Бајконур (; ), порано познат како Ленинск, е град во Кизилординската Област на Казахстан, изнајмен и управуван од Русија. Бил изграден со цел да го опслужува космодромот Бајконур и бил официјално преименуван во Бајконур од страна на Борис Јелцин на 20 декември 1995.
Формата на изнајменото подрачје е елипса, со големина од 90 километри во правец исток-запад, и 85 километри север-југ, со космодромот во центарот.
Оригиналниот Бајконур е рударско гратче неколку стотици километри на североисток, близу Жезказган во казашката Карагандинска Област. Ова име било дадено на лансирната станица со цел да се предизвика забуна и да се зачува локацијата тајна. Овој град бил специфичн избран бидејќи траекторијата на летот на ракетите кои се користеле за лансирање на многу советски сателити, вклучувајќи го и првиот Спутник, поминувале близу над него. Името Бајконур на казашки значи богато кафеаво, т.е. плодна земја со многу билки. Сепак, железничката станица таму, која е постара од базата, го има зачувано своето старо име - Тјуратам.
Советската влада го основала научно-истражувачкиот полигон за проби (НИИП-5) со одлука донесена на 12 февруари 1955. Првите фотографии од полигонот за тестирање на ракети Тујуратам (или космодромот Бајконур) биле направени од страна на извидувачки авион од типот U-2 на 5 август 1957. Видете композитна сателитска снимка на лансирниот комплекс Тјуратам во рана фаза на развој заедно со космодромот (30 мај 1962).
thumb|none|Бајконур и реката Сирдарја.
Поврзано Космодром Бајконур
thumb|none|300px|Казачко момче со камила во Бајконур
Извори
Надворешни врски
RussianSpaceWeb.com за градот Бајконур Космодромот Бајконур
Категорија:Градови во Казахстан Категорија:Административна поделба на Казахстан Категорија:Затворени градови Категорија:Населени места основани во 1955 година Категорија:Населени места во Кизилординската Област