мини|десно|исправено|180п|Икона на св. Димитриј и св. Ѓорѓи од Шкрапари, XIX век. Шкрапари или Шкрапар (, Аспронери; до 1928 г. Σκράπαρι, Скрапари) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 14 жители (2021).
Историја Во Отоманското Царство Црквата во селото „Св. Илија“ е изградена во 1836 г. и живописана од Аргир Михајлов. На крајот од XIX век Шкрапари било мал македонски чифлик во Костурската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Шкрапари имало 90 жители Македонци.
На почетокот на XX век целото население на Шкрапари било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. тоа прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Шкрепар (Chkrepar) имало 50 Македонци, сите под егзархијата.
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Шкрапари (Σκραπάρι) во 1910 г. имало 10 македонојазични семејства.
Според Георги Константинов Бистрицки, чифликот Шкрапар пред Балканските војни имал 8 макдонски куќи, а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Шкрапари имало 6 куќи, од кои 3 на Македонци и 3 на погрчени Македонци или погрчени Власи. Според сеќавањето на мештаните, дојденците биле од подрачјето на Грамошта, особено селото Дреново.
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано до грчка војска и во 1913 г. влегло во составот на Грција. Таа година населението броело 46 жители. Во 1920 г. во Шкрапари попишани се 48 лица.
Во 1928 г. селото е преименувано во Аспронери. Таа година е забележано со 114 жители поради доселување на неколку семејства од околните села.
За време на Граѓанската војна селото силно настрадало и населението се преполовило. 26 деца од Шкрапари се изнесени преку границата како деца бегалци.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Asproneri.
Население
Личности Георги Христов (1876- 1964) — македонски револуционер и роднокраен истражувач
Наводи
Надворешни врски Блог за Шкрапари