Фудбалската репрезентација на Македонија — државната фудбалска екипа на Македонија, раководена од Фудбалската федерација на Македонија. Најчесто, македонската фудбалска репрезентација ги игра домашните натревари во Национална арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Историја на македонската репрезентација Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на XX век. Македонскиот фудбалски сојуз бил формиран 14 август 1949 во Скопје, како дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија. Најпознати играчи од Македонија кои играле во репрезентацијата на Југославија се: Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски, Дарко Панчев, Илија Најдоски и други.

Првиот свој натпревар, фудбалската репрезентација на Македонија го одиграла на 13 октомври 1993 година, во Крањ, против репрезентацијата на Словенија која ја победила со резултат 4:1. Притоа, Македонија настапила со следниов состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (од 63. минута, Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (од 86. минута, Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (од 12. минута, Горан Георгиевски, а од 73. минута, Саше Милошевски) и Тони Мицевски. Селектор на репрезентацијата бил Андон Дончевски. Уште во третата минута, Зоран Бошковски - Чоко го постигнал првиот гол во историјата на македонската репрезентација, во 37. минута Дарко Панчев зголемил на 2:0, а три минути подоцна, Словенија намалила на 1:2, со голот на Пате. Потоа, во 48. минута, Чеде Јаневски зголемил на 3:1, а конечниот резултат го постигнал Драган Канатларовски, во 51 минута.

Во 1994 година, Македонија станала членка на ФИФА, на УЕФА и на Балканската Фудбалска Федерација. Националната репрезентација со официјални активности започнала во 1994 година, во квалификациите за ЕП 1996, кога Македонија била во групата со: Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија. Оттогаш наваму, Македонија учествува во сите натпревари на УЕФА и ФИФА.

Прв меѓународен натпревар: Словенија 1 - 4 Македонија (Крањ, Словенија, 13 октомври 1993). Прв официјален натпревар: Македонија 1 - 1 Данска (Скопје, Македонија, 7 септември 1994). Првиот гол за македонската репрезентација го постигнал Зоран Бошковски . Првиот гол во официјален натпревар го постигнал Митко Стојковски . Најубедлива победа е постигната против Лихтенштајн на гости од 11-1. Најдобар стрелец е Горан Пандев со 38 .Players statistics at MacedonianFootball.com) Играч со најмногу настапи е Горан Пандев со 122 настапа.Players statistics at MacedonianFootball.com) Најмлад дебитант во репрезентацијата е Дарко Чурлинов, со 16 години, 8 месеци и 17 дена.Darko Churlinov profile at MacedonianFootball.com)

Стадион

Националната арена Филип II Македонски во Скопје е стадионот на кој македонската фудбалска репрезентација ги игра натпреварите на домашен терен. Поранешното име на стадионот е "Градски стадион". Стадионот е изграден во 1947 годинаа, денешнната форма започнал да ја добива во 1978 година, кога започнала изградба на јужната трибина, која била завршена за две години. Во 2009 година, завршила реконструкцијата на северната трибина. |мини|десно|Национална Арена „Филип II Македонски На 12 август 2009 година, по повод 100-годишнината од фудбалот во Македонија, пред 30.000 гледачи, фудбалската репрезентација на Македонија одиграла пријателски натпревар на реновираниот стадион, против тогашниот европски шампион Шпанија. Натпреварот завршил со пораз на Македонија од 2:3, иако македонската репрезентација на полувремето водела со 2-0, со двата гола на Горан Пандев. На 24 април 2011 година, во употреба биле пуштени источната и западната трибина, со што комплетно завршила првата фаза од реконструкцијата. Максималниот капацитет на стадионот изнесува 36.400 гледачи.

Асови на македонскиот фудбал

Македонската репрезентација на ранг-списокот на ФИФА

1994 година На 17 мај 1994 година, репрезентацијата на Македонија за прв пат се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 147. место, со само 3 одиграни натпревари. Потоа, на декемвриската ранг-листа, Македонија се искачи на ФИФА ранг листа и се нашла на 90 место со 15 бода.

1995 година Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 94. место со 22 бода, што е за 4 места послабо од 1994 година.

1996 година Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

1997 година Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

2014 година По завршувањето на квалификациите за СП во Бразил, репрезентацијата на Македонија паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, објавена во октомври 2013 година, заземајќи го 86. место со 430 бодови.„Поразите ги доближија црвено-жолтите кон стотката“, Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 24.

Истовремено, на првото рангирање на фудбалските репрезентации за 2014 година, спроведено од страна на ФИФА, македонската фудбалска репрезентација го зазела 84. место, со вкупно 425 бодови.„Македонија во 2014 влезе со полош пласман за едно место“, Дневник, година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 25.

Во март 2014 година, фудбалската репрезентација на Македонија се искачила на 82. место на ранг-списокот на ФИФА, со вкупно 421 бод, што претставувало подобрување за едно место во споредба со претходното рангирање."Една победа - едно место погоре за Македонија", Дневник, година XVIII, број 5415, петок, 14 март 2014, стр. 25.

На ранг-списокот на ФИФА од август 2014 година, Македонија била на 76. место, со 407 бодови, со што паднала за две места во споредба со рангирањето од јули.„Македонија пред Белорусија и Луксембург на почетокот од квалификациите“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 21.

На ранг-списокот на ФИФА, објавен на 18 септември 2014 година, репрезентацијата на Македонија забележала пад од дури 36 места. Притоа, на ова рангирање, Македонија го зазела 112. место во светот, со 286 бодови. Тоа претставувало најголем пад на списокот на ФИФА во историјата на македонската репрезентација. Истовремено, тоа било најлошото рангирање на репрезентацијата од 1994 година, кога била пласирана на 117. место.„Македонија во состојба на слободно паѓање“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 26-27.

Еден месец подоцна, во рангирањето на ФИФА, објавено во октомври 2014 година, Македонија повторно се вратила меѓу првите 100 репрезентации во светот. Имено, по победата над Луксембург од 3:2 и поразот од Украина од 0:1 во рамките на квалификациите за ЕП 2016, Македонија собрала 340 бода и напредувала за 13 места на ранг-листата, пласирајќи се на 99. место.„Македонија се врати меѓу првите сто репрезентации во светот“, Дневник, година XVIII, број 5599, петок, 24 октомври 2014, стр. 24-25.

Во ноември 2014, по поразот на домашен терен од Словачка, македонската репрезентација паднала за четири места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 103. место, со 324 бодови. На тој начин, за вторпат по 1994 година, Македонија завршила на трицифрено место во рангирањето на ФИФА, откако на крајот од 2011 година го зазела 103. место.„Поразот од Словачка ја врати Македонија на 103. позиција“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 27.

Најпосле, во последното рангирање на ФИФА за 2014 година, објавено на 18 декември, македонската репрезентација напредувала за три места во споредба со претходниот месец и го зазела 100. место, со 324 бода.„Македонија заврши на 100. позиција“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 27.

2015 година Во февруари 2015 година, репрезентацијата на Македонија се нашла на 104. место на списокот на ФИФА, со освоени 320 бодови.„Македонија не игра, а се најде на 104. место“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 23. Потоа, на мартовската ранг-листа, Македонија паднала за четири места и се нашла на 108. место со 308 бода, при што влегла во групата на десетте најслаби европски репрезентации.„Македонија е послабо пласирана и од Фарските Острови“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 21. Во јуни 2015 година, Македонија направила скок од пет места и се нашла на 100. место на ранг-списокот на ФИФА, со 321 бод.„Македонија скокна до 100. место на ФИФА рејтинг-листата“, Дневник, година XIX, број 5782, петок, 5 јуни 2015, стр. 22. На ранг-списокот на ФИФА од август 2015 година, со освоени 311 бода, репрезентацијата на Македонија била пласирана на 103. место во светот.„Македонија направи два чекора напред “, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 23.

2016 година Во рангирањето на ФИФА во ноември 2016 година, македонската репрезентација назадувала за седум места, заземајќи го 162. место, со 138 бода. Од појавувањето на меѓународната фудбалска сцена, тоа бил најлошиот пласман на македонската репрезентација.„Македонија падна уште седум места и ја дели 162. позиција со Сингапур и Молдавија“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 23.

Настапи на квалификации за светски првенства Како дел од Кралството Југославија и СФРЈ, Македонија учествувала на следниве светски првенства во фудбал: 1930 во Уругвај, 1950 во Бразил, 1954 во Швајцарија, 1958 во Шведска, 1962 во Чиле, 1974 во Германија, 1982 во Шпанија, 1990 во Италија.

Откако Македонија е самостојна држава, македонската фудбалска репрезентација сè уште се нема квалификуванo на завршницата на некое светско првенство во фудбал: 1998 - не се квалификувала 2002 - не се квалификувала 2006 - не се квалификувала 2010 - не се квалификувала 2014 - не се квалификувала 2018 - не се квалификувала

Квалификации за СП во фудбал 1998

Група 8

Tабела

БрТимPtsPldWDLGFGAGD12810910374332181053222814317105231183413104152218459102351116-560100010352-49

Квалификации за СП во фудбал 2002

Група 4

Tабела

ТимPldWDLGFGAGDPts10820203172610631188102110523169717101451118-7710136620-14610127417-135

Квалификации за СП во фудбал 2006

Група 1

Tабела

Tим 12 10 2 0 27 3 +24 32 12 9 0 3 35 12 +23 27 12 8 1 3 20 10 +10 25 12 5 1 6 21 19 +2 16 12 2 3 7 11 24 −13 9 12 2 1 9 9 25 −16 7 12 1 2 9 4 34 −30 5

Квалификации за СП во фудбал 2010

Група 9

Tабела

Tим 8 8 0 0 17 2 +15 24 8 2 4 2 9 7 +2 10 8 3 1 4 6 11 −5 10 8 2 1 5 5 11 −6 7 8 1 2 5 7 13 −6 5

Квалификации за СП во фудбал 2014 Квалификациските натпревари за пласман на светското првенство во Бразил 2014 година, Македонија ги завршила на последното место, што претставува најслаб пласман на квалификациските циклуси за европските и светските првенства во историјата на репрезентацијата. Притоа, од вкупно 10 одиграни натпревари, таа остварила две победи (против Велс во Скопје 2:1 и против Србија во Скопје 1:0), еднаш играла нерешено, а претрпила дури седум порази. Во рамките на квалификацискиот циклус, репрезентацијата постигнала 7 голови, а примила 16. На две средби пред крајот на квалификациите, селекторот Чеде Јаневски ненадејно се повлекол од својата функција и бил заменет со Зоран Стратев. По завршувањето на квалификациите, репрезентацијата паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 86. место со 430 бодови.„Македонија заврши со фенерот“, Дневник, број 5292, година XVII, четврток, 17 октомври 2013, стр. 27.