Хари Потер и Полукрвниот Принц () — фантастично-авантуристички филм од 2009 заснован на истоимениот роман напишан од Џ. К. Роулинг. Филмот е шестиот дел од популарниот Хари Потер филмски серијал. Филмот е во режија на Дејвид Јејтс, режисерот на петтиот филм, Хари Потер и Редот на фениксот. Дејвид Хејмен и Дејвид Барон го продуцираат филмот, а Стив Кловс, сценаристот на првите четири филма (но не и на петтиот), се враќа како сценарист на овој филм. Снимањето е започнато на 24 септември 2007 и всушност било планирано премиерата да се одржи во ОК и Северна Америка на 21 ноември 2008, но на 14 август 2008, е најавено дека датумот за прикажување на филмот е одложен за 17 јули 2009, но овој датум е подоцна променет на 15 јули 2009. Отворачката секвенца од филмот ќе биде во 3-D. За разлика од претходниот филм, овој пат филмот нема истовремено да биде прикажан во секојдневните кина и IMAX 3-D, поради Трансформери: Одмазда на паднатиот.http://www.nytimes.com/2009/07/06/movies/06box.html?hp The film will instead be released in IMAX 3D on 29 јули, two weeks after its original release.

Синопсис

Во декември 2007, Warner Bros. го издаде својот официјален краток синопсис:

Разлики од книгата Има безброј промени од книгата во филмот. Голем дел од крајот на книгата е променет, со кулминантната борба и погребот на Дамблдор целосно отстранети. Хејмен коментирал дека крајната битка е исфрлена за да се „(избегнат) репетиции“ со престоечката адаптација на Реликвиите на смртта. Погребот е отстранет бидејќи сметале дека не одговара со остатокот од филмот. Уривањето на мостот на Нормалните кратко споменат во книгата служи како отворачка сцена во филмот. Сцени од Дијагоналната уличка, со разурнување од Смртојадите и напад на Дувлото од Белатрикс Лестрејнџ и врколакот Фенрир Грејбек се додадени, како што може да се види во трејлерите. Сите но не и две сцени со сеќавањата, вклучувајќи го и тоа со Испиени се исфрлени. Само ретроспективи од Том Ридл во сиропиталиштето и разговорот на Ридл и Слагхорн за Хоркруксите, прикажани двапати, остануваат. Јејтс вели дека тие донеле одлука да го смалат бројот на сеќавањата, но сепак „да имаат некои навистина добри“. Во ликови кои се отфрлени спаѓаат Дарслиеви, Кричер, Доби, Бил и Флер, Руфус Скримџер, Корнелиус Фаџ и Премиерот на Нормалните. Како и да е, Квидичот, исклучен од минатиот филм, се враќа. Белатрикс Лестрејнџ исто така ќе учествува во борбата во астрономската кула, додека ја нема во книгата, видена на слика со Кауроеви и со Грејбек, славејќи ја смртта на Дамблдор. Во книгата, на Хогвортс Експрес, откако е парализиран и скриен под невидливата наметка од страна на Драко Малфој, Хари е спасен од Нимфадора Тонкс. Во филмот, Луна Лавгуд го спасува, користејќи ги своите Спектреспек очила за да го пронајде.http://princewatchlist.ucoz.com/index/0-22

Наводи

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Американски фантастични филмови

ja:ハリー・ポッターと謎のプリンス#映画