Диазепамот (Валиум, Бенседин, Диазепамум, Seduxenum, Relanium, Sibazonum) спаѓа во групата на бензодиазепини (во почетокот произведуван под трговскиот назив Валиум) и претставува седатив, релаксант на мускулите, хипнотик и антиконвулзант, дејствува против анксиозност и емоционална нелагодност.Диазепам - Портал за мозокот
Во 2025, е трет најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 1,3 милиони рецепти. Диазепамот според Светската здравствена организација се смета за неопходно лекарство.
Изглед Бенседин таблетите можат да бидат од 2, 5 и 10 милиграми. Од 2 и 10 се со жолтобела боја, а од 5 исто така се со жолтобела боја само што имаат назначена црта на едната страна.(2006) Ed.: Lide David R. CRC Handbook of Chemistry and Physics , 87th, Boca Raton, FL: CRC Press. 0-8493-0487-3.(2001) Ed.: Susan Budavari The Merck Index: An Encyclopedia of Chemicals, Drugs, and Biologicals , 13th, Merck Publishing. ISBN 0911910131
Начин на дејствување Диазепамот ја зголемува активноста на GABA рецепторите кои имаат инхибиторни својства. Диазепамот ги блокира т.е. инхибира ексцитациите од емоционалната сфера на мозокот.
Бенсединот е лек првенствено наменет за лекување на анксиозните нарушувања, тој го намалува чувството на страв и напнатост, делува антиколвузивно и доведува до релаксација на мускулите.
Несакани ефекти При користењето на дизаепам можни се несакани ефекти како: заматен вид, хипотензија, диплопија, нејасен говор, неможност да се задржи урината, запек, а возможна е и агресија и возбуда, и поретко транзисторна левкопенија. Можно е да се појави депресија како недијагностицирано заболување, посебно при употреба на високи дози и труење со диазепам. Кај постарите луѓе, иако поретко, може да се појави апнеја и запирање на дишењето.
Дозирање
2-10 мг два до четири пати на ден, во зависност од болеста. За стари и луѓе во лоша состојба почетната доза е 2 мг. За деца 2-4 мг, при што количината на примање се разделува на неколкупати.
Историја Диазепамот е вториот бензодиазепин откриен од Д-р Лео Стернбах додека работел во „Рош“, по хлордиазепоксид (Либриум), кој бил одобрен за употреба во 1960 година. Ставен на пазарот во 1963 како подобрена верзија на Либриум, диазепамот станал неверојатно популарен, со чија помош Рош станал фармацевтски индустриски гигант.
Надворешни врски Диазепам, Алкалоид АД - Скопје
Наводи
Категорија:Бензодиазепини Категорија:Хипнотици Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Лактами