thumb|right|250 px|Хералди со табарди во поворка кон капелата „Св. Ѓорѓија“ во Виндзорскиот замок, за годишната служба на Редот на подвеската во 2006 г. Хералд (од старофр. herault = „гласник“) — грбовен службеник, по ранг помеѓу персевант и грбовен крал. Честопати оваа титула погрешно се употребува за сите грбовни службеници.
Хералдите најпрвин биле гласници кои ги испраќале владетелите или благородниците за да носат пораки или да разгласуваат објави, и во оваа смисла тие се претходници на денешните дипломати. За време на Стогодишната војна, француските хералди го предизвикале англискиот крал Хенри V на борба. Во текот на Битката кај Азенкур, англискиот и францускиот хералд Монжоа, ја гледале Битката заедно од еден соседен рид; обајцата се согласиле дека Англичаните се победници. Потоа Хенри V, како победник, го добил правото да ја именува битката, и тогаш Монжоа му го препорачал името на блискиот замок.Keegan, John. The Face of Battle, 1983, Penguin Classics, ISBN 0-14-004897-9, стр. 74, 77, 104-105
Како и другите грбовни службеници, хералд носи шинел наречен табард, украсен со грбот на неговиот господар. Хералдите најверојатно почнале да се занимаваат со грбови во доцниот Среден век кога имале за задача да ги регулираат грбовите на витезите кои учествувале во турнири. Со намалувањето на улогата на ладното оружје, хералдиката добила уште повеќе на важност, бидејќи сега хералдичките обележја станале главен начин на идентификација на род, семејство и потекло. Низ вековите хералдиката претрпела разни регулации. Така, главната задача на хералдот денес е да биде експерт по грбови. Во Обединетото Кралство хералдите сѐ уште се повикуваат да читаат јавни прогласи, носејќи табард извезен со кралскиот грб.
Хералдите денес Денес во неколку земји постојат активни државно-назначени хералди, меѓу кои и Обединетото Кралство, Република Ирска, Канада и ЈАР. Во Англија и Шкотска највеќето хералди се вработени од владетелот со полно работно време и се нарекуваат „Редовни хералди“ (Heralds of Arms in Ordinary). Хералдите во привремена служба се нарекуваат „Вонредни хералди“ (Heralds of Arms Extraordinary). Овие се ангажираат за големи државни свечености, како крунисување. Покрај ова, Хералдичкиот орган на Канада има создадено посебен вид на херад наречен „Почесен хералд“ (Herald of Arms Emeritus), што претставува посебна почесна титула која се доделува на истакнати хералдичари со голем стаж. Во Шкотска, некои поглавари на кланови, сѐ уште имаат свои приватни грбовни службеници кои се занимаваат со случаи од генеалошко значење за членовите на кланот, иако овие службеници обично се само персеванти.
Во Македонија Во Република Македонија има три хералди на Македонското грбословно друштво: Македонско грбословно друштвоГлавен хералд, д-р Јован Јоновски, Вардарски хералд, д-р Иван Нацевски, и Еригонски хералд, д-р Павле Арсоски.
Англиски хералди thumb|right|250px|Хералдот Жан ле Февр пишува летописи, околу 1450 г. Англиски редовни хералди Хералд Ричмонд Хералд Честер Хералд Ланкастер Хералд Јорк Хералд Сомерсет Хералд Виндзор
Англиски вонредни хералди Хералд Арандел Хералд Бомонт Хералд Малтраверс Хералд Нов Зеланд Хералд Норфолк Хералд Сари Хералд Велс
Шкотски хералди Шкотски редовни хералди Хералд Албани Хералд Ајла Хералд Марчмонт Хералд Ротси Хералд Рос Хералд Сноудаун
Шкотски вонредни хералди thumb|right|250px|Баварскиот кралски хералд Јерг Руген, околу 1510 г. Хералд Оркни
Канадски хералди Канадски редовни хералди Главен хералд на Канада Herald Асинибојн Хералд Атабаска Хералд Копермајн Хералд Фрејзер Хералд Мирамичи Хералд Сагене Хералд Сен-Лорен
Канадски вонредни хералди Хералд Албион Хералд Капилано Хералд Ковичан Хералд Дофен Хералд Нијагара Хералд Руж
Канадски почесни хералди Хералд Утауеј Хералд Ридо thumb|right|250px|Главниот хералд Јован Јоновски, облечен во табардот на службата држи предавање за хералдиката. Македонски хералди Главен хералд Вардарски хералд Еригонски хералд
Наводи
Поврзано Хералдика Грбовен службеник Колегијат на грбови Суд на Лордот Лајон Канадски хералдички орган Македонско грбословно друштво
Надворешни врски Македонско грбословно друштво Суд на Лордот Лајон Колегијат на Грбови Канадски хералдички орган Служба на Главниот хералд на Ирска
Категорија:Грбовни службеници Категорија:Хералдика Категорија:Правни занимања