Ушмал (јукатански мајански: Óoxmáal) бил мајански град кој датира од периодот од пред шпанската колонизација на Јукатан. Градот се наоѓа во сојузната држава Јукатан во Мексико.

Античка историја

Мајанските хроники укажуваат дека Ушмал бил основан во 500 година од Хун Уицил Чак Тутул Шиу. Со години Ушмал бил владеен од династијата Шиу која била меѓу најсилните кралски династии на Јукатан и заедно со Чичен Ица ги контролирале сите северни делови на мајанската империја. После 1200 година, според археолошките докази, не се направиле нови згради во Ушмал, најверојатно поради падот на моќта на Ушмал и на Чичен Ица а издигнување на Мајапан.

Поврзано

Список на стари мајански градови

Надворешни врски

Ушмал на mayaruins.com Рушевини во Ушмал Ушмал, Јукатан, Мексико Ушмал: Мајанското кралство

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Мексико Категорија:Мајански археолошки наоѓалишта Категорија:Населени места основани во 6 век