Железничка станица „Скопје“ — дел од комплексот наречен Транспортен центар кој е завршен во 1981 година. Има 10 колосеци поставени на масивен бетонски мост, долг 2 км.

Се наоѓа на помалку од 1 км од центарот на Скопје.

Историја мини|лево|Старата железничка станица во Скопје која работела во периодот 1940-1963 (денес Музеј на Град Скопје) На 26 јули 1963, еден од најлошите денови во историјата на Скопје, се случи земјотрес којшто го погоди градот во 5:17 наутро. Речиси 75% од градбите во градот се срушиле во тој земјотрес за само неколку секунди.

По земјотресот почнал проект за голема преизградба на градот, чијшто автор е Кензо Танге, јапонски архитект, но кој не бил спроведен во целост. Истиот архитект е автор и на железничката станица.

Наводи

Категорија:Сообраќајот во Скопје Скопје