Историјата на Германија е проследена преку создавање на германските племиња, нивното преселување познато и како големата преселба на народите, создавањето на Франкија, нејзино разделување и создавање на Источна Франкија, обединување на германите и создавање на Кралство Германија односно Светото Римско Царство. Историјата на Германија продолжува со создавањето на Рајнскиот Сојуз, Германскиот Сојуз, револуцијата од 1848 година и обединувањето на Германија, создавањето на Германскиот Рајх и Германското Царство, преку двете светски војни, разделувањето на Германија и нејзиното повторно обединување во 1990 година по падот на комунизмот.

И покрај тоа што до 1871 година не постоела германска нација, сепак историјата на Германија започнала во ерата на германските племиња. Зборот “Германија“ за првпат бил употребен од страна на Римското Царство, кој го употребувала за териториите кои се наоѓале северно од Дунав и источно од реката Рајна. По големата преселба на народите, франките успеале да ги потчинат западните германски племиња. Императорите на германите себеси се гладале како директни наследници на Римското Царство и од 1806 година нивната империја била наречена Свето Римско Царство, која опфаќала голем дел од Средна Европа. Кога Франкија била разделена, во нејзиниот источен дел (денес Западна Германија) била создадена Источна Франкија под раководство на Лудвиг I. Хенрик I станал првиот цар на Германија во 919 година. Во 962 година, Отон I станал првиот император на Светото Римско Царство.

Германски племиња

Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на бронзената доба или најдоцна во времето на железната доба. Германските племиња потекнуваат од јужна Скандинавија и Северна Германија кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во 1 век п.н.е. Тие влегле во контакт со келтските племиња во Галија како и со персиските, балтичките и словенските во Источна Европа. Многу малку е познато за раната историја на германите. Она кое е познато е нивните воени конфликти со Римското Царство. thumb|left|Распространување на германските племиња Во времето на римскиот цар Октавијан Август и под раководство на римскиот генерал Публиј Квинтилиј Вер започнала Битката за зазимање на германските територии, кои се простирале од реката Рајна до Урал. Во тоа време германите се запознале за првпат и со римската тактика и нивното воено искуство, но и покрај големината на Римското Царство, тие успеале да ја задржат својата идентичност. Во 9 година германите им нанеле голем пораз на генерал Публиј Квинтилиј Вер во битка на Тевтобургската планина. Според легендата, императорот Октавијан Август долго време не можел да се помири со поразот, имајќи секојдневни кошмари. Териториите на кои се наоѓа денешна Германија останале надвор од границите на Римското Царство. Во околу 100 година, германите се населиле по Дунав и Рајна, зазимајќи голем дел од територијата на денешна Германија. Во 3 век веќе се појавиле голем број на германски племиња, од кој најпознати биле: алемани, франки, чати, саксонци и други. Во 260 година, германските племиња започнале да ја преминуваат својата граница, зазимајќи некои територии од Римското Царство The Cambridge Ancient History, том 12, стр. 442 ISBN 0-521-30199-8.

Франки

Меровинзите завладеале со Северна Галија во 486 година. Во текот на 5 век и 6 век тие исто така завладеале со неколку германски племиња и кралство и ги поставиле под своја контрола како автономни грофовии. Франкиските колонизатори биле принудени да се преместат во новоосвоените територии. На локалните завладеани германски племиња им било дозволено да ги зачуваат своите закони, но биле принудени да ја променат својата религија.

Франска империја

По пропаѓањето на Западното Римско Царство, Франките создале своја империја под раководство на Меровинзите, потчинувајќи ги другите германски племиња. Швабија во рамките на Франкија станала грофовија во 496 година по Битката кај Tолбиjак. Кралот Хлодовик I веќе ги имал зеземено поголемиот дел од територијата на денешна Германија и покренал нови походи кон Саксонија, додека југоисточниот дел од денешна Германија останале под власта на Остроготите. Во 531 година, Саксонците и Франките го зазеле кралството Турингија. Саксонското население се населило во областа Унштрут. Во времето на разделувањето на Франкија, нивните германски територии биле дел од Австрија. Во 718 година, Карл Мартел започнал воени дејствија против Саксонија, поради фактот што таа му ја откажала својата помош за Неустрија. Во 751 година, Пипин III ја примил титулата крал, а самата титула му била дадена од страна на Црквата. thumb|десно|Франска империја По смртта на Хлодовик I, кралството му било поделено помеѓу неговите синови, но со помош на силната војска која ја поседувале тие продолжиле со проширување на кралството. Обидот за обединување на Хлотар I бил неуспешен и по неговата смрт во 561 година кралството доживеало повтоено разделување. Од него биле формирани нови четири држави: Австразија на север со престолнина Ремс, Неустрија на запад со престолнина Париз, Аквитанија на југозапад со престолнина Бордо и Бургундија на југоисток со престолнина Орлеан. Од 7 век меровингските кралства започнале да слабеат во поглед на својата моќност. Власта во тие држави била заземена од страна на министри кои се нарекувале мајордоми. Со текот на времето, помеѓу овие министри започнало да се појавува конкурентност и соперништво. Мајордомот на Австразија, Пипин II успеал да ги победи Неустрија и Бургундија во 687 година и да ги стави под негова надлежност. Така тој го обединил кралството, и покрај тоа што кралството се состоело од повеќе кралеви. Неговиот син, Карло Мартел (714-741) ја продолжил завојувачката политика, а во 732 година успешно се справил и со маврите. Пред неговата смрт, тој го разделил кралството на своите синови. Од нив, Пипин III се покажал како најспособен при раководството. Најважно од неговото владеење е тоа што тој се прогласил за крал и ја оформил династијата на Каролинзите.

Среден век

Син на Пипин III e Карло Велики (768-814), најпознатиот и најмоќниот крал на франките. Во текот на своето владеење, тој водил војни со саксонците (772-804), лангобардите (774), словените (789-812), баварците (788) и аварите (791-802). Пред неговата смрт, Франкија се простирила од Атлантскиот Океан и Ламанш до Рим, Елба и Панонија. Островот Бретан останал под власта на галите. На југ, неговота држава се простирила до Шпанија и на исток до Картинија, Австрија, Данска и Чешка. Државата била разделена на 230 мали административни единични грофовии. Со грофовиите управувале грофови кои имале правни и административни функции. Еден од најголемите успеси на Карло Велики е крунисувањето му за император од страна на папа Лав III на 25 декември 800 година. Византија, која се наоѓала од другата страна на Европа ја признала оваа титула на Карло Велики.

Во периодот од 843 до 880 година,по големиот број на конфликти, Франкија била разделена на неколку делови. Германското Царство се појавила како наследник на западното франкиско кралство или Западна Франкија. Од 919 до 936 година, германските народи (Франки, Ваварци, Саксонци, Шваби) се обединиле под раководство на Анри Саксонски, кој ја земал титулата крал. За првпат, поимот кралство (царство) на германците ("Regnum Teutonicorum") се добавило кон Франкија, макар што "Teutonicorum" во почетокот означувало нешто поблиску на царство на германските племиња отколку на германско царство. Во 936 година, Отон I бил крунисан за цар во АхенNelson, J.L. (1998). Charlemagne's church at Aachen. History Today, стр. 62-64).. Тој ја засилил кралската власт назначувајќи епископи и опати за кнезови на империјата и преку тоа ја оформил и националната црква. Во 951 година, Отон Велики се оженил за кралицата Аделхајд, преку кој тој ја добил титулата Ломбард. Веќе во 962 година, Отон Велики бил крунисан за император во Рим, зазимајќи го наследството на Карло Велики. Преку тоа, Отон Велики обезбедил и голема поддршка од страна на папата.

Во 1033 година, Светото Римско Царство го уништило кралството Бургунди ставајќи го под нејзина контрола во времето на Конрад II. За време на управувањето на неговиот син, Хенри III, Светото Римско Царство ја подржила клуниакската реформа на црквата, забраната на симонијата и безбрачноста на свештениците. Во ова време, империјата била под власта на папата во позадина.

Следувал конфликтот помеѓу Анри IV и папа Григориј VII. Папата сакал да си ја врати својата раководна улога во Западна Европа, и германскиот цар да му стане вазал. Хенри IV попаднал во тешка положба и бил принуден да отиде кај Григориј VII, за да бара помилување. Императорот отишол во резиденцијата на папата во Каноса. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Со оваа победа над императорот, папата во Западна Европа уште повеќе добил можност за наложување на христијанството како и подоцната поддршка за крстоносните војни. Во 1222 година се дошло до привремено помирување помеѓу Хенри V и папата.

Периодот од 1096 до 1291 година претставува епохата на крстоносните војни. Биле создадени религиозни рицарски ордени, од кој најпознати се: Витези-Темплари, Малтешкиот ред и Тевтонскиот ред.

Од 1100 година започнале да се градат нови градови во близина на замоците, дворците на епископите и манастирите. Во градовите започнале да се создаваат општинските права и слободи. Некои градови станале слободни империски центри, кои не биле зависни од кнезовите или епископите. Единствено биле потчинети кон императорот. Градовите биле управувани од страна на патрици. Германската колонизација и основањето на нови градови и села започнала кон исток во регионите на Бохемија, Шлеска, Померанија и Ливонија, кои биле населени претходно претежно со словени. Во периодот од 1152 година до околу 1190 година во времето на владеењето на Фридрих I од династија Хоенштауфен, империјата ги заладила односите со Guelph. Австрија била претворена во одделна грофовија по силата на Privilegium Minus од 1156 година. Барбароса се обидел да ја задржи својата контрола врз Италија. Во 1177 се дошло до договор помеѓу императорот и папата во Венеција.

Во 1180 година, Анри Лав бил прогонен од страна на месните жители и Баварија се дала на Ото од династијата Вителсбах, династија која со Баварија раководела сè до 1918 година. Од друга страна пак, Саксонија била разделена.

Во периодот од 1212 година до 1250 година, Фридрих II создал модерна, професионално административна држава во Сицилија. Преку тоа тој ги подновил своите планови за завлдување на Италија, кое довело до создавање на нов конфликт со папството. Борбата со папата целосно ја исцрпила државата. По неговата смрт паднала и неговата династија Хоенштауфен. Следувал период на безвластие односно период во кој немало император. Врз основа на Златната була од Римини, големиот водач на Тевтонските витези Херман вон Салца и војводата Конрад I од Масовије заедно ги нападнале Старите Пруси во 1226, за да ги покрстат во крстоносниот поход на Прусите. Тогаш витезите биле обвинети за малверзации во полската управа и образување на независната Монашка држава на Тевтонски витези. Редот ја губи својата цел кога соседна Литванија го прифаќа христијанството. Сместен во Прусија, Редот почнува походи кон своите христијански соседи, царството Полска, Големо војводство Литванија и Република Новгород, откако целосно го асимилира Ливонијскиот ред. Благодареније на своите достигнувања, Редот постигнува голема градска економија, вработува голем број на европски трговци и станува морска сила на Балтичкото Море.