Али Сисоко (Aly Cissokho) (роден на во Блоа) — француско-сенегалски фудбалер, лев бек на Астон Вила.

Кариера По потекло од Сенегал, Али Сисоко е четвртото дете во фамилијата од вкупно пет (три постари браќа и една сестра). Тој почна со фудбалот од шестгодишна возраст во Блоа Фут 41, потоа во фудбалскиот клуб Олимпик де Сен Жан дела Руeл (F.C.O) пред да биде забележан од Гењон.

Првото официјално деби тој го направи во втората лига за Гењон, на последниот меч од сезоната 2006-07, по кој тој го продолжи својот, со нов три-годишен договор со клубот.

На 2 јуни 2008, Сисоко потпиша тригодишен договор со португалскиот прволигаш Виторија.

По добрите настапи во Португалската лига, Сисоко се пресели на север во португалскиот гигант Порто во јануари 2009 за само 300 илјади евра. Тој беше веднаш ставен во првите IX на Хесуалдо Фереира (Jesualdo Ferreira), и му помогна на клубот да ја освои третата последователна титула.

Првиот натпревар во Лигата на шампионите беше натпреварот против Атлетико Мадрид во осминафиналето, и Порто успеа да го елиминира шпанскиот тим.

На 7 април 2009, на натпреварот против Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, тој изигра одличен меч на Олд Трафорт, каде што како во дефанзивата се покажа многу добро и во нападот, каде неколкупати се закани кон голот на Едвин ван дер Сар. Од тогаш, тој беше следен од многу клубови.

На 14 јуни 2009, Милан објави дека клубот постигнал договор со Порто за купување на младиот играч. Трансферот на Сисоко чинеше 15 милиони евра. На 16 јуни Сисоко отиде на медицински преглед, а веќе следниот ден беше објавено дека Сисоко не го поминал медицинскиот преглед поради проблеми со забите, со што тој беше требаше да се врати во својот клуб Порто, а преговорите да се прекинат. Подоцна истиот ден, Али Сисоко направи уште еден медицински преглед кој се покажа успешен, и тој потпиша пред-договор. Во меѓувреме Милан се обиде да го смени договорот и да го земе Сисоко на позајмица, поради грижите за здравјето на играчот, но Порто не го прифати тоа. Поради тоа, клупскиот директор Адријано Галијани изјави дека договорот за купување на Али Сисоко пропадна, со што играчот остана во својот првичен клуб.

На 18 јули, францускиот клуб Олимпик Лион објави дека постигнале договор со Порто за трансфер на Сисоко. Трансфер сумата ја достигна понудата на Милан од 15 милиони евраЛион го намами Сисоко од Порто; UEFA.com, 18 јули 2009. Но, како и да е, Порто ќе добие 20% од било кој следен трансфер што Лион ќе го добие за играчот. Сисоко успешно го помина медицинскиот тест и потпиша петгодишен договор. Тој на медиумите им беше презентиран на 20 јули, а му беше доделен бројот 20Présentation de M.Bastos et A.Cissokho .

Почести Португалска лига 2008-2009 Португалски куп 2008-2009

Наводи

Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Фудбалери на ФК Гењон Категорија:Фудбалери на Виториjа Сетубал Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Живи луѓе