Сахарска Арапска Демократска Република (САДР) () — делумно призната држава која што полага право врз целата територија на Западна Сахара, поранешна шпанска колонија. САДР била прогласена од фронтот на Полисарио на 27 февруари 1976. Владата на САДР моментално контролира околу 20% од територијата над која полага право. Териториите под нејзина контрола ги нарекува „ослободени територии“, или „слободна зона“. Мароко ги контролира и управува останатите територии и ги нарекува овие области Јужни Провинции. Владата на САДР, пак, ја нарекува мароканската територија „окупирана територија“ додека пак Мароко ја смета многу помалата територија на САДР за неутрална зона.

Поврзано Марокански ѕид Список на градови во Западна Сахара Избори во Западна Сахара Политики на Западна Сахара Фронт на Полисарио Правен статус на Западна Сахара

Извори

Надворешни врски Официјални мрежни места на САДР

Сахарска новинска служба (SPS)   RASD TV   Национално радио на САДР  

Други Западна Сахара на интернет Профил на Западна Сахара на мрежното место на CIA World Factbook (вклучувајќи податоци и политички информации) Асоцијација за слободен и фер референдум во Западна Сахара (ARSO)

Категорија:Земји членки на африканската унија Категорија:Влади во прогон Категорија:Оспорени територии Категорија:Поранешни шпански колонии Категорија:Држави и територии основани во 1976 Категорија:Држави во Африка Категорија:Еднопартиски држави Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Држави и територии настанати во 1976 година