Либерија е република во Западна Африка. Има површина од 111,400 км2. Главен град е Монровија. Независна е од 1847 година. Населението е претставено со гвинејска група народи, со околу 20 различни племиња. Религијата е претставена со христијанство, анимизам и тотемизам. Службен јазик е англиски.

Потекло на поимот

Историја

Се смета дека голем дел од домородските народи на територијата на денешна Либерија мигрирале во периодот од 12 век до 16 век, главно од Западна Африка. Либерија, во почетокот на 19 век била основана од страна на Американското друштво за колонизација, како земја на ослободените црни робови од САД кои се вратиле назад на африканскиот континент. Во 1847 година Либерија станала независна, а во 19 век на нејзината територија се преселиле околу 13.000 поранешни робови. Доселениците останале одвоени од домашното население, кои ја задржиле својата власт и привилегија во земјата. Земјата била дестабилизирана во 1980 година кога бил извршен државен удар, по кое следувала нестабилниот политички живот во земјата главно поради големиот број на етнички народности. По крајот на Студената војна, во 1989 година во Либерија избувнала граѓанска војна, која војна со прекини од 1997 до 1999 година, траела до 2003 година.

Географија и клима

Политички систем

Административна поделба мини|десно|270п|Карта на грофовиите во Либерија Либерија е поделена на 15 грофовии (), кои стапиле во сила во 2008 г. Секоја грофовија понатаму се дели на окрузи (districts).

Грофовиите се следниве:

Бр.ГрофовијаАдмин. центарНаселение (2008)Конечни резултати од пописот во 2008 г. 1БомиТубманбург84.1192БонгГбарнга333.4813ГбарполуБополу83.3884Гранд БасаБјуканан221.6935Гранд Кејп МаунтРобертспорт127.0766Гранд ГедеЗведру125.2587Гранд КруБаркливил57.9138ЛофаВоинџама276.8639МаргибиКаката209.92310МерилендХарпер135.93811МонтсерадоБенсонвил1.118.24112НимбаСаникели462.02613Ривер СесРивер Сес71.50914Ривер ГиФиш Таун66.78915СиноеГринвил102.391

Стопанство

Демографија

Според податоци од 2006 година, населението на Либерија изнесува 3 042 004 луѓе. Службен јазик во земјата е англискиот.

Религија

Се проценува дека околу 40% од населението на Либерија се христијани, а исто толку се верници на старите африкански религии,International Religious Freedom Report 2007: Liberia. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост. околу 20% се муслимани, а мал дел се будисти, хиндуисти, атеисти итн. Од христијанските деноминации, најголеми верски групи се лутеранската баптистката, римокатоличката, евангелско-методистичката, сионската итн. Христијаните живеат главно во целата земја. Муслиманите се припадници на етничката група Мандинго и Ваи. Муслиманското население главно живее на западнмиот дел од земјата.

Христијани - 3,427,410 Муслимани - 478,800 Без Религија - 55,860 Народна Религија - 19,950 Други - 3,990

Култура

Музика

Спорт

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Држави во Западна Африка Категорија:Држави во Африка Категорија:Републики Категорија:Држави и територии настанати во 1847 година