Кунг-фу Панда () — американски анимиран филм од 2008 година. Филмот е во режија на Џон Стивенсон и Марк Озборн и продуциран од Мелиса Каб. Во главната улога се наоѓа Џек Блек како По (Кунг-фу Панда). Филмот е продуциран во студиото на DreamWorks Animation во Глендејл, Калифорнија, а дистрибуиран од Paramount Pictures. На главните ликови покрај Џек Блек како По, гласовите ги позајмиле, Дастин Хофман, Анџелина Џоли, Луси Лу, Сет Роген, Дејвид Крос и Ијан Макшејн. Дејството е поставено во античка Кина, и се работи за дебелата џиновска панда која сака да стане кунг-фу воин. Откако се предвидува дека многу страшен воин ќе избега од затвор, на По му е претскажано да стане Змејов воин, на негово големо изненадување, како и на разочарување на веќе искусните кунг-фу воини.

Иако коцептот за „Кунг-фу Панда“ бил планиран уште од 1993, работата на филмот не започнала сè до 2004. Идејата за филмот била значната од Мајкл Леченс, извршител на DreamWorks Animation. Филмот во почетокот бил планиран да биде пародија, но режисерот Стивенсон одлучил наместо тоа, да снима акционо-комичен филм со боречки вештини во духот на акционото кино на Хонгконг кое го вклучува херојското патување на раскажувачки архетип за главниот лик. Компјутерската анимација во филмот е посложена од која било друга анимација на DreamWorks, досега. Како и со повеќето анимирани филмови на DreamWorks, Ханс Зимер (овој пат соработувајќи со Џон Повел) ја направил музиката за Kung Fu Panda. Тој ја посетил Кина за да ја апсорбира кинеската култура и да го запознае Меѓународниот кинески симфониски оркестар како дел од неговата подготовка.

Кунг-фу Панда премиерно се прикажуваше во САД на 1 јуни 2008 и оттогаш се има здобиено со многу поволни критики.

Цитати

Угвеј:

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Трејлери на Apple.com

Категорија:Филмови на Дримворкс Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Цртани филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Комични филмови