Етиката (ethics) тешко се дефинира на прецизен начин. Во генерална смисла етиката е код на морални принципи и вредности кои го насочуваат однесувањето на поединецот или групата кон почитување на тоа што е правилно или погрешно. Етиката ги поставува стандардите за тоа што е добро или лошо во водењето и во одлучувањето. Етиката се справува со внатрешните вредности кои се дел од организациската култура и ги обликува одлуките вклучувајќи ја социјалната одговорност со почит кон надворешната околина. Денес етикатa е важен дел од секоја компанија, за успешна примена на етиката во секојдневното работење се формираат оддели за деловна етика. Етиката е присутна во ситуации во кои активноста на личноста или организација може да ги загрози другите.
Етиката може подобро да се разбере кога ќе се спореди со однесувањата раководени од законот и слободната. Човековото однесување може да се стави во три категории област на кодифициран закон (законски стандард), област на етика (социјален стандард) и област на слободен избор (персонален стандард).
Обаласт на кодифициран Закон (законски стандард) Област на етика (социјален стандард) Област на слободен избор (персонален стандард)
Првата е наречена закон, во кој вредностите и стандардите се напишани во законски систем и имплементирани во судовите. Во оваа област законодавците имаат регулирано дека луѓето и организациите мора да се однесуваат на одреден начин, како на пример да имаат возачки дозволи или да плаќаат данок.
Областа на слободниот избор е на спротивната страна од скалата и се однесува на однесувањето за кое законот нема збор индивуата и организацијата ужива целосна слобода.
Помеѓу овие две области се наоѓа етиката. Оваа област нема специфични закони туку има стандарди за раководење заснована на раширените принципи и вредности за моралното водење што го води поединецот или компанијата. Во областа на слободниот избор почитувањето се однесува на себеси. Во областа на кодираниот закон послушноста е кон законот испишан од законскиот систем.
Што е деловна етика Многу компании и индивидуалци влегуваат во неволја со поедноставеното гледање дека изборите се регулираат или со закон или со слободна волја. Тоа ги води луѓето до погрешна претпоставка дека ако нешто не е незаконско мора да е етично, како да нема трета област — етика. Подобра опција е да се препознае областа на етиката и да се прифатат моралните вредности како моќна сила за доброто која може да го регулира однесувањето и внатре и надвор во организацијата. Колку принципите на етиката и социјалната одговорност се пошироко распознати толку компаниите ќе можат да ги користат етичките кодови и организациската култура за да го управува однесувањето, поради тоа елиминирајќи ја потребата за понатамошни закони и избегнувајќи ги проблемите од неубозданиот избор. Бидејќи етичките стандарди не се кодирани, несогласувањата и дилемите за соодветното однесување се јавуваат често. Етиката секогасш се однесува на донесувањето на одлуки — а некои предмети тешко се решаваат. Етичките дилеми се јавуваат во ситуации кои го вклучуваат доброто и лошото, кога вредности се во конфликт. Доброто и лошото не можат начисто да се идентификуваат.
Етички структури Етичките структури ги претставуваат различните системи, позиции и програми кои компанијата може да ги преземе за да имплементира етичко однесување. Етичкиот комитет е група на извршители наменети да ја надгледуваат етиката во компаниите. Комитетот овозможува управување со дискутабилните предмети. Етичкиот комитет ја презема одговорноста за дисциплинирање на оние кои грешат, што е есенцијално доколку организацијата е под директно влијание на однесувањето на вработените. Многу организации денес имаат оддел за етика со целовремена работа. Овие канцеларии работат повеќе како советодавни центри отколку како «полициски оддели». Тие се зафатени со помагање на вработените да се справат со секојдневните проблеми или прашања. Бесплатната доверлива «жешка» линија им овозможува на вработените да го изнесат дискутабилното однесување као и болното раководење во однос на етичките дилеми. Канцелариите исто така спроведуваат тренинзи засновани на организациониот етички код или кодот за бизнис управување, па вработените можат да ги преведат вредностите во дневно однесување. Тренинг програмите се важен додаток на напишаниот етички код.
Обелоденување Откривањето на незаконски пракси од страна на вработените е наречено обелоденување. Ниедна организација не може навистина ексклузивно со кодови на раководење и етички структури да го спречи неетичкото однесување. Држењето на организациите неизмерно зависи од индивидуалци кои се волни да обелоденат некое неетичко однесување. Обелоденувачите често известуваат за лошото однесување на некој надвор од компанијата како регулаторни агенции, новинари итн. Некои фирми имаат индтитуционирани информативни програми да го охрабрат и поддржат внатрешното обелоденување.
Етика и револуцијата во менаџментот Многу од компаниите сфатија дека успехот може да се мери на многу начини, од кои не сите се покажуваат во финансиски извештај. Како и да е, врската помеѓу етиката во корпорациите и социјалната одговорност на нивната финансиска изведба ги опфаќа и двете: менаџерите и специјалистите по менаџмент. Една од причините на менаџерите е дали доброто граѓанство ќе ги расипе перформансите — после се етичките програми кои чинат пари. Бројни истражувања беа преземени за да откријат дали зголемената етичка и социјална одговорност ја намалува или ја зголемува финансиската изведба. Студиите пронајдоа различни резултати но генерално пронајдоа дека има мала позитивна корелација помеѓу социјалната одговорност и финансиската изведба.
Културата во етичкото однесување Културниот релативизам претпоставува дека нема правилен начин на однесување, етичкото однесување е детерминирано од неговиот културен контекст. Етички империјализам — обидот на некој однадвор да наметни етички стандарди на некој кој е од друга култура. Менаџерски бележник Како компаниите ги почитуваат основните или универзалните вредности:
Почитување на човечкото достоинство создавање на корпоративна култура која ќе ги цени вработените, клиентите и добавувачите одржување безбедност на работното место да се произведуваат квалитетни производи и услуги Почитување на основните права штитење на правата на вработените, клиентите и општините избегнување на сè што може да ја загрози безбедноста, здравјето, образованието и животниот стандард Биди добар граѓанин поддржи ги социјалните институции вклучувајќи ги и економските и образовните системи работи со локалните власти и институции за заштитување на околината.Source: John Schermerhorn: «Management, Sixth edition», four views of ethical behavior, 1999, p.119
Етика на работното место Класичниот извадок вели: «етичкиот бизнис е добар бизнис». Истото може да биде кажано на сите поединци и институции низ општеството. Но вистинскиот тест е кога менаџерот или работникот доаѓа во ситуација да ги испробува своите лични верувања или стандарди. Овие дилеми се дел од предизвиците на модерното општество.
Што е етичка дилема Етичката дилема е ситуација во која се бара избор од потенцијалните текови на акции, кои иако се корисни за личните или организациските интереси, можат да бидат неетични. Тоа се такви ситуации во кои мора да се преземат одредени акции но нема консензус за тоа што е правилно а што не. Во анкетата на списанието на Харвард Бизнис Школото направено врз претплатниците, дојдено е до заклучок дека најчесто етичката дилема се јавува кај менаџерите инволвирани со конфликти со надредените, подредените и клиентите. Обично тоа е резултат од нечесност во рекламирањето и комуникациите со врвните менаџери, клиентите и владините агенции.
Формални кодекси на етика Кодексите на етика се пишани документи кои ги дефинираат вредностите и етичките стандарди наменети да го водат однесувањето на вработените. Најчесто се јавуваат во организации и професии како што се медицина, право, јавно сметководство итн. Во професиите етичките кодови го обезбедуваат однесувањето на поединецот поради историски и делени норми од професионална група. Националната асоцијација на сметководители има формален код на етика да го води работењето на внатрешните сметководители на фирмите. Меѓу другото тој код предвидува сметководителот да ги извести надлежните органи во компанијата за неправилното однесување. Оваа асоцијација сака да го избегне неправилното прилагодување на билансите.
Критериуми за етичко одлучување Повеќето етички дилеми вклучуваат конфликт помеѓу потребите на индивиудата и системот то ест поединците наспроти организацијата и организацијата наспроти заедницата. На пример, дали може компанијата да воведе задолжително испробување за алкохол и дрога на вработените, што ќе ја подобри компанијата како целина, но ќе ја намали поединечната слобода на вработените? Или може ли производи кои не ги пресретнуваат ФДА стандардите да бидат увезени во други земји каде владините стандарди се пониски, тоа ќе овозможи добивка за компанијата но ќе биде потенцијална опасност за странските потрошувачи. Понекогаш етичките одлуки вклучуваат конфликти помеѓу две групи. На пример, може ли потенцијалот од локални здравствени проблеми предизвикани од влијанието на компанијата да добие приоритет пред работните места кои ги создава компанијата како водечки работодавач во градот. Менаџерите соочени со овие етички избори често имаат корист од нормативните стратегии — оние засновани на норми и вредности — за да го раководат етичкото одлучување. Нормативната етика користи неколку приоди за да ги објасни вредностите за водење на етичкото одлучување. Четири од овие кои се релевантни за менаџерите се: утилитарниот приод, индивидуалистичкиот приод, приодот на морални права и праведниот пристап.
Утилитарен приод Утилитарниот (утилитаризам) приод претставен од филозофите од 19 век — Bentham Џереми Бентхам и Stewart Mill Џон Стујат Мил, опфаќа дека моралното однесување го создава најдоброто за најголем број луѓе. Според овој приод од одлучувачот се очекува да го пресмета ефектот од секоја алтернатива во сите делови и да ја избере онаа која го оптимизира задоволството за најголемиот број луѓе. Бидејќи вистинското пресметување може да биде многу сложено, неговото поедноставување се смета за соодветно. На пример, едноставна економска рамка на податоци може да биде искористена со пресметка на вредноста на доларот и добивката од доларот. Исто така одлуката може да се донесе така што ќе се земат предвид само оние кои се директно зависни од истата, а не оние кои се индиректно опфатени. Утилитарната етика е наведена како основа за моменталниот тренд помеѓу компаниите да ги спречат личните навики на вработените како — консумирањето на алкохол и цигари на работа во некои случаи и после работа бидејќи и ваквото однесување го опфаќа целото работно место. Слично, многу компании расправаат дека следењето на тоа како вработените го трошат нивното време на интернет е потребно за да ја одржат етичката клима во компанијата и продуктивноста на работа. Доколку вработените гледаат порнографски сајтови, посетуваат чет-соби или поминуваат часови пазарејќи или тргувајќи преку интернет, целата организација ултимативно страда. Друг пример за овој приод е кога донесувачите на одлуки во бизнисот, ги користат профитот, ефикасноста, и другите критериуми за мерење на перформансите за да оценат што е најдобро за повеќето луѓе. Менаџерот може да направи утилитаристичка одлука да намали 30 % од вработеноста за да може да ги зачува работните места на останатите 70 % на вработените во фабриката.
Индивидуалистички приод