Александар Игоревич Рибак (белоруски: Алякса́ндр І́гаравіч Рыба́к, норвешки: Alexánder Rybák, роден на во Минск) е норвешкиNORWAY WINS EUROVISION SONG CONTEST виолинист, композитор, пејач и глумец. Тој ја претставуваше Норвешка и победи на Евровизија 2009, која се одржа во Москва.

Животопис Рани години Рибак се родил во Минск во поранешниот Советски Сојуз. Неговите родители се преселиле во Норвешка, кога тој имал само 6 години.Интервью Александра Рыбака на «Эхо Москвы» Уште од мал бил заинтересиран за музиката и започнал виртуозно да свири на виолина и пијано уште од 5 години. Всушност, тој е и дел од музичко семејство. Неговата мајка, Наталија Валентиновна Рибак (Наталля Валянцінаўна Рыбак) е пијанистка, а неговиот татко Игор Александрович Рибак (Ігар Аляксандравіч Рыбак) е познат класичен виолинист, кој има настапувано и со Пинхас Цукерман.Biografie: April 2009 Александар Рибак, EMI Music, Германија Александар тврди: „Јас се когаш сакам да се рекреирам и на некој начин тоа е моја сколоност.“ Тој живее во Несоден во блзиина на Осло.

Личен живот Рибак ја добил културната награда Андерс Јаре во 2004. Тој учествувал и на норвешкото издание на фестивалот Идол, на кој се пласирал до полуфиналето, а во 2006 победил на фестиваклот Кјемпесјансен организиран од страна на Норвешката радиотелевизија со неговата сопствена песна „Foolin“. Александар Рибал бил во односи со музичари како пејачите од групата a-ha Мортен харкет и Арве Телефсен. Од 2007, тој свири виолина во мјузиклот Виолинист на кровот. За оваа улога, тој бил одликуван со наградата Heddaprisen. Александар се јавува и како глумец во улогата на Леви во филмот Јохан, режиран од Грета Саломонсен.

Евровизија 2009

мини|десно|130п|Рибак на пресконференцијата на Евровизија 2009 во Москва Рибак победи (со рекордни 387 бода) на 54. издание на Евровизија, одржано во Москва во 2009, исполнувајќи ја песната „Fairytale“ („Бајка“), која е инспирирана од норвешката народна музика. Музиката и текстот на песната ги напишал самиот Рибак. Песната беше изведена со танцовата група Frikar. Според оценките на весникот Dagbladet, песната доби оценка 6 од 6. Според прогнозите на ESCtoday, нему му се даваа најголеми шанси за победа, со дури 71.3% од вкупниот број на гласови.

Во изборот за песна на Евровизија во Норвешка, Рибак победил убедливо со максимална поддршка од сите 9 гласачки подрачја, завршувајчи со 747.888 бода, при што второпласираниот Тоне Дамлуи Аберге осовил 121.856.

Песната беше изведена во втората полуфинална вечер и обезбеди пласман во финалето.

Рибак потоа победи и во финалната вечер, уривајќи го дотогашниот рекорд на победниците од Евровизија во 2006 Лорди од 292 бода и поставувајќи нов од 387 бода, што е за цели 95 повеќе. Песната победи без поголема конкуренција, бидејќи второпласираниот Исланд имаше 169 бода помалку.

По победата на Евровизија мини|десно|200п|Рибак и танчер од Фрикар на концерт во Норвешка во септември 2009 Првиот албум на Александар Рибак, насловен Fairytales беше издаден по неговата победа на Евровизија 2009. Тој, исто така глуми во филмот Јохан: Чудесното дете, во режија на Грета Саломонсен Salomonsen, којшто треба да биде прикажан во текот на 2010. Рибак имаше турнеја низ Норвешка, која беше планирана уште пред неговиот настап и победа на Евровизија. Во 2009, тој имаше уште една турнеја низ Норвешка и турнеја низ Европа, но овој пат со Фрикар.

На 30 ноември 2009, Рибак настапи на Црвениот плоштад во Москва, придружен од Алексеј Јагудин, за време на промоцијата на новите симболи на Зимските олимписки игри во 2014, кои ќе се одржат во Сочи.

Рибак сними дел, насловен „Јас не верувам во чуда“ од рускиот акционен филм Црна молња на Тимур Бекмамбетов."They said it would kill my career "Rybak: "I listened only to myself" , esctoday.com, 2 јануари 2010

На 13 декември 2009, тој учествуваше во украинската телевизиска емисија „Фабрика за ѕвезди“.

Наводи

Надворешни врски Профил на Myspace

Категорија:Норвешки виолинисти Категорија:Норвешки композитори Категорија:Норвешки пејачи Категорија:Норвешки музичари Категорија:Норвешки глумци Категорија:Победници на Евровизија Категорија:Живи луѓе