, туку одделни валути одвреме-навреме девалвирале. На пример, италијанската лира девалвирала за 6 % во јули 1985 година, а потоа за 3,7 % во јануари 1990 година; а во септември 1992 година, Италија и Обединетото Кралство се повлекле од Механизмот на девизните курсеви.Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 46.

При влегувањето во механизмот на девизните курсеви една земја се обврзува да ја одржува вредноста на својата валута во однос на другите валути-учеснички. Практично тоа значи дека централните банки мораат да преземаат неограничени интервенции на нивните домашни пазари за да го одбранат догворениот паритет. Арбитражата меѓу пазарите гарантира дека кога две валути ќе го достигнат нивниот билатерален лимит за флуктирање, тогаш двете централни банки ќе интервенриаат за да спречат секакво натамошно отстапување. Додека интревенциите на девизните пазари се обврзувачки кога курсот е на крајната точка од маргините, ентралните банки често интервенриаат уште додека курсот е длабоко во рамките на маргините. Целта на овие интервенции во рамките на маргините е да се убедат пазарите дека не се размислува за промената на курсот. Од очигледни причини, податоците за интервенциите се чувани од старана на централните банки. Од неколку ретки централнобанкарски студии познати се неколку факти. Прво, најголемиот дел од своите трансакции Бундесбанка ги правела во САД долари, додека другите членки користеле EMS валути и нивните ECU сметки. Второ, Германија интервенирала најмногу за да го одржи девизниот курс во однос на САД доларот, оставјќи им на другите централни банки да интервенираат за да го одржат девизниот курс во однос на германската марка. Преку често интервенирање, пред да дојдат до границите на своите маргини за флуктирање, другите централни банки ретко ја ставаат Бундесбанка во ситуација кога таа е принудена да интервенира. Вакви излети во тајниот свет на интервнециите откирваат дека Бундесбанка има специјална улога, ефикасно да го управува односот на EMS валутите и остатокот од светот, додека другите централни банки се грижат за нивните соодветни позиции.

Независноста на моентарната политика