Кувајт или официјално Држава Кувајт (, dawlat al-kuwayt) — независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. Кувајт се граничи со Саудиска Арабија на југ, со Ирак на север и источно излегува на Персискиот Залив. Кувајт има вкупна површина од 20.000 км2 со население од околу три милиони жители. Главен и најголем град е градот Кувајт, додека пак службен јазик во емиратот е арапскиот јазик.
Историски, регионот бил дел од старата населба Харакена, главно партско пристаниште за трговија помеѓу Индија и Месопотамија. Племето Бани Утбах биле првите доминантни арапски доселеници во регионот и го основале денешниот емират. До 19 век, Кувајт бил под отоманско влијание и по Првата светска војна Кувајт бил под раководство на Британската Империја. Големите кувајтски нафтени полиња биле откриени во 1930-те години. По стекнувањето на својата независност во 1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот на Заливската војна и интервенцијата на САД.BBC NEWS World | Middle East | Country profiles | Country profile: Kuwait
Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење каде градот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви,Oil & Gas Journal, January, 2007 а петролејот зазема околу 95% од извозот или 80% од приходите на владата. Покрај тоа, Кувајт е единаесетта најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава. Кувајт е окаракетризирана како високоприходна економија од страна на Светската Банка и еден од главните партнери на НАТО и САД надвор од сојузите.U.S. Designates Kuwait a Major Non-NATO Ally of U.S.
Потекло на поимот
Името Кувајт е добиено од арапскиот збор „akwat“ што во множина е „kout“ и значи изградена тврдина во близина на вода.Lesko, John P. "Kuwait," World Education Encyclopedia: A Survey of Educational Systems Worldwide, vol. 2, edited by Rebecca Marlow-Ferguson. Detroit, MI: Gale Group, 2002.
Историја
Географија и клима
мини|лево|130п|Пустинска бура во Кувајт.
Кувајт се наоѓа во севроисточниот дел од Арапскиот Полуостров и спаѓа во групата на мали држави и е за 5.000 км2 помала од Македонија. Повеќето од територијата на Кувајт е покриена со рамната Арабиска Пустина. Државата има слаба разлика во поглед на надморската височина и највисоката точка изнесува околу 306 метри надморска височина. Кувајт има девет острови кои скоро сите се ненаселени, освен островите Фаилака.Bubiyan (island, Kuwait) - Britannica Online Encyclopedia Најголем остров во државата е Бубија со површина од 860 км2 и е поврзан со копнен Кувајт преку долг мост.Structurae [en]: Bubiyan Bridge (1983) Главниот град Кувајт се наоѓа на крајбрежјето. Кувајт е доста богата со нафтени резерви.
Политички систем
Кувајт е уставна монархија и има најстар редовно избран парламент во арапскиот свет. На чело на државата се наоѓа емирот и наречен и шеик. Советот на министри е управуван од премиерот кој е и шеф на владата. Владата мора да има најмалку еден избран член од кувајтскиот парламент. Националното собрание има право на распуштање на премиерот или било кој друг член на кабинетот. Сите членови на кабинетот одговараат пред собранието. Собранието се состои од педесет члена кои се избрани за мандат од четири години.
Административна поделба мини|десно|280п|Карта на областите во Кувајт.
Кувајт е поделен на шест области („мухафази“), и тоа:
Ахмади Фарванија Асима Џахра Хавали Мубарак ел-Кабир
Областите се поделени на окрузи.
Стопанство
БНП по глава на жител во Кувајт изнесува 60.800 американски долари што ја прави петта најбогата држава во светот. Индексот на човеков развој на Кувајт е 0.912 што е втор најголем во Среден Исток веднаш зад Израел, но највисок во арапскиот свет. Со среден годишен раст од 5.7%, Кувајт е една од најбрзорастечките економии во регионот. Според Индексот на економска слобода од 2008 година, Кувајт е втора најслободна економија во Средниот Исток.
Население, јазик и религија
мини|150п|десно|Трговски центар во Кувајт.
Во 2007 година, се проценило дека Кувајт имал население од околу 3 милиони жители, каде се вброени околу 2 милиони странски државјани. Поради тоа, Кувајќаните се всушност малцинство во споредба со странските државјани кои престојуваат во Кувајт и владата ова го стимулира со доделување на државјанства.Kuwait Guide: Citizenship, Is it possible to become a national of Kuwait? As a foreigner, you won’t be grant
Околу 57% од Кувајќаните се Арапи, 39% се со останато азиско потекло и само 4% се припадници на Бидон. Во 2009, повеќе од 580.000 индиски државјани жители живееле во Кувајт. Покрај нив, во Кувајт живееле и 260.000 Египќани, 100.000 Сиријци и 80.000 Иранци."Arab versus Asian migrant workers in the GCC countries" (PDF). UN Department of Economic and Social Affairs. Пред Заливската војна, во Кувајт живееле околу 400.000 Палестинци, но после војната сите биле истерани бидејќи отворено ги поддржувале ирачките окупациско операции.BBC NEWS Middle East | Abbas apology to Kuwait over Iraq
Службен јазик во Кувајт е арапскиот јазик. Покрај тој, се зборува и персиски јазик,http://www.britannica.com/EBchecked/topic/325644/Kuwait/248533/Languages "Hindi, Urdu, Persian, and other languages also spoken" хинди, малајалски, телушки, тамилски, урду, бенгалски и тагалски.
Голем број од жителите на Кувајт се изјасниле како муслимани. Бројот на муслимани во Кувајт варира од 85% до 95%. Иако исламот е официјална религија во Кувајт, во државата има и голема христијанска заедница со околу 300.000 до 400.000 припадници, хиндуси со околу 300.000 припадници, будисти до околу 100.000 припадници и околу 10.000 сики.
Култура
Во општеството на Кувајт силно влијание има исламската и арапската култура, најмногу изразена во музиката, кујната и начинот на живот. Најкарактеристична одлика на месното население е деванија што всушност е голема просторија за дружба и собир на мажи и членови на семејство и пријатели.
Наводи
Поврзано Град Кувајт Заливска војна Арапски Полуостров Династија Сабах
Надворешни врски
Емир на Кувајт Принц на Кувајт Шеф на држава и кабинет
Кувајт на UCB
Кувајтски маркети
Категорија:Држави во Азија Категорија:Држави и територии настанати во 1961 година