Чудовиште од Лох Нес — животно кое наводно живее во езерото Лох Нес, планинскиот дел на Шкотска. Тоа е слично на другите наводни езерски чудовишта во Шкотска и насекаде, иако неговиот опис варира од еден до друг приказ. Популарниот интерес и вербата во животното варираше откако го сврте вниманието на светот во 1933 година. Доказ за неговото постоење е во голема мера анегдотичен, со минимален и повеќе оспоруван фотографски материјал и сонарни мислења. Научната заедница го смета чудовиштето Лох Нес како модерен мит и ги објаснуваат забележувањата како мешавина од лаги и неостварлива желба. Легендарното чудовиште е нежно наречено со деминутивот Неси (Nessie) (шкотско келтски: Niseag) од 1950-тите.

Терминот „чудовиште“ e наводно создаден на 2 мај 1933 година од Алекс Кемпбел, надзорникот на водите на Лох Нес и хонорарен новинар, во известување за Инвернес Куриер (Inverness Courier).

На 4 август 1933 година, Куриер го објави како целосна новост тврдењето на маж од Лондон, Џорџ Спајсер (George Spicer), дека неколку недели порано додека се возел со моторот околу езерото, тој и неговата жена го виделе „најблиското приоѓање на змеј или праисториско животно што сум го видел во мојот живот“, кое се тркалало преку патот кон езерото, носејќи „животно" во неговата уста. Други писма се појавуваа во Куриер, најчесто анонимни, со тврдења дека виделе нешто во водата или на копното, или на делот на писателот или на деловите на фамилијата, познавање или приказни кои им биле кажани. thumb|200px|right|Лох НесОвие приказни брзо достигнаа на националниот (а подоцна и на меѓународниот) печат, во којшто се зборуваше за „рибата-чудовиште“, „морска змија“ или „змеј“, одредени според „ Чудовиштето од Лох Нес“. На 6 декември 1933 година, беше објавена првата наводна фотографија од чудовиштето, направена од Хју Греј (Hugh Gray), и кратко потоа животното се здоби со официјално предупредување кога државниот секретар на Шкотска и нареди на полицијата да спречи каков било напад врз него. Во 1934 година, интересот заискри од познатата фотографија од хирургот. Во истата година Р.Т. Гулд (R.T. Gould) објави книга, првата од многуте која го опишува личното истражување на авторот и собрани докази од додатни извештаи кои му претходат на летото во 1933 година. Други автори изјавија дека забележувањата на чудовиштето отишле сè до оние од 6 век (види подолу).

Историја

Свети Колумба

Најраниот извештај за чудовиште поврзано со околината на Лох Нес, е пронајден во Животот на Свети Колумба, напишан некаде во текот на 7 век. Според Едомнан, кој пишува после околу еден век за настаните кои ги опишал, монахот св. Колумба, престојувал во земјата на Пиктите со неговите пријатели, кога наишле на месни жители што закопувале човек до реката Нес. Тие објасниле дека човекот додека пливал во реката бил нападнат од „воден ѕвер“ којшто го распарчил и го повлекол надолу. Пробале да го спасат со чамец, но биле способни само да го извлечат неговиот труп. Кога го чул ова, Колумба ги стаписал Пиктите со испраќање на неговиот ученик Луињ Моку Мин (Luigne moccu Min) да ја преплива реката. Ѕверот дошол по него, но Колумба го направил знакот на крстот и наредил:„Не оди понатаму. Не го допирај човекот. Врати се веднаш“. Ѕверот веднаш застанал како да бил „завлечен со јажиња“ и преплашено избегал, а луѓето на Колумба и паганските Пикти му заблагодариле на Господ за чудото.

Верниците во чудовиштето на Лох Нес, често упатуваат на оваа приказна, којашто видливо зазема место на реката Нес, а не на самото езеро, која била доказ за постоењето на животното веќе во 6 век. Сепак, скептиците ја испитале веродостојноста на раскажувачот, забележувајќи дека приказните за водниот ѕвер биле премногу слични со Животи на средновековните светци и како таква приказната на Едомнан е најверојатно преработка на општ мотив поврзан со локална знаменитост. Според скептиците, приказната на Едомнан може да биде целосно независна од модерната легенда за чудовиштето од Лох Нес, само ако биде поврзана со тоа во ретроспектива од верниците кои бараат потпомагање на нивните тврдења. Покрај тоа, во статија за Криптозоологија, А.К.Томас (A.C. Thomas) забележува дека дури и ако има некоја вистина во приказната, може да биде рационално објаснета со средба со морж или слично животно кое го има во реката.

Спајсерс (1933 година)

Модерниот интерес за чудовиштето заискри со забележувањето од 22 јули 1933 година, кога Џорџ Спајсер (George Spicer) и неговата жена ја виделе најневообичаената форма на животно која поминувала преку патот и излегло пред нивната кола. Тие рекле дека животното има големо тело (околу 4 стапки ( 1 метар) високо и 25 стапки (8 метри) долго), и долг, тесен врат, малку подебел од сурлата на слон и долг како пречникот на патот, од три до 12 стапки (3,0-3,7 метри); вратот имал многу брчки. Тие не виделе екстремитети, можеби заради вдлабнатините на патот кои го замрачиле долниот дел на животното. Нагло се свртело од патот накај езерото на растојание од 20 јарди (20метри), оставајќи само бразда од скршени грмушки од својата трага. Во август, 1933 година, еден мотоциклист по име Артур Грент (Arthur Grant), тврдел дека за малку ќе удрел во животното додека се приближувал до Абриахан (Abriachan) на североисточниот брег, околу 1 часот по полноќ на месечева светлина. Грент тврдел дека видел мала глава припоена на долг врат и дека животното го видел, се отргнало од патот и се вратило назад во езерото. Грент рекол дека станал од моторот и го следел до езерото, но видел само бранови. Сепак, некои веруваат дека оваа приказна била планирана како хумористично објаснување на несреќа со мотор.

Во друго забележување од 1933 година, млада слугинка по име Маргарет Мунро (Margaret Munro), наводно го набљудувала животното околу 20 минути. Таа тврдела дека тоа било во 6:30 изутрината на 5 јуни, кога го набљудувала на оддалеченост од 200 јарди (180 метри) од брегот. Според нејзниот опис, тоа имало кожа како на слон, долг врат, мала глава и две кратки предни нозе или перки. Набљудувањето наводно завршило кога животното се вратило назад во водата.

Повремените забележувања продолжиле сè до 1963 година, кога била направена снимка со слаб квалитет на животното на далечина од неколку милји.

Фарел (1943 година)

Во мај 1943 година, на К.Б. Фарел од Британските набљудувачки служби, му било одвлечено вниманието од должностите поради забележувањето на Неси. Тој тврдел дека бил оддалечен околу 250 јарди (230 метри) од големото животно „со перки“, со тело долго од дваесет до триесет стапки (6-9 метри) и врат којшто штрчел од водата со околу 4-5 стапки (1,2-1,5 метри) должина.

Хидролокаторен контакт (1954 година)

Во декември 1954 година, бил забележан необичен хидролокаторен контакт во риболовниот брод Соперник III. Екипажот на бродот набљудуваше хидролокаторни знаци од голем објект кој одел во чекор со бродот на длабочина од 480 стапки (146 метри). На овој начин се манифестирало движењето на половина милја (800 метри), пред контактот да биде изгубен, за да подоцна пак биде воспоставен. Претходно биле направени многу хидролокаторни обиди, но повеќето од нив биле неодредени или негативни.

Фотографии и снимки

„Фотографијата од хирургот“ (1934 година)

Една од највпечатливите слики на Неси е позната како „ фотографијата од хирургот“, за која порано се сметало дека е добар доказ за чудовиштето. Нејзината важност лежи во фактот дека била единствена фотографија како доказ за „глава и врат“ – сите останати се нецелосни и безредија. Сликата е прогласена за измама во 1994 година.R. P. Mackal (1976) The Monsters of Loch Ness page 208 Наводно, била сликана од страна на Роберт Кенет Вилсон (Robert Kenneth Wilson), гинаеколог од Лондон, и била објавена во Дејли Меил на 21 април 1934 година. Одбивањето на Вилсон да биде поврзано неговото име со фотографијата, придонесе да таа биде нарекувана како „фотографијата од хирургот“. Фотографијата често беше отсекувана за да се направи чудовиштето да изгледа поголемо, додека пак оригиналната снимка која не е отсечена, го покажува другиот крај на езерото и чудовиштето во средината. Перките на сликата се усогласени со големината и има кружен модел на мали перки во контраст со големи бранови кога е од блиску фотографирана. Анализите на оригиналната неотсечена слика, доведоа пак до сомнеж. Една година пред измамата да биде откриена, творците на документарецот од Дискавери Комуникејшнс (Discovery Communications) Лох Нес откриен, направија анализа на неотсечената слика и пронајдоа јасен,бел објект во секоја верзија на сликата, што подразбира дека тоа било на негативот. „Изгледа дека тоа е изворот на појавувањето на перките во водата, како објектот да бил речиси влечен од нешто“, рече раскажувачот. „Но, науката не може да открие дали тоа било само оштетување на негативот“, продолжува тој. Покрај тоа, анализата на целата фотографија откри дека објектот е многу мал, само околу 60 до 90 сантиметри (две или три стапки) долг.

Во 1979 година, се твдрело дека тоа е слика од слон (види подолу). Други скептици во 1980-тите се расправале дека фотографијата е видра или од оние птици кои нуркаат во водата по храна, но по признанието на Кристијан Спарлинг многумина се согласија со неговото тврдење дека е- играчка-подморница со припоена глава. Деталите за тоа како била направена, биле дадени во книга. Всушност, тоа било играчка-подморница со со глава и врат направени од пластично дрво, дизајнирана од Кристијан Спарлинг, зетот на Мермадјук Ведерел (Marmaduke Wetherell), голем ловец којшто бил јавно исмеан во Дејли Меил, весникот кој всушност го вработил. Спарлинг го изјавил тоа за да се одмазди, Мермадјуке Ведерел ја извршил измамата со помош на Крис Спарлинг (стручњак за скулптури), неговиот син Јан Мермадјук (Ian Marmaduke) кој го купил материјалот за лажниот Неси и Mаурис Чемберс (Maurice Chambers), кој требал да го замоли на хирургот Роберт Кенет Вилсон (Robert Kenneth Wilson) да ги понуди сликите на Дејли Меил. Лажната приказна е оспорувана од Хенри Бауер (Henry Bauer), кој тврди дека ова откривање е доказ на предрасуда и прашува зошто извршителите не ја откриле порано нивната завера за да го засрамат на весникот. Тој исто потврди дека тоа пластично дрво не постоело во 1934 година, иако било популарнен DIY (Do It Yourself) и обликувачки материјал во раните 1930-ти години. Еластер Бојд (Alastair Boyd), еден од истражувачите кој ја отрки измата, тврди дека чудовиштето од Лох Нес е вистинско, и лажната фотографија од хирургот не е доволна причина за да се занемарат исказите од очевидците и другите докази.

Снимката на Тејлор (1938 година)

Во 1938 година, Џ.И.Тејлор (G.E. Taylor), турист од Јужна Африка, снимал нешто во езерото во траење од три минути од 16 милиметарски филм во боја, којшто сега е во сопственост на д-р Маурис Бартон. Сепак, Бартон одби да ја покаже снимката на истражувачите на Лох Нес (како што се Питер Костело (Peter Costello) или на Бирото за истражување на Лох Нес). Само една структура била објавена во неговата книга Таинственото чудовиште, пред да се пензионира. Д-р Рој П. Макал (Roy P. Mackal), биолог и криптозоолог, тврдел дека структурата е „позитивен доказ“. Подоцна, исто така била прикажана во Националниот институт на океанографија, денес познат како Саутемптон океанографски центар. Експертите се согласија дека снимката јасно покажува посебен нежив објект кој плови во езерото.

Снимката на Динсдејл (Dinsdale) (1960 година)

Во 1960 година, воздухопловниот инженер Тим Динсдејл, сними грб кој поминувал низ водата со моќна бразда, различна од таа на чамец. JARIC тврдеше дека објектот бил „најверојатно жив“. Други беа скептични, зборувајќи дека „грбот" не може да се исклучи од тоа дека е чамец, и тврдеа дека кога контрастот е зголемен, јасно може да се види човек во чамец.