мини|десно|200п|Карта на флористички царства Бореалното (или холарктичко) флористичко царство ги опфаќа умерените до арктички делови на Северна Америка и Евроазија. Неговата флора е наследена од древниот надконтинент Лавразија, за што зборуваат и сличностите на флората од денешните континенти. Меѓутоа, поголем дел од ова царство бил под влијание на глацијацијата за време на плеистоценот, па затоа лауразиската флора делумно исчезнала, а дел еволуирала во нова. Терциерните реликти нашле засолниште во јужните планински делови од царството, особено во Источноазискиот регион и северноамериканскиот атлантски регион.

Бореалното царство е поделено на три флористички потцарства и девет флористички региони:

Бореално потцарство Циркумбореален регион Источноазиски регион Северноамерикански атлантски регион Регион на Карпестите Планини Тетиско потцарство Макаронезиски регион Средоземни регион Сахаро-арапски регион Ирано-турански регион Мадреанско потцарство Мадреански регион.

Наводи

Категорија:Флора по регион Категорија:Биогеографија