Стара Грција
Природни услови и население Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Нејзиниот брег бил разгранет со многу полуострови, заливи и острови, од кои најголем е островот Крит. Територијата на Грција географски е поделена на северна - Епир и Тесалија; средна - Атика и Беотија и јужна - Пелопонез. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3.000 м). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделство. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според старогрчкиот историчар Тукидид (460-369 п.н.е.), најстари жители на елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од 2600-14 век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (1600-13 век п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Хелада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.
Хомеровото време (1200-800 г.п.н.е.)
За Хомеровото време најмногу информации се исцрпени од еповите „Илијада“ и „Одисеја“, напишани од слепиот поет Хомер. Во Хомеровото време, Хелените сè уште живееле во родовско уредување, на чело на родот стоел старешина - Базилеј. Постоело народно собрание - Агора, во кое влегувале сите мажи способни за војување. Постоел и Совет на старешини - Буле. Но, со развој на производствените сили, родовите почнале да се распаѓаат на семејства, кои се обединувале во селски општини - Деми. По своето богатство се истакнувале родовските и воените старешини прераснувајќи во аристократи, а постоел и народ - Демос, составен од слободни луѓе и робови. 200px|лево|thumb|Идеализиран портрет на Хомер од Хеленистичкиот период. Британски музеј. Создавање на градови-држави
Со развојот на производствените сили елинското општество сè повеќе се раслојувало на богати и сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над сиромасите создале државен апарат, но планинската природа на Грција не давала можност за економско и политичко обединување на Хелените. Тука не се создала единствена држава, како на стариот исток, туку се создале повеќе мали држави (околу 100). Тие ја опфаќале територијата на еден град со околината, и се наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги задоволувал потребите на своето население, и затоа секоја држава ја чувала својата самостојност и била против обединување во една држава. Полисите често војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и судија. Тој се советувал со советот на старешини и со народното собрание. Најзначајни градови-држави биле: Атина, Спарта, Теба, Коринт, Мегара и други.
Грчка колонизација
Причините за колонизација биле од економско и социјално потекло. Во Грција немало доволно обработлива земја, што предизвикало голема пренаселеност во градовите и појава на глад. Во периодот од VII-VI век п.н.е. била извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море и на исток кон Мраморно и Црно Море. Поради големиот број грчки колонии во Јужна Италија, Римјаните оваа област ја нарекле „Голема Грција“. Грчките колонии се развиле во независни држави - полиси, но не ги прекинале врските со својот роден крај. Тие станале посредници за снабдување на својот роден крај со суровини и храна. Развојот на трговијата овозможил многу полиси да израснат во трговски и политички центри. Во тој поглед, особено се истакнал градот Милет, кој се наоѓал на Малоазискиот брег, и кој и самиот имал свои колонии на Црното и Средоземното Море. Така Хелените со колонизацијата станале господари на Црното, Средоземното, Јадранското и Јонското Море.
Под Римско Царство
Византиско Царство
Поделба на Римското Царство Во текот на третиот век од нашата ера на Римското Царство и се заканувале три видови на кризи: инвазии, граѓански војни, како и проблеми во економијата на земјатаBury (1923), 1* Fenner, Economic Factors . Во таква ситуација градот Рим изгубил многу од своето значење како административен центар.
Царот Диоклецијан создал нов тип на административен систем (кој бил наречен тетрархија) Bury (1923), 1. Системот се состоел од двајца ко-императори или, како што уште се нарекувале, августи кои владееле со источниот и со западниот дел од империјата, и од двајца цезари. Цезарите ја делеле власта со августите и во даден момент (при смрт на августите) требало да ја заземат нивната позиција. По абдикацијата на Диоклецијан и Максимијан системот на тетрархија не се задржува уште долго. Константин Велики го заменува овој систем со системот на династичко наследување на престолот на империјата.
За да може подобро да се брани Римското Царство од напади, кои вообичаено доаѓале од исток, Константин Велики во 330 г. го преместува главниот град на империјата од Рим во градот Византиум кој бил стратешки позициониран на бреговите на Босфор каде се вкрстувале патиштата кој воделе од исток на запад. Константин, исто така, извршил голем број реформи кои довеле до стабилизација на империјата во периодот кој следелGibbon (1906), III, . Тој го стабилизирал ковањето на пари (зладниот солидус кој бил воведен во оптек станал стабилна и ценета валутаEsler (2000), 1081), но исто така иницирал и промени во структурата на армијата. Во текот на владеењето на Константин Велики империјата ја зацврснала својата воена моќ. Освен тоа периодот на владеење на овој император претставува период на просперитет на Римското Царство.
Во текот на периодот на владеење на Константин христијанството не станало единствена религија во империјата, туку претставувал религија која била во милост на царот, со оглед на тоа што царот ја поддржувал, а христијанските заедници добивале извесни привилегии поради тоа. Константин го востановил принципот дека царот не треба да ги решава прашањата од религиски интерес, туку дека треба да помага во нивното решавање со свикување на собори за таа цел (како што бил Првиот собор во Никеја) и на таков начин се поставил себеси на врвот на црковната хиерархија.Bury (1923), 163
Состојбата во која се наоѓала Римското Царство во 396 г. може да се опише како резултат на работата на Константин Велики. Принципот на династичко наследство на престолот на империјата поминал толку лесно што по смртта на царот Теодосиј I, многу лесно империјата била препуштена на владеење на неговите синови Аркадиј (на Исток) и Хонориј (на Запад). Теодосиј е последниот император кој владее со целата Римско Царство.
thumb|left|310px|Источното Римско Царство, околу 480 година Источното Римско Царство било поштедено од тешкотиите со кои се соочувало Западното царство во текот на третиот и четврток век, што било резултат на подобро зацврснатата урбана култура, подобрите финансиски ресурси кои овозможувале зачувување на мирот и просперитетот на државата, но исто така и ангажирање на странски платеници во војската. Понатаму, Теодосиј II ги изградил ѕидините на Цариград кои успешно го бранеле градот од различните напаѓачи сè до 1204 година кога за првпат одбраната на градот била совладана од крстоносците. За да ги смири амбициите на Хуните на Атила тој им исплатил околу 300 кг злато. Тој исто така го поттикнувал развојот на трговијата на Цариград со Хуните и со другите соседни земји.
Неговиот наследник Марцијан одбил да ги продолжи да им исплаќа злато на Хуните, но тоа не ја погодила империјата затоа што вниманието на Атила било насочено кон Западното Римско Царство. По смрт на Атила, во Источното царство настанал период на просперитет, додека пак, Западното царство пропаѓа. За година кога Западното Римско Царство престанува да постои се смета 476 година кога Одоакар го принудува Ромул Августус, последниот император на Западното Римско Царство, да се откаже од круната.
За да се повратат изгубените позиции во Италија, царот Зенон преговара со Источните Готи (од Мизија) на Теодорих кого го испраќа во Италија да владее таму како ’’magister militum per Italiam’’ (главен командант за Италија). По падот на Одоакар, Теодорих, кој младоста своја ја поминал во Цариград, управува со Италија, односно со Кралството на Источните Готи, независно од Цариград. Сепак, царот во Зенон во Цариград смета дека тој има некаква номинална надмоќ над западните земји.
Под Османлиско Царство
Поголемиот дел од територијата на денешна Грција, под власта на Отоманското Царство била во периодот од 15 век па сè до прогласувањето на независност во 1821. Овој период од историјата на Грција е познат како Tourkokratia (грчки: Τουρκοκρατία ", турско владеење"). Византиското Царство, која владеела со поголемиот дел од грчкиот свет, постоела во период од околу 1100 години. Нејзината престолнина Цариград на неколкупати била опседнувана како од крстоносците, така и од Османлиите.
По покорувањето на Србија, Османлиите во 1453 година го зазеле градот Цариград, и веднаш по тој голем успех се упатиле во внатрешноста на Грција. Така во 1458 година ја зазеле и Атина. Грците власта на Пелопонез ја задржиле уште само две години. Во 1460 година, полуостровот бил во рацете на Венецијанската Република и Џеновската република, но веќе во 1500 година поголемиот дел од полуостровот и разните помали острови припаѓале на Османлиите. Високите планини во Грција биле скоро недопрени, па тоа им претставувало единствено засолниште на Грците. Во 1571 година бил заземен Кипар. Венецијанската Република Крит го држал до 1670 година. Јонските острови биле само на кратко во владеење на Османлиите (Кефалонија 1479-1481 и 1485-1500), и практично останале под власта на Венеција.
thumb|330px|left|Битка кај Наварино, октомври 1827 година, по која Грција издвојуала независност
Османлиска Грција била поделена во шест санџаци, и секој бил управуван од страна на санџакбеј, близок соработник на султанот кој престолнината на Османлиското Царство ја преместил во Цариград. Пред оваа поделба, Османлиите во империјата поделбата ја вршиле врз основа на религијата. На Цариградската патријаршија и било признаено првото да биде духовен водич на сите христијани во земјата, без разлика од каде потекнуваат. Патријархот бил одговорен пред султанот за однесувањето на православното население. Во првите векови од владеењето, Цариградската патријаршија го помагала црковното дело и училиштата и во голем степен се спротивставувала за напорите на Османлиите да го потурчат христијанското население на Балканскиот Полуостров.
Тајната грчка националистичка организација наречена "Пријателско општество" била основана во Одеса во 1814 година. Членовите на организацијата планирале дигање на востание со поддршка на богатите грчки егзилски заедници во Велика Британија и САД. Тие, исто така, добиле поддршка во Западна Европа, како и од Русија. Организацијата ја поддржувал и Јоанис Каподистријас, кој бил руски министер за надворешни работи. Тој станал водач на востанието. На 25 март (сега грчки Ден на Независноста) 1821 година, православниот епископ Германос од Патра го означил почетокот на востанието.
Востанието било застапено во цела Грција, вклучително и делови во Македонија, Крит и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани.Jelavich, p. 217.