right|thumb|Предната страна од медалот. Нобелова награда за физиологија или медицина () — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на медицината. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833 - 1896). Останатите награди се: Нобелова награда за физика, Нобелова награда за хемија, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.

Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на фондацијата „Нобел“, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките. Првата Нобелова награда за медицина е доделена во 1901 година на Емил Адолф вон Бехринг, од Германија.

Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година. Во 2008 година, тројцата добитници поделиле парична награда од десет милиони шведски круни, (малку повеќе од 1 милион €, или 1,4 милиони американски долари.

Наградата се доделува во Стокхолм на годишна церемонија на 10 декември, годишница од смртта на Нобел.

Добитници