Вилијам Батлер Јејтс (; — ) — ирски поет, драматург, пистал и книжевен критичар.
Животопис Вилијам Батлер Јејтс се родил на 13 јуни 1865 година во даблинското предградие Сендимаунт. Набргу по неговото раѓање, семејството ја напуштило скромната, приземна семејна куќа на авенијата Сендимаунт, број 5. Всушност, семејството на Јејтс постојано се селело од место до место: кога тој имал две години, семејството се преселило во Лондон; на седумгодишна возраст се вратил во куќата на мајчините родители, имотни трговци од Слајго; во деветтата година повторно заминал во Лондон; а кога имал 15 години се вратил во Хаут крај Даблин. За време на неговото детство, пресудно влијание врз него имала грофовијата Слајго во западниот дел на Ирска, каде често ги минувал летните распусти. Таму ја засакал природата, а од мајка му и од соседите ги слушал древните келтски преданија. Неговата мајка, Сузан Полексфен, била тивка и чувствителна жена која често му раскажувала бајки. Јејтс се навраќал на Слајго во текот на целиот живот; во староста му ја посветил својата проштална песна во која ја изразил желбата да биде закопан таму. Неговите предци имале протестантско потекло, а во Ирска се доселиле во XVII век од Англија. Неговиот дедо и предедо биле англикански пастори во Слајго, а се школувале на познатиот Тринити колеџ. Таму, своето образование го стекнал и татко му, Џон Батлер Јејтс, кој во 1880-тите бил познат предрафаелитски сликар. Сè до смртта на татко му, Вилијам Батлер Јејтс се допишувал со него, разменувајќи ги искуствата и мислењата. И неговата мајка била од протестантско семејство, кое не било толку угледно како она на татко му. Во 1874 година, на деветгодишна возраст, семејството на Јејтс по вторпат се доселило во Лондон, каде најпрвин го учел татко му, а потоа се запишал во училиштето „Годол Фин“ во лондонскиот кварт Хамерсмит. Според неговиот биограф Донехју, тогаш Јејтс конечно сфатил дека, според мислата и срцето, е Ирец. Во Лондон се школувал до 1880 година, а меѓу петнаесеттата и дваесеттата година живеел во Хаут, приморско место до Даблин. Тогаш почнал да пишува драми и стихови, но без некој успех.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-12.Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, Битола: НИД „Микена“, 2010.
Вилијам студирал во Уметничката школа во Даблин, каде што се запознал со Џорџ Расел со кого го споделил својот интерес за мистичното и натприродното. Во јуни 1885 година, Јејтс бил иницијатор за основањето на Херметичкото друштво во Даблин, чија задача била проучувањето на источните чуда и философија. Во тој период го запознал Џон О'Лири, еден од водачите на ирското движење за независност. Во 1880-тите, семејството на Јејтс повторно се преселило во Лондон, каде тој станал член на Теозофското друштво. На 30 јануари 1889 година ја запознал даблинската убавица Мод Гон, ќерка на англиски полковник, која била учесник во ирското ослободително движење и дури била замешана во подготовките на неколку атентати во Лондон. Мод Гон била најголемата неоставрена љубов во животот на Јејтс која го опседнувала сè до 1889 година, кога тој се оженил со Џорџа Хајди-Лиз. Во Лондон, Јејтс станал член на спиритистичкото друштво „Златна зора“, а се дружел и со членовите на Rhymer's Club. Во периодот 1895-1905, Јејтс го проширил кругот на пријателите и се ангажирал во борбата за ирската независност. За време на летните распусти одел на имотот на Леди Огаста Грегори, жена со голем углед, писателка, мецена и собирачка на народни творби, која живеела во Кул Парк, во грофовијата Голуеј, а која станала негова заштитничка, соработничка и пријателка. И во овој период продолжил со проучувањето на магијата, посетувал сеанси на кои се повикуваат духови и станал претседател на лондонската секција на „Златна зора“. Истовремено, заедно со Леди Грегори и Џон Синг, Јејтс станал член на управата на новосонованиот Ирски национален театар (The Abbey Theatre). Во 1903 година патувал низ САД, каде одржал низа предавања. Во меѓувреме, Мод Гон се омажила за мајорот Мек-Брајд и тоа било тежок удар за Јејтс. Подоцна, заедно со Леги Грегори патувал низ Италија, каде го запознал Езра Паунд, кој му помогнал да го доврши книжевниот развој.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 12-14. Во 1911 година започнал посериозно да се занимава со окултизмот. Во Лондон, тој ги посетувал спиритистичките сеанси во салонот на госпоѓата Елена Блатавска. Притоа, спиритистичките вештини ги учел од книгата на Корнелиус Агрипа, „De occulta philosophia“, а духот со кој комуницирал се викал Leo Africanus. Своите искуства, доживувања и експерименти ги нарекувал „мојот систем“ кој го разработувал до крајот на животот.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 35-36. Во 1917 година ја купил норманската кула Белили во областа Голуеј и се оженил. По ослободувањето на Ирска, Јејтс бил избран за сенатор, а во 1925 година го одржал познатиот говор во Сенатот, агитирајќи во прилог на разводот. Во текот на последните 15 години од животот често патувал надвор од Ирска, а една од последните негови должности било претседавањето со Комисијата за определување на изгледот на ирските пари.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 14-15.
Јејтс умрел на 28 јануари 1939 година, во местото Рокбрин, на Азурниот Брег. Во 1948 година му била исполнета последната желба - да биде закопан во црковната порта во Драмклиф, каде во далечината се гледа ридот Бен Балбен. На неговиот гроб стои прост надгробен споменик, без украси и со следниов натпис:Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-11.
Фрли студен поглед
на животот, на смртта.
Коњанику, помини!
Cast a cold eye
On life, on death.
Horseman, pass by!
Tворештво Јејтс е автор на богато поетско дело, создавано во текот на пет децении, од 1888 до 1939 година. Тој претставува пример за чист поет, кој целосно се изразува само низ песните, т.е. нема ниедна тема која не ја обработил поетски. Неговото творештво ги поседува сите својства на класичниот лирски пристап: тоа е исповедно, автобиографско и организирано околу неколку клучни точки на лирскиот израз. Сите негови дополнителни активности (есеистичката и автобиографската проза) служат само како дополнително објаснување на неговите поетски творби.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 9-10.
Во 1885 година, Јејтс објавил две кратки лирски песни во Даблинското универзитетско списание и бил еден од основачите на Даблинското херметичко друштво. Исто така, тој се запознал со Џон О'Лири, еден од водачите на ирското движење за независност, кој го поддржувал во книжевниот развој и го организирал собирањето прилози за печатење на неговата прва поетска збирка. Поетската дарба на Јејтс за првпат сериозно дошла до израз кон крајот на 1880-тите. Во 1888 година ја објавил книгата „Бајки и народни приказни“, додека следната година се појавила неговата прва поетска книга, „Скитањата на Осијан и други песни“ (англискиот превод го направил Семјуел Фергусон). Истата година (1889), заедно со сликарот Едван Елис, Јејтс бил уредувач на критичкото издание на поезијата на Вилијам Блејк. Потоа станал член на спиритистичкото друштво „Златна зора“, се дружел со членовите на Rhymer's Club при што, како што самиот соопштува на почетокот од „Суровите карпи“, „го учел занаетот“. Во тој период ги објавил „Грофицата Кетлин и различни легенди и песни“ и збирката народни преданија, „Келтски самрак“. Јејтс се развил како писател во периодот 1895-1905, кога ги продлабочил спиритистичките, философските и книжевните истражувања. Тогаш соработувал во списанието што го уредувал неговиот пријател Артур Сајмонс, ги објавил „Тајната роза“ и „Ветар меѓу трските“, во 1902 почнал да го чита Ниче и бил член на управата на Ирскиот народен театар (The Abbey Theatre), заедно со Леди Грегори и Џон Синг. Во 1903 година објавил три книги и одржал низа предавања во САД. Подоцна, меѓу четвртата и петтата деценија од животот на Јејтс се случил пресвртот кој до ден-денес предизвикува неразбирање, чудење и восхит кај книжевните историчари. Во 1908 година го запознал Езра Паунд кој му помогнал да го дооформи поетскиот талент. Во текот на таа деценија, Јејтс ги објавил „Зелениот шлем и други песни“, „Песни напишани во малодушност“ и „Одговорности“. Во текот на и по Првата светска војна Јејтс веќе бил познат поет, го објавува делото „Дивите гулаби во Кул“, а во 1923 година ја добил Нобеловата награда за литература. Најпосле, во текот на последните 15 години од животот ги објавил „Кула“, „Вртени скали“, „Полна месечина во март“ и книгата „Визија“ во која ги изразил своите спиритистички искуства и сфаќања на историјата.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 12-15.
Хронологија на творештвото на Јејтс Во 1885 објавил две кратки лирски песни во „Даблинското универзитетско списание“.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 12. Во 1888 ги собрал и ги објавил „Бајки и народни приказни“.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 13. Во 1889 се појавила неговата прва поетска збирка, „Скитањата на Осијан и други песни“ Пиесата Грофицата Кетлин - првата драма што ги открила неговите цели да излезе од ирското наследство во винстинскиот национален живот. Во 1893 се појавиле песните од збирката Роза, а истата година ги објавил, заедно со Едвин Елис, собраните дела на Вилијам Блејк. 1899 - првата изведба на Грофицата Кетлин во Даблин под полициска заштита, зашто на публиката не ѝ се допаднала главната личност која си ја продава својата „ирска душа“ за да ги спаси своите поданици. Ветерот меѓу трските од 1899 го означува врвот од раниот период на Келтскиот самрак, создаден под влијание од француските симболисти, кои ги запознал со помош на неговиот пријател, познатиот критичар Артур Сајмонс. Во 1902 година ги напишал пиесите Кога нема ништо и Кетлин од Хулихан, во која насловна ролија ја играла Мод Гон. Во 1903 година ги објавил нартивните поеми Старост на кралицата Маев и Бајл и Ајлин Во 1904 ја објавил стихозбирката Во седумте шуми и го основал, заедно со Лени Грегори, театарот Аби во Даблин, а во 1910 станал негов извршен директор. Јејтс и Грегори несебично го промовирале драмското дело на Џон Синк, што кулминирало со изведбата на Веселникот од западниот свет во 1907. 1906 - драмската поема Засечени води. 1907 - пиесата Деирдре. 1908 - пиесата Златниот шлем чии теми биле преточени во збирката Зелениот шлем и други песни од 1910. 1914 - наративната поема Двајца кралеви, повторно со тема од митското минато на Ирска, и збирката песни Одговорности која означува драстичен раскин со митолошкото наследство и свртување кон суровата стварност на Ирска. 1916 - пиесата „На јастребовиот кладенец“. Во 1917 се венчал со Џорџија Хај-Лис, кај која открил дарба за „автоматско пишување“ чие секојдневно дешифрирање му овозможило да изгради цел систем на толкување врски со минатото и историјата од што произлегла книгата Визија. 1919 -пиесата Едиствената љубомора на Емер и Дивите лебеди кај Кул. Во 1921 била изведена пиесата Калварија со употреба на танец и маски во стилот на јапонските но-драми, а истата година се појавила и збирата песни Мајкл Робартс и танчерот. 1923 - наративната поема Дарбата на Харун Ал-Рашид.